ПЕТИЦИЈА: Илиевски, Антиќ, Гечевски, и Докузовски на ЕУРОБАСКЕТ 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Persey
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 февруари 2008
Мислења
869
Поени од реакции
477
Веб-сајт
stefanovmartin.wordpress.com
ПЕТИЦИЈА

Дo: КФМ, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Бо Мекејлеб, Перо Антиќ, Марин Докузовски.

Да се собереме што е можно повеќе и сите заедно да извршиме притисок кон Кошаркарската Федерација на Македонија и нашите кошаркарски репрезентативни херои, заедно да соберат сили за бар уште една битка за Македонија на Евро Баскетот во Словенија 2013 година.

Перо Антиќ, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Бо Мекејлеб, Марин Докузовски, ние вашата верна публика, ве замолуваме за уште еден пат да застанете зад боите на македонскиот кошаркарски дрес.

Ние на трибина, со вас на терен, со цело срце и љубов до нови големи победи за Македонија

Заедно обединети никој ништо не ни може.
Заедно сме непобедливи.

Оние кои сакаат да се зачува еден победнички македонски дух кој не обединува сите во државава слободно може да се потпише за негово преживување во името на македонската кошаркарска репрезентација.

http://www.causes.com/actions/1706337

Ај не се глупирајте, време е да се подмладиме, нови генерации да дојдат, заеби Гечевски шпагетата и Владо преварантот. Перо тука си е, нема да напушти 100% . :)
 
Никогаш не ми била јасна трансформацијата од херој во предавник. Како дојде до тој муабет дека Антиќ е предавник, па уште повеќе не ми е јасно.

Јасно ми е само дека без него и без Бо, на Македонија ќе и биде проклето тешко. На Илиевски и Гечевски време е да им се каже големо ФАЛА!
 
Што бе мислите дека ако Докузовски останеше тренер дека ќе заминевме на Олимпијада и дека без проблеми ќе мачкаме се на ЕП 2013. Па Докузовски си отиде ради слава зашто ЗНАЕШЕ дека тој успех од Литванија не се повторува туку така како на копче да земеш да стиснеш.
Значи заклучок: Ни треба Кире Николовски место Гечевски, целиот прв тим со евентуални уште неколку нови играчи да се воиграат до тогаш и под итно странец за тренер само така дисциплината и целта ќе биде на ниво а тоа е пред се да се помине групава а не нашето класично летање во облаци 4ти сме во Европа и никој ништо не ни може!
 
И јас го сакам Докузовски ама нема. Човекот си реши дека е крај. Направи успех на кој треба да сме му благодарни и тоа е тоа. Повлекувањето на некои играчи од репрезентација е нормален процес. Доаѓаат нови генераци, старите треба да се почитуваат за она што го дале додека играле, се остава место за помладите, за нови таленти, нови ѕвезди. Не гледам никаква корист од петицијата. Кога и да е ќе дојде времето за ставање точка. Работите започнуваат, траат и завршуваат. Помирете се со тоа.
 
Ако не им се игра, петиција не ги премислува. А не сакам некој со сила да игра па ни 2 посто да не дава од себе.
 
За Гечевски ок е,си го изигра своето човекот,а Илиевски може да игра уште 2 години минимумм,незнам зошто влегува во филмови.
 
Не фала немам намера да “молам“ никого да игра.. оној што смета дека треба да игра ќе го направи тоа. Едноставно е..
 
Реално гледано Гечевски е стварно стар за уште едно првенство. Илиевски постојано има фамилијарни проблеми, така да fuck it. Али Антиќ може, и треба да се врати. Ќе ни фали висок играч.
А за тренер... Ако нејќе Докузовски ондак неаме многу избор. Емил Рајковиќ и Слободан Петровски - НЕ. Најубаво да го викнат Пипан од МЗТ да ја води и репрезентацијава. Се гледа дека е квалитетен тренер.
 
За државата се игра од срце не со молење или со пари . Овие сакаат молење , ракометарите се искараа дека не им исплатиле премии ... не барај од нив да ти играат од срце повеќе .
 
Каков Пипан бе, тренер е на Полска тој нив ќе ги води.
--- надополнето: 19 ноември 2012 во 00:16 ---
За државата се игра од срце не со молење или со пари . Овие сакаат молење , ракометарите се искараа дека не им исплатиле премии ... не барај од нив да ти играат од срце повеќе .

Најголемите резултати се постигнати токму со играњето од срце тоа е 4то место во Европа и 5то во Европа и тоа не само играње од срце туку многу повеќе. А ако некој им ветил нешто треба да си го добијат тоа е професионалност во спортот а не секој да прави што сака и како сака.
 
Знам дека се постигнати со играње од срце ... реков не барај од нив да играат повеќе така .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom