Ееееј, да си жива и здрава за веб странава со понуди од кафани!

Значи вака, за НГ ќе ми доаѓа друштво од Србија/Хрватска и можда Црна Гора. Нивната желба е да слават НГ во кафана со македонско јадење и музика во живо (по можност македонска или да не е ептен турбофолк). Имам јас претстава вака за кафани, но ме интересира вашето мислење или препорака за кафана од ваше искуство, посебно за НГ. У полн ек ми е организацијава и сега добродојден ми е сечиј совет!
Однапред благодарна за сечие мислење и помош.