Ќе се намали емитувањето на турски серии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Да беа само турскиве серии проблемот убаво ќе беше...300 проблеми имаме вие сте се запнале за сериите.
Епа баш затоа,доаѓаш дома нервозен,лупаш лексилиум од 5мг,ти пука главата и од кај бабати го слушаш телевизорот на 100ка рокнат и Хурем:Али јас сум трудна.И паѓаш во кома.
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 17:04 ---
мислиш имало Ивановски
Мислам.:D
 
Kako sto laze deka ke dojde PAYPAL vo MK, taka laze i za seriite, seriite sami ke iszeznat kako sto iszeznaa spanskite , posle niv ke dojdat ruskite serii, pa kineskite ITN.
 
Што мислите, дали ваков закон би помогнал за производство на квалитетни македонски емисии и серии или пак сметате дека нема потреба од вакви промени?

Што би предложиле вие лично?
Секако дека со ова нема да се стимулира производството на квалитетни домашни серии. Пошто за тоа требаат пари за наша квалитетна продукција која природно би ги поттиснала странските, а не ограничувања на турските.

А пошто тоа е научна фантастика кај нас, ја лично би предложил закон со кој целосно би се забраниле одвратните турски, индијски и јужноамерикански повраќаници. Екстремно, ама потребно за да се зачува психичкото здравје на нашите граѓани.
 
Се тоа ми се допаѓа, паметно, браво, ама ми пречи една (несуштинска по темава) работа: Министерот за информатичко општество се замара со вакви работи, наместо совет за радиоконтузија или некој друг орган. Овој секаде го пика носот, освен во неговите ингеренции. Следно, министеров ни за здравство да почне да се грижи за хортикултурата низ булевардиве и таман аплицирам за азил у Германија.
 
Како што можете да прочитате од изјавата на министерот, се спрема закон кој ќе бара 30 проценти од емитуваната програма да биде од македонско производство, со што ќе се намали процентот на окупацијата што ни се случува моментално со секакви серии.
Се согласувате ли со оваа мерка?
Да зошто ми ги отекоа јајцата на пример кај мене дома никој не гледа турски, шпански. афрички итн серии, но кога ке дојде некој на гости и ке го фати далечинското да пушти серија од таков калибар ми доага раката да му ја исечам, или уште по хард сценарија идеш негде на гости кај луге што се 40+ години и гледаш буљаат по тие сериите и после си ги прераскажуваат, лисјата, зетови домозетово, бурхан Шурхан, Шехерезада, Долина на Хиената и све остало срање. Место да гледаат , Дискавери, Нешнл и сл документарни програми нешто да научат. Овие им го перат мозокот на невидени и после гледаш и народов се понаша како во турско шпанско серии, и посла од таков народ бараш претприемнички дух, да читаат книги, да идат на обуки и курсеви итн., па во последно време да не се мачи народот да чита веќе ги синхронизират на македонски јазик , така да не би ми изненадило за неколкуи години некој и да заборави и да чита. Овој министерот пак е добар бара да се намали процентот на шпанско турски серии а на нивно место да се снимаат македонски серии итн. Јас да сум премиер има све што е шпанско турска серии со закон да укинам, зошто народов од такви серии само поглуп станува, и уште кога сељакот Драган вучич ќе прави интервјуа со "ѕвезди" од турски серии е тоа е веќе капак на се. Инаку имам приметено на колку пониско ниво на интелегенција е човек. колку помалку е образован , колку има повеќе време што не знае што да прави, толку поголеми шанси има да е склон кон гледање турски серии. Само работата е што гледањето турски серии нема да му помогнат да ги зголеми приходите, да запознае , нови луѓе, да се до образува, да запознава нови луѓе итн. Пред да умрат луѓето сигурно нема да им е жал ако пропуштиле некоја епизода од овие шпанско-турско сапуници туку сигурно ќе им биде криво што не ги направиле работите што ги сакале отсекогаш да ги направат а времето го потрошиле на глупости.
 
Како што можете да прочитате од изјавата на министерот, се спрема закон кој ќе бара 30 проценти од емитуваната програма да биде од македонско производство, со што ќе се намали процентот на окупацијата што ни се случува моментално со секакви серии.
Се согласувате ли со оваа мерка?
Што мислите, дали ваков закон би помогнал за производство на квалитетни македонски емисии и серии или пак сметате дека нема потреба од вакви промени?

Што би предложиле вие лично?

Ne se soglasuvam. Malku e. 60% minimum treba i toa maks 1 saat da bidat spotovi i najveke 2 saati glupi kvizovi. Vreme e za produkcija. Neka ostanat 2-3 tv stanici ama da bidat asalni
 
Ако им наложат да купат документарци, би било одлично.
Мешање од страна на државата?
Ох, да, неопходно во овој случај. И тоа како треба да се замеша со оглед дека телевизијата претставува многу силен медиум. До ку*ца ми е децана да зборат за Осман, Шехрезад, Ајнур, Шехрие и компанија.
Да му е*ам мајката, не дека ние не гледавме серии, ама бар гледавме Млади Бунтовници, кое бар одговараше на нашата возраст.... Овдека плачат што се е*еле со некој, демек до брак чекале, чест, морал.... се прашувам дал се враќаме 100 години наназад....
 
Па сме имале ние и паметен министер, бравос, абе добро е не одма мрчете, еден по еден закон ќе се оправи, можда :vozbud:
 
Ова е нешто слично на Хрватска каде што имаше некоја мерка да има приоритет Хрватската музика повеќе од останатите, се работеше за некој процент ама не ми текнува колку беше.
Освен МРТВ која е државна приватните телевизии треба сами да си вложат во квалитетна продукција која ќе може да им донесе серија која е гледана и на неа да заработат пари. Сценаристи имаме, режисери имаме а и фантастични актери имаме. Е сега ќе се види дали газдите знаат да заработат на пазарот креирајќи сопствен производ а не да чекаат на сериите и рејтингот од нивната гледаност да им носи реклами.
 
Сето интелектуаци/ки се прават овде, а сигурен сум штом ќе почне на телевизор Хурем султан и турчино султан Сулејман влегува во одајата мирно стојат пред телевизор како измеќарите негови.
 
Ја мислам дека ќе бидеме сведоци на најмасовниот протест :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom