- Член од
- 20 март 2012
- Мислења
- 1.465
- Поени од реакции
- 2.366
Масовен пречек само на плоштадот и во паркот „Македонија“
Општините Аеродром, Бутел и Гази Баба нема да организираат прослава и ги упатуваат граѓаните да ја пречекаат Новата година на плоштадот, додека единствено од Кисела Вода велат дека повторно ќе се организира пречек како лани
За пречек на Новата година повеќето општини ги упатуваат граѓаните кон централната прослава на плоштадот „Македонија“. Единствено во Кисела Вода повторно ќе се организира пречек како лани.
- Новогодишна прослава ќе има и оваа година, овој пат во паркот „Македонија“ во Кисела Вода. Поради атрактивниот пречек минатата година во Драчево, и оваа година ќе организираме прослава, но деталите ќе ги соопштиме дополнително - ни изјави портпаролот Марјан Спасески.
Минатата година во Драчево се организираше пречек со печено прасе, три вола на скара и вино, а за музичкиот дел беа задолжени Сузана Спасовска, Елена Ристевска, Ламбе Алабаковски, Војо Стојановски, квартетот „Пламенка Трајковска“ и Мики Јовановски-Џафер. Општините Аеродром, Бутел и Гази Баба нема да организираат прослава.
- Што се однесува до пречекот на Новата година, нема да се организира прослава. Ги охрабруваме граѓаните да ја прослават новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“, која ќе ја организира градот - велат од општината Аеродром.
Од општината Бутел велат дека нема да организираат прослава за пречекот, но како и секоја година, и овој пат во основното училиште „Ацо Шопов“ градоначалникот ќе подели 500 пакетчиња за социјално загрозените.
- Ќе има и новогодишен базар со ракотворби од невладини организации, а средствата што ќе се соберат ќе бидат за хуманитарни цели. Како и секоја година, ќе доделиме и награди за најубаво украсен двор - вели портпаролката Снежана Клинчарова.
Од општината Карпош велат дека нема да има никаква организирана прослава за пречек на Новата година.
- Прекуден само училиштата може сами да организираат забави за дечињата - велат од општината.
Од градот сѐ уште не ги соопштуваат деталите за централната прослава на плоштадот „Македонија“.
- Во однос на програмата, сѐ уште се утврдуваат активностите и наскоро јавно ќе ги објавиме сите детали поврзани со забавниот дел - објаснуваат надлежните.
За новогодишното китење низ скопските улици, надлежните од градот велат дека ќе биде подготвено за 15 декември, а ќе се опфатат булеварите Илинден, Партизански одреди, 8 Септември, Климент Охридски, заедно со платото пред Универзалната сала, како и улиците Димитрие Чуповски, 11 Октомври, Даме Груев, ВМРО, Филип Втори и од Собранието на Р. Македонија до ТЦ „Мавровка“. Од јавните површини се украсуваат Старата чаршија пред Чифте-амам, паркот „Жена-борец“ и паркот кај Владата. Покрај декорациите на градскиот плоштад, ќе биде поставена и елка, висока 18 метри, позиционирана како и минатата година, во зеленилото спроти МЕПСО, а целиот проект за украсување ќе чини околу 8,3 милиони денари.

![navivacki%20rekviziti[8].jpg](/proxy.php?image=http%3A%2F%2Fwww.novamakedonija.com.mk%2FUploads%2FNews%2Fnavivacki%2520rekviziti%5B8%5D.jpg&hash=14968db1ac645abca601547d58d54aa3)