Torte Mobile
Модератор
- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 7.099
- Поени од реакции
- 1.887
- Возраст
- 39
На виетнамскиот веб сајт за технолошки иновации tinhte.vn објавени се фотографиите од тенкиот, убаво обликуван телефон кој неверојатно многу потсетува на Ајфон. Станува збор за Блекбери 10Л серијата, која треба да се појави на пазарот при крајот на јануари идната година.
Фотографиите потврдуваат дека тастатурата која беше нивен заштитен знак сега ја нема, а наместо неа Блекбери нуди екран чувствителен на допир.
Тоа што најмногу потсетува на Ајфон се заоблените агли, кои овозможуваат екранот да биде поголем.
Сепак, за разлика од Ајфонот, новиот Блекбери нема опција "home" на предната страна. Најверојатно софтверот ќе им овозможува на корисниците полесно да се префрлуваат од една на друга апликација.
Новиот телефон, покрај УСБ приклучокот има и влез за "mikro HDMI" кабел, преку кој овој апарат може да се поврзе со дисплеј кој има висока резолуција.
"Expert reviews" наведува дека овој телефон ќе може да се поврзе со сервисите за изнајмување на филмови.
Надворешниот дизајн на телефонот е таков да може лесно да се ракува, а во внатрешноста се наоѓаат влезови за "micro sim" и "micro sd" мемориски картички и батерија од 1800 ma/h.
Со оглед на падот кој го имаа на пазарот последниве неколку години, изгледа дека луѓето од "RIM" со овој телефон одат на се или ништо.