Каде оваa зимa? (сезона 2012/2013)

  • Креатор на темата Креатор на темата cleverguy
  • Време на започнување Време на започнување
Бил некој писодери? Какви се стазите и ако може препорачајте некој хотел

Бил некој писодери? Какви се стазите и ако може препорачајте некој хотел
Село Псодер- 1300м, врв над него Бела Вода - 2000м. ;) Одозгора можиш да го видиш Св.Ахил, островот на нашио Самоил!( да не се љутат источните европски браќа за забелешката на авторо ги молам)
На еден сат точно од Битола(19км точно од полукружното во Лерин, вртиш десно и тераш право).
Има неколку стази, две жичари, ски лифт за почетници и бејби лифтче, плато за сончање каде нашите браќа од европскио дел на Македонија отастрана од границата шо се во криза си ги покажват најновите алишта и ски опрема во целос и пијат фрапе и по некој хајнеќен и да сме начисто - уште учат да сќијат(џаба било Вермио и Кајмакчалан школа за Солунски патрдии) ама едно да знајш дека уствари Битолчани, понекој Прилепчанец (познати на авторо) се најголеми шизици!
За сместување едноставно е - ќе застаниш во првото место на кривината кај шо има коли и раја(а можиш и во самото заведение на газда Тотис ама е нешто поскапо) и колку шо знам е 12 евра ноќевањето. Кај Тотис имаш готвени јадења со ок цени, кафичо долу ти е со цени ко сегде во грција.
Да не го тин.ам многу... види:
http://www.snowreport.gr/pisoderi/
http://www.vigla-ski.gr/
Инаку има снег, арно ги газат стазите е сега на крајот кај шо е пострмно излегва понекое камче ама се на се убо е!
А можиш и да си дојдиш Битола и да си одиш дотаму...
 
Пишувајте малку повеќе инфо за местата каде одите.
Пишете за цени, сместувања, посетеност, превоз и др. Може и ние сакаме да отидеме таму ;)
Барем по 2-3 реченици, не ги штедете тастатурите...
 
Покрај Попова Шапка ќе се мрдне и до Австрија на Капрун. Организираме тура од Скопје, агенцијата се вика Но Лимит Травел, пат, спиење и ски карта за целото време кошта 399 евра, и се скија на три ски центри, од кои што едниот е глечер. Супер е местото, не знам дали имам право да ја постирам и понудата со линкови и фотографии од Капрун.
 
Покрај Попова Шапка ќе се мрдне и до Австрија на Капрун. Организираме тура од Скопје, агенцијата се вика Но Лимит Травел, пат, спиење и ски карта за целото време кошта 399 евра, и се скија на три ски центри, од кои што едниот е глечер. Супер е местото, не знам дали имам право да ја постирам и понудата со линкови и фотографии од Капрун.
Не е воопшто проблем, ако си во можност постирај ја понудата може и некој од нас ќе отиде таму ако му се допадне понудата или сликите :)
За тоа е и оваа тема, сите да размениме мислења и искуства за зимскиот одмор во и надвор од Р.Македонија.
 
Бев оправдано отсутен, поради скијање :)
Значи понудата за Австрија - Капрун е следна, 399 евра е пат(од Скопје), спиење и ски карта за 5 дена. Единствено не влегува храната, ама апартманите се со кујни така да може да се јаде надвор или готви. Повеќе инфо може да најдете на
http://www.nolimit.mk/2012-06-08-07-55-28/avstrija/zellamseekaprun
Поздрав, и тука сум да одговорам на некои прашања.
 
Здраво на сите пак, овој пат со време ќе ја постирам понудата за скијање. Годинава одиме за Италија, датите се од 11 до 18.01.2014
Скијаме на 6 ски центри, имаме супер ски рама карта која ги покрива сите ски центри на реонот DOLOMITI DI BRENTA : Folgarida - Marilleva, Madonna di Campiglio, Pinzolo, потоа глечерот
PASSO TONALE заедно со Temu и уште ски центарот PEIO.
Доломити ди Брента се споени помеѓу себе со жичари и покриваат 150км стази до висина од 2700. Пасо Тонале е поврзан со Тему, покрива коклу 100км стази, глечерот е на висина од 3000 метри.
Пејо е единствен осамен ски центар од овие, интересен е поради висината до 3000 метри и поради една стаза која е долга 8км.
Цената за овој аранжман е 445 евра, вклучува превоз, смештај и ски карта за 6 дена. Сместени сме во Фолгарида, веднаш до жичара во апартмани со сопствена кујна. Во местото има варијанта и за доручек и вечера.
Понудата е убаво објаснета на овој линк:
http://www.nolimit.mk/2012-06-08-07-55-28/italija2014
Ако има прашања, тука сум да одговорам.
 
Ако има прашања, тука сум да одговорам.


нешто понуда за Виена, Прага, Будимпешта или Париз ......евентуално и Златибор
5/6 дена крај на декември-НОВА ГОДИНА и почеток на јануар..??
 
Некој да сподели искуство од Словенија? Каде е најдобро, како се цените, какви се терените и слично.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom