Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Како што можете да прочитате од изјавата на министерот, се спрема закон кој ќе бара 30 проценти од емитуваната програма да биде од македонско производство, со што ќе се намали процентот на окупацијата што ни се случува моментално со секакви серии.ЌЕ МОРА ДА СЕ НАМАЛАТ ТУРСКИТЕ СЕРИИ – ИЗЈАВИ МИНИСТЕРОТ ИВАНОВСКИ
Министерот за информатичко општество, Иван Ивановски, изразува чест кон турските телевизии и продукции, но смета дека доволно било 500 години под турско ропство, време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии, информира ТВПакет.
„Наскоро ќе започнеме со јавна дебата за новиот Закон за медиуми кој предвидува нови регулативи. Со нив на жал на понежниот пол, дел од тие емисии коишто се сега кога да вклучиш канал, било тоа да е Ифет, Езел, Илјада и една ноќ или Величенствниот, Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата или ред други ќе бидат намалени. Ќе се бара 30 проценти од емитувањето во клучните часови од 8 наутро до 20 часот навечер да биде македонско производство. 40 проценти во 2014. година, дури 50 проценти во 2015. година. Со тоа ќе се стимулира македонската продукција“, изјави Иван Ивановски.
ТВПакет
Извор.
Се согласувате ли со оваа мерка?
Што мислите, дали ваков закон би помогнал за производство на квалитетни македонски емисии и серии или пак сметате дека нема потреба од вакви промени?
Што би предложиле вие лично?