Во РКЦ постои отворена дебата, колку ми е мене познато, околу разликите со Истокот. И таму, богословите се свесни дека точките околу кои се „кршат копјата“ се контроверзни одлуки донесени во специфични историско-политички околности, а денес, ако не се лажам, постои и отворен дијалог меѓу Рим и Истокот по овие прашања.
Се разбира, тажните епизоди, ако можам така да се изразам, од 1054г., исихастичкиот спор, Флорентинската унија, и разните злодела сторени во полно војни во името на едната или другата страна (т.е. од конкретни личности), пак, денес создаваат, исто така, специфичен историски контекст во кој не е лесно да се надминат разликите.
Од друга страна, пак, постојат општествени прашања за кои ставовите на „двете страни“ се речиси идентични, а се однесуваат на биоетичките прашања на денешницата...
Во меѓувреме, нереално е да се очекува дека разликите (колку некои од нив да се банални, додуша, некои и суштински) создавани 1000 години, ќе бидат надминати за неколку...
Исто така, во меѓувреме, потребно е да се комуницира на ниво и со взаемна почит.