Сообраќајка и нарушување на јавен ред и мир

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде, пошто зборам од памет.

Гледаш некаде да пишува дека некој е должен да излезе за мала материјална штета? Не?
Убаво пишува дека си должен да го отстраниш возилото и да направиш европски. Доколку не го сториш тоа, 250 јуричи во вода. Со други зборови, не одлучуваш сам дали да повикаш полиција или не, законот ти одлучува. Кога ќе дојде тој со плавото капче и ќе види за што си го викнал, ќе ти фукне толку казни што, кога ќе размислиш, поевтино би коштало праењето на двете возила.
Очигледно е дека погрешно го толкуваш законот и само ми покажа кога мора полицијата обавезно да излезе на увид. И дека се наплаќа 250 евра ако не го поместиш возилото, а не дека и ако повикаш полиција. Па ќе ја помесатам колата и ќе повикам полиција.
Во конкретниот случај се работи за избор на учесникот во ссобраќајната незгода дали да ја повика полицијата или не, а во претходниот случај МОРА.
--- надополнето: 8 декември 2012 во 17:31 ---
Значи сума сумарум, точно е тоа од почетокот на темата... Бљак
Не е точно
 
Ако има услови за да се направи европскиот записник сами ке те упатат на тоа, и толку. Како да не си ги повикал, мада најчесто некој трет ги вика (одстрана не учесник во сообраќајката) и никому ништо. И да прашаат кој повика, незнам, прајме европски, фала, чао пријатно. Толку е.
 
да, се плаќаат 200 евра и нив ги плаќа оној кој викне полиција, со записникот, може да си ги бара назад со оштетата на суд.лудило.

Иххх јеботе! Значи јас при судар викам полиција зашто овој другиот е кавгаџија и ќе ми ја скрши главата, а они мене 200 евра зашто запалиле колата и дошле? Па мамето нивно бре! Од сега и јас ќе си носам палка па не викам полиција ни под разно!
 
Ќе викнеш полиција зошто некој сака да те тепа, нема да кажеш за сообраќајката и така, profit <3
 
Денес додека се разминувавме со еден ме закачи и ми ја стругна бојата во ширина 1 цм и во должина 10-15цм. Мислев дека не вреди да го потполнуваме записникот за 400-700 денари, ама еден другар вечерва ми рече дека сум можел да земам од осигурањето неколку илјади денари. Дали сум згрешил?
 
Ајде, пошто зборам од памет.

Гледаш некаде да пишува дека некој е должен да излезе за мала материјална штета? Не?
Убаво пишува дека си должен да го отстраниш возилото и да направиш европски. Доколку не го сториш тоа, 250 јуричи во вода. Со други зборови, не одлучуваш сам дали да повикаш полиција или не, законот ти одлучува. Кога ќе дојде тој со плавото капче и ќе види за што си го викнал, ќе ти фукне толку казни што, кога ќе размислиш, поевтино би коштало праењето на двете возила.
Пред 2 дена ми се случи мала незгода. Каде што живеам улицата е многу тесна и додека запрев за еден човек да помине ме закачи со браникот од неговата кола, тој си го откорна цел браник, а мене ми направи една гребаница. Не го потполнивме извештајот затоа што го сожалив дека беше некој стар, сиромав и со добра душа. На неговото југо цела задница му беше рѓосана и му реков само "бегај од тука". Дали направив грешка? Ми остави човекот податоци, дали може сега да го потполниме изештајот? Колку би ме чинела оваа корекција?

u4j9z.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom