Kalap Angel
Jedi
Пошо сум студент во Скопје, и парите многу побрзо ми летаат отколку во родниот ми Прилеп, отворам (се надевам, една интересна) тема на тема шверцување во автобусите на ЈСП во Скопје. 6 пати неделно морам обавезно да патувам со автобус до факс и назад, башка потребите настрана и потребата од превоз за други активности. Па ако може да споделиме некои информации во врска со шверцувањето. Кога е најпогодно (отприлика, според ваши искуства) за шверцање ? Кога има инспекција ? Каква е инспецијата (во смисла, како можеме да ги препознаеме) ? Кои се казните за шверцање ? Каде иде инспекција ? Отприлика кое време ? Искуства и разни случки поврзани со насловот на темата се добредојдени. Знам дека не е етички да отворам ваква тема, знам дека можам да заштедам на пари ако извадам месечна или карта за 10 возења бла бла... али тоа е. Зарем не е неетички да им се даде бесплатен превоз на старците кои ама баш немаат никаква потреба (освен тие што имаат) да одат секој ден на пазар, по весник или до City Mall само за да заштедат 2,5 денари на киселото млеко, а на студентот кој секојдневно патува, на кого текот животот може да му биде сменет заради превоз или некоја друга потреба (а за кого знаеме дека е нон-стоп шворц).
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав
Темата верувам дека е од интерес не само за студентите, туку и за било која категорија на луѓе - така да - пишувајте. Поздрав
