МЕ сака, НЕ ме сака...

  • Креатор на темата Креатор на темата CuCeNcE
  • Време на започнување Време на започнување

CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Возраст
34
Колку верувате кога некој ќе ви искаже љубов и ви рече дека ве сака??? Дали верувате на секој кој ке ви ја каже оваа реченица или...?По што заклучувате дека стварно го мисли тоа или само онака го кажува тоа зошто мисли дека така побрзо ке ве придобие или слично.
 
CuCeNcE напиша:
Колку верувате кога некој ќе ви искаже љубов и ви рече дека ве сака??? Дали верувате на секој кој ке ви ја каже оваа реченица или...?По што заклучувате дека стварно го мисли тоа или само онака го кажува тоа зошто мисли дека така побрзо ке ве придобие или слично.

Пред некоја вечер ова беше тема на разговор со едни другарчина.
Работата со тоа од машка страна тоа што на некоја девојка му искажуваш љубов и на крај му викаш дека ја сакаш е поради тоа што сакаш побрзо да ја легниш. Сепак јас со тие работи не се сложувам, иако јас сакам да ме сакаат и никогаш не би го рекол тоа те сакам само за да ја легнам побрзо
 
Не верувам кога некој ке ми искаже љубов дури јас самата не се уверам во тоа.Јас би рекла дела, а не зборови.И заклучувам се разбира според делата.Не сум лесна за придобивање во секој случај :baeh:
 
Лошата работа е што никогаш не можеш да дознаеш дали те сакал, или обратно. Истовремено, тоа е интересната работа во целата ситуација. Ама, како и да е, кога некој би изјавил „љубов” после неколку гледања - не треба да му се верува. Во тој случај, или станува збор за заслепеност или незрелост.

Се знае дека треба да помине ДООООЛГО време додека добро се запознаат партнерите, а љубов (според мене) може да постои само ако двајцата добро се познаваат и си веруваат. Не верувам во љубов „на прв (или десетти) поглед”.
 
Мислам кажавте се со треба, така да еве нешто off topic: Љубовна врска е заедничка идеа на две личности, а таа се раскинува кога една од тие личности ќе ја промени заедничката идеа за живот. - ова може да се каже како груба дефиниција за љубовта!
 
CuCeNcE напиша:
Колку верувате кога некој ќе ви искаже љубов и ви рече дека ве сака??? Дали верувате на секој кој ке ви ја каже оваа реченица или...?По што заклучувате дека стварно го мисли тоа или само онака го кажува тоа зошто мисли дека така побрзо ке ве придобие или слично.
Ќе поверувам кога истото ќе ми го докаже.Два обични збора не ми значат толку многу.
 
Moze sekoj da rece deka"te sakam"megutoa bitno e nacinot kako toa ke go kaze.Mislam biten e momentot
 
Ме сака не ме сака: Па и самиот збор сака може да означува повеќе работи: те сакам те посакувам ми се допаѓаш платонска љубов и други работи . Така да ти треба да знаеш тој што го кажал тоа ТЕ САКАМ како го мислел и после да си напрајш филм :(
 
во зборови не верувам само во дела што ги покажуваат и потврдуваат тие зборови
 
Не би поверувала така лесно бидејќи да се каже „Те Сакам” е лесно но тешко е да се каже тоа што се мисли. Ако ми каже Те Сакам така без чуства и само по неколку дена врска нема шанси да му поверувам, но би му поверувала доколку однапред ми го докаже истото на најразлични начини.
 
sekoj saka toa da go slusne no toa treba da se potvrdi i so dela, inaku ke bide prazen zbor.
 
Верувам во зборовите "Те сакам" само ако се претходно цврсто покажани и докажани.
 
Многу, ама многу се замарате со тоа ме сака, не ме сака .. Те сакам, ми требаш, најубава си, најслатка си, секси си .. бла бла .. Дали се тоа лаги? Кога може да знаеме дали се лаги - дали кога е премногу рано за да се изговорат? Кое време е најповолно за да се изговори нешто толку нежно? Како да ги прифатиме и разбереме? Бла бла бла .. јака ви душа. Јас воопшто не се замарам со тоа. Признајте си самите пред себе колку овие зборови влијаат на вашето расположение, колку ви го полнат егото и колку се чувствувате најсакани и најсреќни кога ќе го слушнете тоа ”те сакам’’ бе. Сепак некој за бабино здравје нема да ви рече ”те сакам” па макар и да не го мисли тоа .. ако сака да те легне можеш да го осетиш тоа. Никој не вика ”те сакам” на почеток на врска .. освен како што кажа ејсид .. ако се работи за некои незрели или затрескани. Некогаш би ни било многу пожелно да ги прифатиме оние мали слатки лаги (популарно прикривање на вистината) како најголеми вистини и да уживаме во магијата на љубовта.. Ако некој ти докажал дека те сака значи навистина го мисли тоа што го кажува!
 
Мислам дека на крај се се сведува на едно: колку ние сакаме да поверуваме во тоа дека не сака или не? Некој може и да не те сака толку како што се прави и „докажува” ама едноставно ние сакаме да веруваме во тоа дека не сака и мислиме дека е вистина. Ама пак затоа постојат и луѓе кои се едноставно поладни и не толку покажуват и докажуват чувства ама сепак ве сакат. Така да тоа е доста индивидуално за да би измислиле некој алгоритам за тоа дали некој ве сака или не. Сепак најбитно е вие самите како се чувствувате покрај одредена особа, дали кога сте со неа ве прави среќен/на или не толку многу.
Ај доста тупев...
 
CuCeNcE напиша:
Колку верувате кога некој ќе ви искаже љубов и ви рече дека ве сака??? Дали верувате на секој кој ке ви ја каже оваа реченица или...?По што заклучувате дека стварно го мисли тоа или само онака го кажува тоа зошто мисли дека така побрзо ке ве придобие или слично.

Зависи колку време сме заедно и колку ми го покажал!
Ако првите 2-3 месеци некој ми каже те сакам,во превод кај мене е Сакам да те легнам!Неможе некој да ми каже дека може некого да засака за 2 месеци,па затолку време уште незнам со каков човек си имам работа а не па да го сакам!
Тоа те сакам држи вода во долга врска која е градена на доверба љубов почитување и ред други работи кои ги носи самата врска!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom