ЕУ е веројатно широко распространета желба всадувана во свеста на граѓаните во изминативе 20 години. Разни опции на власт кај нас речиси половина од своите ресурси ангажираат за решавање на ова прашање... 20 години!!! Мислам дека е крајно време веќе конечно да се менува нешто. Вртење кон некоја друга опција, или пак напуштање на идејата за каков и да е сојуз или унија со некои други или трети земји. Ако е за аир, доста е. Повеќе од јасно е дека што и да се случи, ние нема да влеземе во ЕУ никогаш. Доста беше. Идејата за членство во ЕУ веќе е време да се напушти.