Купувам - продавам

  • Креатор на темата Креатор на темата Попај
  • Време на започнување Време на започнување

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Сакам да прашам дали има некој на форумот кој продава скутер Џилера Ранер или Априлиа СР на старо???
 
Одма бришам рекламирање и глупости на темата, да си знаете уште од сега. барајте, нудете ценкајте се ама друго не. Нека биде и за автомобили, мотори делови и опрема оваа тема. Сеир и такви работи - толеранција 0 (нула).
 
Како се движат цените на супер очувани „фиќки”? Може да е 750 или 850.
 
Имаше еден во БТ ...последната серија Ноември 1985 година ...средено фарбано...стакло беше Фичото...500 евра го продаваше..или го продаде...регистрирано!
 
Еве што има по скопските улици...

53217311_pr.jpg


69chvy03.jpg


klasika1kn9.jpg


klasika2fl4.jpg


klasika3bg8.jpg
 
Последниов Шевел кој има оглас се продава е продаден во Струмица. Еден лимар го зеде и го средува моментално.
 
Некој друг американски V8 да не знајш да се продава...било каде во РМ?

Не а?...Јебеш...
Во Бугарија се наоѓа...ама пусто државјанство што го неам. Ќе си купев...багатела се...
 
Нема американци...
На татко ми чичко, на времето, до пред некои 8-9 год. имаше Импала од `64-та. Ја возев, со оригиналниот мотор беше, па ја купи еден абдал, кој му стави дизел 2.2 Л од Мерцедес серија 123 сосе менувач, и ја снема колата потоа, а беше во очајна состојба...И, скоро наслушнав дека некој ја купил и демек, ќе ја средувал.
 
Попај напиша:
Сакам да прашам дали има некој на форумот кој продава скутер Џилера Ранер или Априлиа СР на старо???
Мој пријател продава СР, две сезони мислам дека е возена, да го прашам па ќе ти кажам подетално за цена и сл.

Априлиа Ареа 51 ти е добар избор исто, мојата ја дадов есеноска џабе, 1000-че, ко нова беше. Сега би сакал некое кастом чоперче или нешто спортско, ама naked, без пластика, да се гледа моторот. Доколку некој поседува нешто вакво, нека ми понуди :)
 
Струмикс напиша:
Нема американци...
На татко ми чичко, на времето, до пред некои 8-9 год. имаше Импала од `64-та. Ја возев, со оригиналниот мотор беше, па ја купи еден абдал, кој му стави дизел 2.2 Л од Мерцедес серија 123 сосе менувач, и ја снема колата потоа, а беше во очајна состојба...И, скоро наслушнав дека некој ја купил и демек, ќе ја средувал.
Не ми е јасно за ваквите возила за деловите, потрошен материјал... од каде ги наоѓаат? Инаку, се почесто ми се мота низ глава некоја ваква машина да си купам.
 
Делови...или Грција или over seas... ако сакаш нови. Трагедијата е во тоа што само нови можиш да земаш, бидејки половни нема :)
Така што старите автомобили ги купуваш (релативно е ова) за евтина цена...ама одржувањето е тешко. Пример јабучици да смениш за возило кое нема делови ќе дадеш пари колку самото возило што си го купил.
 
BTW да не знае некој Fiat 128 да продава?
Моделов со 2 врати по можност Rally верзијата со „ферари” штопови...


224a.jpg

deneau_02.jpg


ИЛИ овој модел

sogus1.jpg
 

Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...
Back
На врв Bottom