Сообраќајка и нарушување на јавен ред и мир

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
ок, ајде од почеток. при судар може да решите најбезболно со европски записник. но, ако еден од учесниците се реши на чекор викање полиција, ТОЈ плаќа за повикот 200 евра.полицијата само прави записник по кој судијата за прекршоци одлучува кој е виновен, не е полицијата таа која вика-е, овој е виновен, тој плаќа, не, туку плаќа оној кој ја повикува.натаму, разјаснето е, кој е виновен пред судот, тој ќе си ги сноси сите последици.

А шо праиме шо некои осигурителни компании не го признаваат европскиот записник доколку не приложиш и полициски записник?
 
тоа не знам и не сакам да манипулирам.рака на срце, немам чуено за такви кои не го признаваат европскиот.
 
А шо праиме шо некои осигурителни компании не го признаваат европскиот записник доколку не приложиш и полициски записник?

Која компанија не признава? И зашто мислиш дека се сите осигурителни компании обврзани да даваат Европски записници со секоја полиса за автоодговорност?

Доколку се учесниците во сообраќајката со рег. возило, не се под дејство на алкохол и имаат дозвола, си пополнувате записник и правац во компанијата кај што е виновникот осигуран, полиција не е потребно да се повикува. Да, и доколку двете возила се подвижни. :)
 
Не се тепајте бе, само прашав :)
Не сум сигурен која компанија прави проблем за тоа, дали Албсиг беше или некоја друга. Не сум имал лично искуство у врска со ова, се надевам и нема да имам па не баш сум запознаен.
 
Скраја да е да се тепам :) Ме интересираше дали можат и на таква глупост да се вадат некои компании само за да избегнат исплата.

Имаат обврска продавачите за ваков вид осигурување да објаснат на секој што купува како и во кој случај се пополнува записникот.
 
не, види, не е тоа нарушување на ред и мир, туку 200 евра за доаѓањето на повик, сега самиот повик на полиција се плаќа.

Што е многу многу е!Ај да е нешто ситно и да се погоди човек оној со кој се судруваш,ќе се реши проблемот,али ако не можеш да се договориш,зијан си од старт!:(
 
не, види, не е тоа нарушување на ред и мир, туку 200 евра за доаѓањето на повик, сега самиот повик на полиција се плаќа.

прочитај погоре но може да се третира, замисли некој пијан возач пуздер да направи еве на некој паркинг позади зграда некоја.

Повикот до полиција ќе биде наплатен само во случај ако лажно пријавувате прекршок (или кривично дело) и службено лице залудно излегува на терен.
Мислам дека ова ти е дезинформација.
 
Залудно е де. Го викаш за банална работа, за некој што ти направил две линии на колата или ти скршил фар. Многу добро е скоцкано сето тоа, за мали штети (и не, не се мери до 500 евра, туку до 750 (како побогу би го знаел тоа?)) нема потреба од полиција, ќе му земеш податоци и пишуваш договор. Доколку не сака да ти даде податоци, викаш полиција. И увидната служба си има приоритети, неможе се во еден момент да прават. Некој ќе пие кафе, некој ќе оди на битни ствари. Зошто би трошел време за твојот мочан фар?

Уствари што мелам...
Европскиот извештај не се изготвува во случаи кога :
- едно од возилата нема регистерски таблички или истото не е осигирано
- едно од возилата има странски регистерски таблички
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни сустанци.
- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци и
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Во овие случаеви задолжително е известување на МВР заради извид на лице место и изготвување на Записник. Не се наплаќа за ова.
--- надополнето: 7 декември 2012 во 21:45 ---
А, да. И доколку има повредени мора да се викне полиција.
 
Не е залудно! Прекршок (сообраќаен) е сторен, нема лажно пријавување. самиот учесник во сообраќајката одлучува дали ќе пријави и повика полиција или не и во никој случај не е должен за тоа да плати.

Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
едно од возилата има странска регистарска таблица,
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции,
еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или
еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.
 
Да точно е ова.Не се плаќа ништо за повикување полиција.Од искуство зборам.
На крај краева за што земаат плата тие во увиѓајна?

И баш е глупо ова демек тој што викнал полиција треба да плати 200 евра,кога многу често се случува и случаен минувач да повика полиција поради неможност од учесниците да го сторат тоа (од Х причини).
 
200 евра за нарушување на јавен ред и мир немаат врска со муабетов за сообраќајка.
 
Не е залудно! Прекршок (сообраќаен) е сторен, нема лажно пријавување. самиот учесник во сообраќајката одлучува дали ќе пријави и повика полиција или не и во никој случај не е должен за тоа да плати.

Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
едно од возилата има странска регистарска таблица,
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанции,
еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото или
еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.
Па тоа де, тоа! Ако се е регуларно т.е. не опфаќа ниедна од точкиве што се набројани и викнеш полиција, тогаш плаќаш 200 евра. Енд оф стори.
 
Шо да е нешто! Како може се да биде регуларно при сообраќајка??? Во тие случаи не мора да се повика полиција, а учесниците самите одлучуваат дали ќе повикаат полиција или не. И не плаќаш ништо! Зборувај со аргументи, покажи каде е регулирано, со кој пропис е пропишано дека се плаќа, а не само од памет да зборвиш.
 
Ајде, пошто зборам од памет.

Член 224
(1) Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се
должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која има загинати или повредени лица или настанала поголема материјална штета и
да состават записник за увидот.
Член 225
(1) Возачите - учесници во сообраќајна незгода во која е
предизвикана мала материјална штета, се должни веднаш да ги
отстранат возилата од коловозот, да овозможат непречено одвивање на
сообраќајот и да го пополнат и потпишат Европскиот извештај за
сообраќајна незгода.
(2) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој
член возачите- учесници во сообраќајната незгода го пополнуваат и
потпишуваат кога се согласни за начинот на кој се случила сообраќајната
незгода.
(3) Европскиот извештај за сообраќајна незгода не се пополнува и
потпишува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени или
загинати лица.
(4) Европскиот извештај за сообраќајна незгода од ставот (1) на овој
член го прави достапен за учесниците во сообраќајот Националното биро
за осигурување на Република Македонија.
(5) Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот- учесник во сообраќајна незгода кој постапува
спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 226
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи се
должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е
предизвикана мала материјална штета, ако тоа го бара едниот од
учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи, кога:
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
- едно од возилата има странска регистарска таблица,
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други
психотропни супстанции,
- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола,
- возачите не можат да ги усогласат мислењата во врска со начинот и
околностите под кои се случила сообраќајната незгода,
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно
податоците за возилото или
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Гледаш некаде да пишува дека некој е должен да излезе за мала материјална штета? Не?
Убаво пишува дека си должен да го отстраниш возилото и да направиш европски. Доколку не го сториш тоа, 250 јуричи во вода. Со други зборови, не одлучуваш сам дали да повикаш полиција или не, законот ти одлучува. Кога ќе дојде тој со плавото капче и ќе види за што си го викнал, ќе ти фукне толку казни што, кога ќе размислиш, поевтино би коштало праењето на двете возила.
 
Значи сума сумарум, точно е тоа од почетокот на темата... Бљак
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom