Divider
Seraphim
Moment е и вечноста. Во која си едно со Бог.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Гледам дека за брзо време че ојде и оваа тема под кЉуч...После само уште атеистички мудрости и за теле-мата темите остануваат да ги затвориме и мисијата ќе биде успешно завршена...
![]()
Да и иронијата е во тоа што после животи пројдени во потрага по одговорите сваќаш дека уствари нема одговори ниту пак прашања... едино што останува е овој момент и ти во него присутен... ама за тоа мора да се пројдат многу животи во барање на одговори кои не постојата на прашања кои се илузорни...![]()
Полека и ти почнуваш да еволуираш... си лутал долги животи во барање на одговори а... ама не значи дека нема сеуште да луташ... се зависи од интензитетот...Moment е и вечноста. Во која си едно со Бог.
Гурџи да знаеш само какво е времево кај нас во МК сега... абе пролет... незнам какво е кај вас ама овде е рај... така да ја отидов дивината ме повикува...Ти луд си?...талемата не се дира....има забрана за затварање.
Има одговори има...баш тај МОМЕНТ е одговорот.
Јас би рекол БЕСКОНЕЧНА СЕГАШНОСТ.
Полека и ти почнуваш да еволуираш... си лутал долги животи во барање на одговори а... ама не значи дека нема сеуште да луташ... се зависи од интензитетот...
се зависи од интернетот...
Поштувам поетско изразување...?????
Ошка, море, дееволуираш.
Сеа Џурџо ќе то каже дека сектата тие тамам за пдгрупа на телемета.
Кругот, тркалезен ли е? Животот, чиј е?
Зрнцето песок, песочна дина ли е?
Или како нечија душа, траг од пустина?
Водата, блага ли е и кога е солена?
Морето живодарно е? Или животодарно е?
Поетот, писател е или не е?
За кого се зборовите? Ако не за Бога и судбина?!
Правецот, дали има вистинска патека?
О, кој е лага, кој е вистина, а кој е среќниот човек со бела кошула?
Што би рекол Bodhidharma....да го слушнеш аплаузот со една рака.Поштувам поетско изразување...
Само пак си зацапал во калта бе Дивчо... пак умот со губре ти се наполнил... прашината одамна не си ја забришал... матно ти е пред очите... сонуваш на јаве и покрај ваков рајски ден на планетава наша жива и животодарна... заплакни си ги очите да го видиш небото без облаци... да го почувствуваш летот без траг... на слободата соколова...
П.С. Убава песна...![]()
Поштувам поетско изразување...
Само пак си зацапал во калта бе Дивчо... пак умот со губре ти се наполнил... прашината одамна не си ја забришал... матно ти е пред очите... сонуваш на јаве и покрај ваков рајски ден на планетава наша жива и животодарна... заплакни си ги очите да го видиш небото без облаци... да го почувствуваш летот без траг... на слободата соколова...
П.С. Убава песна...![]()
?????
Ошка, море, дееволуираш.
Сеа Џурџо ќе то каже дека сектата тие тамам за пдгрупа на телемета.
Кругот, тркалезен ли е? Животот, чиј е?
Зрнцето песок, песочна дина ли е?
Или како нечија душа, траг од пустина?
Водата, блага ли е и кога е солена?
Морето живодарно е? Или животодарно е?
Поетот, писател е или не е?
За кого се зборовите? Ако не за Бога и судбина?!
Правецот, дали има вистинска патека?
О, кој е лага, кој е вистина, а кој е среќниот човек со бела кошула?
Поштувам поетско изразување...
Само пак си зацапал во калта бе Дивчо... пак умот со губре ти се наполнил... прашината одамна не си ја забришал... матно ти е пред очите... сонуваш на јаве и покрај ваков рајски ден на планетава наша жива и животодарна... заплакни си ги очите да го видиш небото без облаци... да го почувствуваш летот без траг... на слободата соколова...
П.С. Убава песна...![]()
Епа ја „исцрпивте“ темата за Ошо...Абе оваа темава е циркузи, а и нон стоп сум оф топик........не се пронаоѓам у оваа дихотомија никако.
Ќе мора да се декларирам некако иначе ќе ме банираат.![]()
Во денешно време, религијата многу често е посочувана како корен на војните и конфликтите. Но замислете се, што се ни има дадено религијата и вербата. Таа е родното место на училиштата и универзитетите, болниците, долго време претставувала помагач на развојот на науката, и ако човештвото се стреми кон осовршување на веќе она што го имаме, зошто таа некому му пречи?
„Религијата имаше шанса да управува со светот, тој период е наречен ‘Темните векови’“. – Ова е еден од атеистичките цитати кои можат да се сретнат денес. Тоа го велат луѓе, кои многу тешко прават дистинкција од теологијата и религијата. Теолозите се тие што креираат догми врз грбот на религијата за да постигнат лични цели и интереси. Да, јас избирам да бидам религиозен, но избирам дали и од кого ќе слушам проповеди, а секогаш тоа суштинското сум доволно разумен да го разберам и сам. Секој е способен сам да извлече поука од Светото Писмо. Толку јасно и недвосмислено не’ учи на доброто кое треба сите да го правиме. Не, ние сме луѓе и неможеме да се потпреме на методот на елиминација, посилните преживуваат а послабите мора да го дадат тоа што им е побарано, пред БОГА СМЕ СИТЕ ЕДНАКВИ!
Науката НЕ МОЖЕ, да ни докаже зошто сме овде! Кое е објаснувањето што било кога ни е дадено како настанал светот, зошто се случил Биг Бенг, зошто настанала транзиција од нежива во жива материја, науката е ЗАМОЛЧЕНА. Во секое време постои решение за речиси сите научни проблеми, но проблемите на животот остануваат недопрени. Тоа е тоа што религијата значи. Лично јас не ја гледам како материјал од кој е изграден универзумот, туку како хармонија која придонесува тој универзум да функционира.
Потрагата по биолошка основа за религијата дојде до високо ниво и наеднаш беше прекината. Со бројните експеримент со мозочни скенирања, кои беа спроведувани после 2000-та година, научниците објаснија дека постои регион во мозокот кој ги предизвиккува религиозните верувања. Во 2004 година откриениот ген VMAT2, беше прогласен за одговорен за религиозноста и беше наречен „Господов ген“, но, резултатите од понатамошните истражувања кои го поддржуваат ова тврдење никогаш не беа објавени.
Ниедна книга напишана од психолози нема да влијае врз вас, на начин кој што ќе влијае Библијата. Единствено таа е што може да промени човек кон подобро во секоја смисла. Факт е дека луѓето кои кои читаат филозовска и духовна литература се склони кон правење ДОБРО. Црквите се домовите кои ни овозможуваат духовно да се храниме, да ја зголемиме вербата и сопствената самодоверба. Секако, некој ќе ми каже дека за тоа постојат стручни лица, да, но тие неможат да ми простат и да ме вратат на местото каде сум ја направил грешката за да можам сам да продолжам по вистинскиот пат, без да ме прогонува мислата дека сум грешник.
За да можеме да сватиме од каде потекнуваат тие наши вредности, мораме да се вратиме малку назад во времето. Интересен факт е дека пред христијанството да дојде во Рим, 40% од луѓето биле робови, мажи и жени биле каменувани до смрт, жените немале никакви права, благородните семејства не секале женски деца, но сето тоа било подоцна сменето, токму под влијанието на верата. Таа била пресудна за аболицирање на робувањето, еманципирањето на жената и почетокот на рамноправноста во општеството.
Издржаните тези на тие индивидуи се: висок криминал во државите (САД) кои се високо религиозни, наспроти многу низок криминал во државите кои немаат толкав процент на верници. Ова е само еден факт - независно направено истражување - не е истражувано од Атеисти. Како и да е - Атеистите обично презентираат факти, додека верниците мафтаат со Бибилијата (или Коранот или whatever), само ги нема фактите.
За крај, да прашам. А бе, Вие сте прочитале нешто од Библијата пред да тресите глупости овде, или тресите од памет?
Отворено кажувам дека не сум ја прочитал Библијата, но сум читал извадоци доста често и заклучувам дека религијата многу подобро ја познавам од 98% од верниците. Ова го приметив кога присуствував на Библиски читања. Кога ќе се прочиташе нешто од Библијата, правевме анализа. Додека верниците тресеа зелени, на моите анализи добивав постојани потврди дека сум во право (а во исто време, тој кој го водеше читањето, очигледно имаше внатрешна нервоза, бидејќи јасно му беше како ден дека сум Атеист среде куп верници, но истовремено сум еден од двајца во просторијата кој разбира што сакал да каже авторот).
Поздрав.
Моќна врачаро, дај упати не да ја видиме големата слика и ние, страдалници од век. И ако може да не упатиш кај има курс по еврејски да ги научиме тајните што се кријат упорно од нас.И не ја гледаш поголемата слика кога е во прашање библијата. Митолошки теми, човечки вистини за патот на херојот, после еврејскиот превод е многу поверодостоен и крие многу тајни...ама на кој да објаснуваш.