Го пишувам ова затоа што мислам дека е огромна перверзија една држава да плаќа бесплатно возење за пензионери кои не можат да допринесат ништо за општеството, а во исто време ги занемарува и запоставува средношколците и студентите кои се силата, иднината и мозокот на државата. Не оправдувам шверцање. Ако си некој што е вработен и зима плата, тогаш шверцањето е шамар за твоето достоинство. Со ова кажано, ако си студент што неможе да сврзе крај со крај или личност што постојано нема доволно кинта за у град, тогаш ова е еден од начините на кој можеш да заштедиш доста парички. Ако си некој што си се нашол без пари а не се возиш често во автобус, прашај го возачот дали може да те превезе две-три станици. Ако си културен најчесто се согласуваат.
Најчесто се шверцам во зимо кога има снег или е ладно и кога врне. Пошто обожавам да пешачам често шетам до факултет или одам со точак се додека дозволува климата. Овака правам уште откако почнав со факултет. Досега ме имаат фатено само двапати. Финтата е постојано да ги познаваш сите кривини и станици во рутата. Контролорите не носат веќе елеци туку носат кежуал облека. Лесно се препознаваат затоа што се двајца или тројца мажи што заедно чекаат автобус без кеси од пазар, и во работничко-кежуал облека (доста невообичаено, затоа што повеќето возрасни мажи имаат коли, а и да немаат нема ваљда у друштво да одат со автобус).
200 метра пред постројката ќе гледаш низ прозор да ги измеркаш сите што чекаат на станицата. Ако приметиш некои такви што не се вклопуваат со останатите младичи. баби и дедовци, полека и смирено, без паника си стануваш и излегуваш од автобусот. Се разбира, ова не е 100% издржлив систем затоа што контролорите понекогаш (иако ретко) знаат да се качат на сред улица. Како генерално правило, седнувај на првото седиште од десно после втората врата затоа што во исто време седиш повисоко и гледаш подобро кој чека на станица, на добро место си што значи можеш најсмирено за две секунди да излезеш од автобусот. А и плус седиш, иако ова не го препорачувам.
Е сега секој автобус си е приказна сама за себе.
Југословенските се прилично поволни затоа што имаат 3+ врати. Можеш да влезеш од каде сакаш, ако има место и ти се седи седнуваш на првото седиште после втората врата а пред третата врата. Ако тоа е зафатено,
застануваш пред втората врата. Не оди позади, и не седнувај на никое друго. Затоа што е двоседно седиште, ако некој сака да седи до тебе,
стани за да седне до прозор, затоа што инаку ќе бидеш затворен. Кај овие автобуси прозорите знаат да бидат проблем затоа што се често немиени и помали во споредба со модерниот или украинскиот автобус.
Овие автобуси ги ставаат најчесто на селски линии каде што се ствара огромна гужва. А бидејќи контролорите се прилично мрзливи луѓе, најчесто избегнуваат да влегуваат во автобуси каде што не се дише. Имајте го и ова на ум.
Модерните се исто така доста поволни затоа што имаат три врати. Тие се исто така поволни затоа што второто седиште после средната врата (ова нашето) е значително издигнато заради каросеријата на тркалото што значи дека можеш да добиеш супер поглед кој чека на станица. Исто така уште еднаш, бидејќи се двоседни, ако не можеш да седнеш на тоа за брзо бегање,
воопшто не седнувај. Исто така добро седиште е последното од самите пред втора врата од лева страна. Ако и ова е зафатено
стој на средна. Прозорите се големи, така не би требало да имаш проблем да гледаш све што се дешава надвор на постројка. Штета што се се поретки и поретки.
Украинските се не толку поволни затоа што нема добро место за седење. Второто седиште од средната врата кај овие е спуштено, така да не препорачувам да седите на него. Кај овие најдобро место е кај потпората за стоење што се наоѓа кај местото за стоење кај средна врата. Стоење и седење на ниедно друго место. Колку и да има гужва никако не се тргајте од средна врата. И кај овие автобуси стаклата се супер. И овие полека ги снемува.
Кинеските(двокатните) се вистински кошмар. Имаат две врати, неквалитетни стакла на кои после еден дожд не се гледа ништо надвор. Немаат место за стоење и се ризични затоа што вратата од каде што ќе влезат контролорите е истата од каде што ќе треба да излезеш ти. Како генерално правило овие ги избегавам како инкасација. Ако веќе морате да се возите во овие, седнете на првото двоседно седиште од страната за бегање. Стоењето кај средната е малце непријатно затоа што ако си повисок физикус ќе треба да се веднеш на секоја станица и многу е чудно. Горе никако.
Како финален совет, ако си испод 16 години, кога ќе се шверцаш не носи ништо во тебе, пари никако затоа што претресуваат и ќе ти ги земат парите. Ако си над 16 години и те фатат. и имаш лична карта, најдобро е да си платиш 200 денари. Мене ми се има случено да ме фатат и да им киднам низ задна затоа што возачот заборави да не отвара врата.
Со среќа, и не заборавајте: ако имате пари, платете, не бидете цинцари.