Загрозена безбедност во Скопје - работат ли институциите?

  • Креатор на темата Креатор на темата *LION*
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мојот пост се однесуваше општо за сите, не зборам во тој смисол Македонци VS Албанци ...
Јас само напишав дека правдата за некого е слепа, а за некого не е слепа ............. инаку да има и Македонци битанги(криминалци/мафијаши) пред кои полицијата замижува, криминалци/мафијаши има во секоја нација, мојот пост не беше насочен во насока само контра Албанците, незнам ти како си го сфатил постот !

Го сфатив вака:
Ако јас(македонец) плукам на улица одма се осудам, но ако албанец плука никој ништо.........
или не рече вака?
 
Меѓуетнички тензии се подигнуваат кај нас пред големи настани.
Сите знаеме дека се шуша за датум за преговори во декември. Ова е масло на сили поголеми од нашите авторитети од двете страни. Албанците провоцираат по потреба не од ќејф.
Изгледа многу често такви големи настани се на програма во оваа земја.Со години.
Факт е дека безбедноста е нарушена со години, факт е дека еден дел население ја користат заспаноста на власта во сите тие години, истовремено другото население во недоверба на власта која ја гласале, се иселуваат од едни делови во други, а добар дел си одат и во странство.Не е ова од вчера, а дека е со некоја заднина - точно, ама многу поинаква од таа која ти претпоставуваш (а можно е и во некоја линија да се испреплетени двете позадини).
Каков чуден менталитет.
1)Не провоцирајте да не креираме проблеми.Добиле ќотек без провокација - седете мирни да не креираме уште проблеми.

2)Полиција која на 70 автобуси и Х коли на влез од Албанија не им прегледа лични документи пред некој ден, после некој период ќе е нападната од патниците во истите тие возила.

Далеку од логични реакции.

Нека ги активираат тајните служби да им ги пресечат сите канали на албанците, па да видиш како ќе им падне газот за кратко време ко ќе останат без пари
Мислиш на тајните служби кои организираа или помагаа за непознати цели и идеали атентати на свои претседатели, ‘ги исчезнаа‘ скоро сите сведоци и ги игнорираа сите докази?
Тајните служби кои ги распределија сите државни економски ресурси на земјата на свои луѓе во периодот 1991-1996 и преку тие фирми држат огромно влијание на цела држава?(hint>Тутунска/Комерцијална Банка, бивша железарница итн.).Тајните служби кои пред 12-ти Април и инцидентите претходно (и во 2001) имаа сознанија за делување и не изреагираа, а одма после трагедијата ги најдоа скоро сите учесници?
Огромен процент од вработените таму работат само за свои финансиски и секакви туѓи интереси.Другите обично ќе завршат како самоубиство при чистење службен пиштол.

Откако стана директор на тајната полиција, познатата ДБК, пред петнаесетина години, користеше и други привилегии. Имеше возач, лично обезбедување, потоа т.н. “сендвич“ возила (тоа се оние две возила кои се движат пред и по возилото во кое тој се возеше), удобен кабинет, добра плата, лична секретарка, бесконечен авторитет и се разбира, транзициски “привилегии“.

За сиот овој период на транзиција, Благоја на волшебен начин успеваше да се задржи на оваа позиција. Со секоја промена на Власта, за воља на вистината ги имаше само две, се менуваа сите, од врвот до обичните полицајци, а Благоја не! Тоа укажуваше и на неговата специфична моќ. Често пати колегите го нарекуваа и Премиер и Претседател. Ги имаше сите под контрола. Некои дури се осмелуваа да речат дека тој е човекот кој ги бира личностите за двете врвни позиции во државата. Важеше за ужасно моќен човек. Всушност, службата со која раководеше беше таква, со неограничена моќ! Вешто ја заштитуваше својата позиција и не само што умееше, туку и му годеше.
Еве читај како одат работите.Имињата и настаните се делумно фиктивни, ама препознатливи.
 
Да си ми жив и здрав за првата реченица.
Додека сите се замараат со Грците како главен непријател, нас пола држава ни отиде.
Али така им ја полнат главата медиумите.
Затоа највеќе се курчам кога ќе се напалат некои Македонци од дијаспората ГРУЕВСКИ Е НАЈДОБАР, НЕ ГО ДАВА ИМЕТО НА КЛЕТИТЕ ГРЦИ, а тоа цела држава ние ја изгубивме, нема да постоиме ама битно името не сме го дале на клетите Грци :pos:

Мада и тука има голема улога пичкарството на луѓето и стравот да се соочат со тој што може да им врати.
Грците се далеку, затоа може да се курчат. Ќе направат јутјуб акаунти и по цел ден само пцуење. А со Албанците може да се сретне во град после тоа,не е сеедно далиќе се расправаш или не :нинџ:
Јас мислам дека е второто, ако не можеш по магарето удри по самарот.
 
Го сфатив вака:
Ако јас(македонец) плукам на улица одма се осудам, но ако албанец плука никој ништо.........
или не рече вака?

Правдата е слепа и за многу Македонци(криминалци) не само за Албанските криминалци и тепачи ............. секогаш обичниот човек е тој што ги почитува(т.е. мора да ги почитува сакал-нејќел) законите и кој е на штрек и мора да пази на своето однесување 24/7 и баш поради тие работи се појавува еден комплекс на нижа вредност т.е. граѓани/н од 15ти ред, оваа состојба(комплекс) ја имаат многумина !
Јас само викам дека правдата треба да биде за сите подеднаква ........... и за сите Македонци и за сите Албанци и за сите граѓани воопшто !
 
Не знам уште што треба да се случи за да сватиме дека ова тло не е за луѓе кои сакаат да живеат чесен, мирен и достоинствен живот. Кажете еден медиум кој не е контролиран од власта. Ситуацијата е многу лоша но нема медиуми кои ќе го пренесат ова. И некој овде ќе се осмели да ми зборува за патриотизам. Сакам да живеам нормален живот, ништо повеќе, но оваа земја не ми го овозможува тоа. Корупација во секоја област во државата, ако не се едните ќе бидат другите на власт. Треба да изберете од две зла. Проклети да се, самите си го уништија народов политичариве гнасни.
 
analiza-republika-2.jpg

е да, со гол газ шајки вади.
 
Го сфатив вака:
Ако јас(македонец) плукам на улица одма се осудам, но ако албанец плука никој ништо.........
или не рече вака?
Шала на страна и немој да ме сфатиш погрешно, ама многу ме интересира дали стравот е ист и кај вас?
Пример, јас знам некои делови од Скопје кај што живеат македонските сомнителни фаци и никогаш таму не поминувам. Дали и вие имате таков проблем со вашите или сите сте сложни и не се тепате едни со други? Може ли ваш човек да си живее мирно во некое тетовско селце без да му земаат рекет за УЧК, "џамијата" и слични "хуманитарни невладини организации"?
 
Пример, јас знам некои делови од Скопје кај што живеат македонските сомнителни фаци и никогаш таму не поминувам.
Е кој се бе тие македонски делови кај шо не може да се поминува? Баш ме интересира...
 
Навивачко Обединување. Послушајте патриоти..

logo_malo.png
По настаните коишто се случија во нашата држава минатиот месец ние навивачката група Комити прогласуваме еднострано дека на натпреварите кои што ги игра нашиот клуб во било кое натпреварување ќе ги смениме критериумите на навивање.
Имено против секој македонски клуб повеќе нема да практикуваме негативно скандирање на било која основа. Најстрого забрануваме нашите членови да напаѓаат физички или вербално други навивачи Македонци без разлика дали на натпревар или надвор. Мотивирани од помислата за обединување, прогласуваме дека ќе ја закопаме непријателската секира.
Да направиме примирје кое ќе биде само почетен основ за понатамошна соработка, бидејќи нашата држава е над се, и секое ривалство мора да се згасне доколку сакаме понатамошна соработка.
Ги повикуваме сите навивачки групи да не известат доколку имаат било какви идеи во кои ние секако би се приклучиле, да го надминеме егото и ривалството и да почнеме да гледаме за една поголема цел. Нека ова биде само прелиминарна согласност за сите навивачки групи да покажат иницијатива за обединување.
Како прва акција предлагаме овој викенд да се извади парола “Послушајте патриоти” на црвена позадина со жолти букви која што ќе стои на оградата на сите трибини, а ќе биде попратена со истоимената песна.
Ние ја поддржуваме секоја иницијатива, така што ќе ја поддржиме и идејата на Фемили Аеродром и ќе понесеме Македонски знамиња на нашата трибина во Недела.
ПОВИК ДО СИТЕ!
Ова нека биде само почеток на нашиот глас !
Од мали идеи до големи чекори!
ВО НАПАД ВО НАПАД ЗА МАКЕДОНИЈА и ПРЕДАВНИЦИТЕ ПАТАТ !!

Напишано на 30.11.2012
http://www.komiti.org/вести/Навивачко-Обединување-Послушајте-патриоти
(y)(y):cuc::cuc::cuc:
 
Шала на страна и немој да ме сфатиш погрешно, ама многу ме интересира дали стравот е ист и кај вас?
Пример, јас знам некои делови од Скопје кај што живеат македонските сомнителни фаци и никогаш таму не поминувам. Дали и вие имате таков проблем со вашите или сите сте сложни и не се тепате едни со други? Може ли ваш човек да си живее мирно во некое тетовско селце без да му земаат рекет за УЧК, "џамијата" и слични "хуманитарни невладини организации"?

Сега дефинирај што разбираш под сложно, тепачки има, од типот основно уч, средно, итаканатаму......
Секако имапе и локални шерифи, кои се правеа над се, сакаа да се тепаат, провоциараат, но таквите кај албанците не живеаат долку, јас сум од куманово, и знам таков случај на таков мачо кој се дереше насекаде ама човекот наиде на погрешен фамилиарен човек и го убија и убиецот се предаде на полиција и сега лежи упте...........
Но има и такви кои не знам како опстојуваат, навистина законот некои не ги допира, праваат сешто, убиваат, градаат куќи кај не треба, но пак полицијата не ги чепка, стварно се замислувам зошто не ги затвораат............

За учк не се земаше пари силум, затоа што даваа бизнисмените и кој можеше без проблеми..........
И за џамија кој сака може да даде..............
 
Верувам дека властите не се слепи а целото молчење не е случајни. Штета е што настратаа невини луѓе но искрено верувам дека ќе го наплатиме срањето што ни се случува изминативе денови.
Молчењето понекогаш и не мора да биде лошо, но она што треба да се направи под итно е заштита на цивилното население и брутални казни за насилниците. Државата мора да ја врати довербата кај народот а не да се осеќаме оставени сами на себе.
 
Како да не ............... министерот Костурко Брковски(ака Гоцка) е ненадлежен .............. :pos::pos:
 
Сега дефинирај што разбираш под сложно, тепачки има, од типот основно уч, средно, итаканатаму......
Секако имапе и локални шерифи, кои се правеа над се, сакаа да се тепаат, провоциараат, но таквите кај албанците не живеаат долку, јас сум од куманово, и знам таков случај на таков мачо кој се дереше насекаде ама човекот наиде на погрешен фамилиарен човек и го убија и убиецот се предаде на полиција и сега лежи упте...........
Но има и такви кои не знам како опстојуваат, навистина законот некои не ги допира, праваат сешто, убиваат, градаат куќи кај не треба, но пак полицијата не ги чепка, стварно се замислувам зошто не ги затвораат............

За учк не се земаше пари силум, затоа што даваа бизнисмените и кој можеше без проблеми..........
И за џамија кој сака може да даде..............

Под сложно подразбирам да можеш да поминеш по улица на раат и да не ти е страв дека некој ќе те ограби или истепа без причина.
Инаку, знам лично една фамилија од едно скопско село која беше принудена да дава пари за џамијата и оџата на глава му се качи на човекот зашто немале трето дете, жената беше болна, ќе завршеше трагично само заради тој притисок. Човекот нема вода во очи, работи што ќе се снајде, ама од тоа одреден процент МОРА да оди за "заедницата". Не знам ти каде живееш и како е кај вас, можеби е ова изолиран случај, но некако искрено не ми личи така.
 
Сигурно е изолиран случај, во реонот на Куманово нема шанси да има ваква појава...........
И за бројот на децата не се меша оџата, и не е исламски воопшто, но исгледа во некое мало изолирано од цивилизацијата село станува збор..........
Сега кај албанците да најдеш семејство повеќе од 2 деце е еклузивитет............

Еве во моето живеалиште почна да се гради втора џамија, локален бизнисмен почнал самиот да ја гради, и рекол кој сака да помогне во изградбата бујрум, помогнале што помогнале, и изгледа самиот не може да ја заврши и е стопирано изградбата.......
 
Лекот е пет пари ако го знаеш. Паметни биле старите. Овие го знаат и проблемот и лекот, ама зафатени се со други работи, кои опфаќаат само и само лични индивидуални интереси.

Во време кога начукавме триста споменици и излезе дека ни треба вајар да ни потврди кој сме и што сме, во време кога ти се продава демек леле колку сме ние патриоти, во оваа земја Македонецот подискриминиран никогаш не бил. И затоа овој реформаторов, кој реформира 24/7 веќе седум години, а реформиве брате никој да ги осети, е тотално изгубен.

Во подземје се водат битки кој да биде главен на улица, се обидуваат да заземат позиции за кои ќе треба години и години да се променат, се рекетираат луѓе и тоа легално преку т.н секој ден нова инспекција, луѓе како луди се селат одовде, ама битно на реклама ти пуштаат дека сите сме исти. Дали сте свесни колку деца на возраст колку брат ми и децава што живеат околу мене во маало, а кои имаат едвај по 20 ка, се спремаат сами да се бранат. Ало бре еј, ебати институциите кога дозволуваат деца сами да се бранат.

За мене отиде јабана секоја верба во моментот кога четири деца беа полегнати како животни и убиени како животни, заедно со уште возрасен човек ни криви ни должни. Тоа нема никогаш да го заборавам. А толку едноставно треба да се реши се, ама треба некој да каже од горе доста е. Не треба јас да се докажувам со некој на улица, треба институцијата да му покаже. Имаме и разузнавачи ко што треба и специјални единици, јас не знам за што ги чуваат најискрено. Можеш се фино лепо, без да пречекориш никаков договор ни право да доведеш во ред, ама треба да сакаш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom