Гасификација во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Утрински пренесува изјава на министер
Скопскиот регион прв ќе се гасифицира -
http://www.utrinski.mk/?ItemID=73A5CF77F722E1439AA462169BAC26C9
За четри години 70% од мрежата ќе се заврши
А за една година ќе бидат првите приклучоци
 
Вечер пренесува изјава од Министерот Миле Јанакиевски дека приклучок за гас ќе чини 100 евра по стан. А тие кои имаат станови поголеми од 80 м2, за секој квадрат плус ќе доплатат 1,25 евро
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=08193422D295704FB78264452385E67E
 
Kaко и обично, никаде не нагласуваат дали мислат на „стан„ како приклучок по дом или само на станови од згради. Уште од сега знам дека ќе има тешки недоречености со инфраструктурата во помалите улици, кои нема да ги решаваат со децении.
 
Директно од сеопсежните научни истражувања на владата:
(фали малку хумор на темава) :)

1000649_477367279031444_612518517_n.jpg
 
На МРТ е објавен напис дека „ почнал да се црта кракот на гасоводот “
http://www.mrt.com.mk/node/5918

Во написот се пренесени изјави на „ експерти “ блиски на Топлификација кои велат:
„Засега сите погледи се свртени кон комбинираните централи што користат гас. Доколку постојните две го зголемат производството, а набрзо се изградат и планираните нови капацитети, експресно ќе се потроши гасот што го носи бугарскиот гасовод и ќе почне да се користи гасот што ќе го носи Јужниот тек во следните децении. “

Поради тие нивни „ погледи “ плаќаме скапа струја, а ете сакаат „ набрзо се изградат и планираните нови капацитети “
 
Турска компанија се интересирала за гасификација на Скопје пишува Дневник
http://dnevnik.mk/?ItemID=2ECE8C68DB8F2042AD3828D5C2414D70
Во написот се вели и:„ се очекува дека турската компанија нема да биде единствена која е заинтересирана за гасификација на Скопје бидејќи разговори се водат и со компании од Швајцарија, Словенија и од Италија “
 
На Телма е објавен напис во кој добро и на сите познати експерти познати од случајот Топлификација изразуваат „ дилеми “ околу гасификацијата на Скопје.
Тие наводно рекле:
„Познавачите на состојбите поставуваат низа дилеми во однос на проектот кој треба да го реализира приватен инвеститор и да вложи над 100 милиони евра. Една од нив е дали навистина граѓаните ќе може да се приклучат на системот по цена од 1,25 евра за метар квадратен.

- Ниту еден дом не може да се приклучи само со тие пари затоа што треба да се изврши промена на уште редица апарати така што мислам дека цената ќе биде малце поинаква, рече професорот Константин Димитров од МАЦЕФ.“

Во истиот напис има изјава на уште еден експерт кој наводно рекол:
„ Дел од експертите посочија дека доколку актуелните индустриски потрошувачи на природен гас не се префрлат на новиот дистрибутер, целиот проект може да биде неисплатлив и неатрактивен за потенцијалните концесионери.

- Тие во овој момент се приклучени на „Гама“ и имаат некакви услови и тука ништо не можете. Ако сакаат да останат на „Гама“ ќе останат и не можете ништо да правите. Би била правна несигурност доколку на сила ги терате да преминат кај концесионерот. Сите овие компании, освен оние кои се во комлексот на Железара, имаат можност да се приклучат на дистрибутивниот систем ако идниот дистрибутер им понуди услови кои ќе бидат подобри од тие кои ги имаат сега, рече Димитар Хаџимишев, директор на „Топлификација“. “

Очигледно и овде познатите експертите се вмешуваат

На ова треба да им се рече на експертите, дека оваа не е точно - представува глупост да се рече „ низа дилеми “.
Зборот дилема означува состојба во која треба да се избере меѓу две можности.
http://www.makedonski.info/show/дилема/ж

За мене е дилема дали Скопје треба да се гасифицира со или без експерти. За ова прашање, повеќето Скопјани немаат дилема.
 
Тие наводно рекле:
„Познавачите на состојбите поставуваат низа дилеми во однос на проектот кој треба да го реализира приватен инвеститор и да вложи над 100 милиони евра. Една од нив е дали навистина граѓаните ќе може да се приклучат на системот по цена од 1,25 евра за метар квадратен.
Во просек колку метри кубни се трошат по домаќинство?
 
Во просек колку метри кубни се трошат по домаќинство?
Еден нормален кубен метар гас соджи околу 9,5 KWh енергија.
Ако се користи за готвење и затоплување вода за бањање, за едно домаќинство месечно се потребни од 300 до 500 KWh,
Значи очекувана потрошувачка би била од 30 до 50 кубици месечно или во пари од 900 до 1500 денари месечно
 
Цената на гасот Макпетрол Пром-гас за март е 28,5000 ден/nm3
http://www.erc.org.mk/odluki/PG-C-2014 03 13 -ODLUKA CENA MAKPETROL PROM-GAS MART 2014.pdf
Ако се пресмета цена за еден киловат час, таа изненесува 3 денари за еден киловатчас или
Или во евра 0,048 евра за еден киловат час
Еве за споредба колкаву се цените низ Европа

.
350px-Half-yearly_electricity_and_gas_prices.png

http://epp.eurostat.ec.europa.eu/st.../Electricity_and_natural_gas_price_statistics
 
Eкспертите од пост #99 повторно се активни
Вечер извести дека во Стопанската комора е одржан состанок на која министерот Миле Јанакиевски го презентираше планот за гасификација на Скопје
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9F8A2016F8E16C4FA9B7CF7A0D3713DB
Експертите изразиле загриженост за Топификација. Во написот се вели:
„ Од Македонскиот центар за енергетска ефикасност (МАЦЕФ), од каде што со години апелираа за воведување на гасификацијата во земјава, велат дека трошоците за приклучување на гасоводната мрежа ќе бидат повисоки од она што е предвидено со студијата.
- Освен предвидените 1,25 евра по метар квадратен, кое секое домаќинство ќе треба да ги плати за приклучок, дополнително ќе треба домашните апарати да се адаптираат за да работат на гас, што ќе биде трошок плус за домаќинствата - истакна професорот Константин Димитров од МАЦЕФ.
Бизнисмените предложија и гасоводната мрежа да се спроведува исклучиво на местата каде што нема мрежа на Топлификација, со што би се намалила потрошувачката на дрва. Доколку граѓаните можат да избираат меѓу греење на парно и гас, ќе изберат гас, кој е поевтин, а со тоа ќе се загрози иднината на Топлификација, велат стопанствениците од овој бизнис.“

На ова тврдење на експертите читател кој се потпишал како WD40 дал коментар:
wd40, 20.03.2014 09:08:24
Бизнисмените предложија и гасоводната мрежа да се спроведува исклучиво на местата каде што нема мрежа на Топлификација, со што би се намалила потрошувачката на дрва. Доколку граѓаните можат да избираат меѓу греење на парно и гас, ќе изберат гас, кој е поевтин, а со тоа ќе се загрози иднината на Топлификација, велат стопанствениците од овој бизнис. KOJ PAMET IMAAT OVIE bisnismeni....Znaci jas se gream na parno i sega spored nivniot um jas ne smeam da se priklucam na gas i da plakam poeftino greenje t.e. da zastedam pari zasto "tie bisnisi" bi imale finansiski problemi.....Alooooo mene mi e gajle za mojot dzeb ne za BEG ili TOPLIFIKACIJA

Ве молам да ја отворите страницата на Вечер. Овој читател имаше добиено 4 лајка од кој еден од мене
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom