Многу, ама многу се замарате со тоа ме сака, не ме сака .. Те сакам, ми требаш, најубава си, најслатка си, секси си .. бла бла .. Дали се тоа лаги? Кога може да знаеме дали се лаги - дали кога е премногу рано за да се изговорат? Кое време е најповолно за да се изговори нешто толку нежно? Како да ги прифатиме и разбереме? Бла бла бла .. јака ви душа. Јас воопшто не се замарам со тоа. Признајте си самите пред себе колку овие зборови влијаат на вашето расположение, колку ви го полнат егото и колку се чувствувате најсакани и најсреќни кога ќе го слушнете тоа ”те сакам’’ бе. Сепак некој за бабино здравје нема да ви рече ”те сакам” па макар и да не го мисли тоа .. ако сака да те легне можеш да го осетиш тоа. Никој не вика ”те сакам” на почеток на врска .. освен како што кажа ејсид .. ако се работи за некои незрели или затрескани. Некогаш би ни било многу пожелно да ги прифатиме оние мали слатки лаги (популарно прикривање на вистината) како најголеми вистини и да уживаме во магијата на љубовта.. Ако некој ти докажал дека те сака значи навистина го мисли тоа што го кажува!