Шверцање во автобуси на ЈСП

  • Креатор на темата Креатор на темата Kalap Angel
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Локација
The World, The Universe
Пошо сум студент во Скопје, и парите многу побрзо ми летаат отколку во родниот ми Прилеп, отворам (се надевам, една интересна) тема на тема шверцување во автобусите на ЈСП во Скопје. 6 пати неделно морам обавезно да патувам со автобус до факс и назад, башка потребите настрана и потребата од превоз за други активности. Па ако може да споделиме некои информации во врска со шверцувањето. Кога е најпогодно (отприлика, според ваши искуства) за шверцање ? Кога има инспекција ? Каква е инспецијата (во смисла, како можеме да ги препознаеме) ? Кои се казните за шверцање ? Каде иде инспекција ? Отприлика кое време ? Искуства и разни случки поврзани со насловот на темата се добредојдени. Знам дека не е етички да отворам ваква тема, знам дека можам да заштедам на пари ако извадам месечна или карта за 10 возења бла бла... али тоа е. Зарем не е неетички да им се даде бесплатен превоз на старците кои ама баш немаат никаква потреба (освен тие што имаат) да одат секој ден на пазар, по весник или до City Mall само за да заштедат 2,5 денари на киселото млеко, а на студентот кој секојдневно патува, на кого текот животот може да му биде сменет заради превоз или некоја друга потреба (а за кого знаеме дека е нон-стоп шворц).
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав :)
 
Мене некој малер ме има фатено,30 пати по ред се шверцам,31 и 32 два пати по ред ме фаќа контрола...ама се вадев дека сум средношколец,па се смилуваа...:D

Ама како ганстери влагаат,во новиве автобуси,двајца од напред,двајца од позади,маме им ебам,и да ги видиш немаш време да избегаш.

Највеќе ги има кога работат училиштата.
 
Тешко,многу тешко затоа што речиси секогаш се влегува од влезот кај шоферот... имаш две можности, да чекаш гужва па нежно да се пробиеш низ редот без да те види некој или да се правиш странец (најдобра можност Косовар)...
 
Еххххх :pos: Шверцање ми текнува мене кога идев у школо уште во 5-то одд морав да плаќам карта а јас кое плаќање бре парите си ги чував за јадење и сл. а карта? која карта што беше тоа? :свиркам: на 4-5 пати ме имаат фатено контрола имаш карта немам а значи пак чуваш пари за цигари а? и јас не бре онака ги чувам за фудбал да купам :icon_lol: а пошто бев малолетен 5-6 одд ме пуштаа и ми викаа др пат у станица абе ајде ... :свиркам: само порано беше тоа од 5-7 одд кога се шверцав многу пати кога идевме со друштво околу 6-7 души сите ајмоооо на средни врата шверц комерц на големо и еднаш не затече контрола ко демек во станица ќе не носеле и имаше една баба не спаси пошто не пуштаа врата да се отвара и таа баба та запна отворете да излезам па отворе и кога отвори сите се разбегавме ах јсп ти е стари денови на шверц комерц :love:

Шала на страна одмна не одам со бус сега пошто со точак си одам натака навака, али сега секогаш кога одам со бус си плаќам карта ипак и тие што возат треба плата да си земат аи да се брукам за 30-35 денари карта не сакам :) а ко помал што било било сега истата приказна не

Другар Kalap Angel Земи си точак купи си и од Пролет до Есен само колку пари ќе си заштедиш за бус или друга опција земи си слободна (y) а и гледај сеа ова не е Прилеп ебаго :D
 
Пошо сум студент во Скопје, и парите многу побрзо ми летаат отколку во родниот ми Прилеп, отворам (се надевам, една интересна) тема на тема шверцување во автобусите на ЈСП во Скопје. 6 пати неделно морам обавезно да патувам со автобус до факс и назад, башка потребите настрана и потребата од превоз за други активности. Па ако може да споделиме некои информации во врска со шверцувањето. Кога е најпогодно (отприлика, според ваши искуства) за шверцање ? Кога има инспекција ? Каква е инспецијата (во смисла, како можеме да ги препознаеме) ? Кои се казните за шверцање ? Каде иде инспекција ? Отприлика кое време ? Искуства и разни случки поврзани со насловот на темата се добредојдени. Знам дека не е етички да отворам ваква тема, знам дека можам да заштедам на пари ако извадам месечна или карта за 10 возења бла бла... али тоа е. Зарем не е неетички да им се даде бесплатен превоз на старците кои ама баш немаат никаква потреба (освен тие што имаат) да одат секој ден на пазар, по весник или до City Mall само за да заштедат 2,5 денари на киселото млеко, а на студентот кој секојдневно патува, на кого текот животот може да му биде сменет заради превоз или некоја друга потреба (а за кого знаеме дека е нон-стоп шворц).
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав :)
Не се шверцај, високи се сега казните, плати си карта и завршена работа.
Не си дете да се срамиш пред толку народ. :D
А и не е чесно,некој да плаќа некој да не плаќа карта, автобусите не возат на вода сепак.
Но ако веќе сакаш да искористиш вози се во деновите кога има пензионери, и обавезно имај длабок празен поглед,некаде загледан како да ти истепале цела фамилија пред еден сат.:mad: И уште пред да дојде до тебе контролорот фрли му еден ваков ишарет на кратко
5.gif
секунда две, потоа како да не постои.
 
Тешко за шверц, само кога има многу народ, посебно кога пензионерите ќе навалат во вторник и петок, или кога повеќето се враќаат од работа, школо и сл. Тогаш му е мајката. Никој не сака да си има работа со пензионери ако не мора, па може да се искористи моментот. Ама тоа само ако мора човек (мислам на дружбата со пензионерите).
Инаку не сум баш досетлив кога се работи за инспекции. Обично ги препознавам кога ќе подвриснат: контрола! билети ќе ве молам! што е прилично доцна ако сум на втори спрат...
 
Извади си потврда за редовен студент и со тоа слободната ќе ти излезе околу 800 денари најпаметно,пошто контрола ќе ти улета кога тогаш ќе си платиш 200 денари и ќе се срамиш па ако одбиваш станици глупости...
 
So koj bus se vozis?
 
Па нели има финти за фалсификување на карти? Па ако не, фалсификувај слободна :) Или пробај на другар од средно школо, нека ти извади, нека каже дека му е изгубена на него, снајди се со други зборови :)
 
инспекција....инспекција....инспекција

Јас пријателе ти предлагам да си се вратиш во родниот Прилеп каде што нема да те фати инспекција (мајче мила не знаеш ни дека контрола се вика) за да немора да плаќаш ДУРИ 800 денари месечно за автобус.
 
Што се палиш бе,од кај да знае човекот инспекција,контрола што има врска,многу се накотивте паметни на форумов што е работава...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom