Стрелаштвото во Мaкедонија

  • Креатор на темата Креатор на темата ROZA
  • Време на започнување Време на започнување
abe pojma nemam od nisto vo vrska so lak i strela :) onaka prasav, mi se cini interesno, pa dali ima nekoi luge so se zanimavaat so toa tuka za da prasam so e kako e:)
Интересно е и тоа бајаги интересно. Убаво е чувството кога се тегне лакот и кога ја пушташ стрелата. Штета што го немам лакот веќе.
Во Ск мора да постои некој клуб сеуште...треба да се распраша човек.
 
Да не знаете случајно каде може да се набави Гамо воздушна пушка. По огласи на pazar3.com.mk дознав дека луѓево од Микеи ги купувале но сакав некоја подетална информација. За Гамо читав безбројни рецензии, пушките им се лудница во однос на дадените пари. Ако знаете и цени случајно, би ми било од голема помош. Сајтот на Микеи е за греота, никакви информации немаат за воздушни пушки. А за ловното оружје направиле линкови према веб-страните на фабриките од кадешто го набавуваат. Колку да се рече дека направиле веб-страна.

Исто наидов на оглас за некојаси продавница за оружје во Битола - Кремен. Имаше постирано и слики од ентериерот, и таму исто Гамо пушки се гледаат по витрините. Ама пак никакви подетални информации. Тие па ни веб-страна немаа. :tapp:

Да им се јавам на телефон па некако не бива... „ај ве молам кажете ми цена за Gamo CFX, за Gamo Hunter, за Gamo Viper... (има некои 20 модели на Гамо воздушни пушки)“ Ќе ги збудалам со прашања. Така да мислев ако е некој запознаен со цени за овие пушки да ми даде некоја информација.
 
Тие се со една тетива се викаат Recurve (44 либри јачина). Со таков вежбам само на отворено, без нишани, онака брзо, ловечки. Се надевам дека во иднина ќе имам Рекурв лак од 60-ина либри (ловечки).
Мислам дека Микеи има свој стречичарски клуб, вреди да се праша.
Од каде си го купил, колку чини, дали е потребна посебна дозвола за поседување на истиот (дали е потребно да си член на некој клуб, на пр. или ловечко друштво)?

Фала однапред.
 
Од каде си го купил, колку чини, дали е потребна посебна дозвола за поседување на истиот (дали е потребно да си член на некој клуб, на пр. или ловечко друштво)?

Фала однапред.
Ми го даде еден пријател од К.Вода. Тој порано тренирал со него...сега веќе не и ми го даде тогаш на користење.
Има некакви лакови (зборам за recurve, не за compound - овие вториве не се мој тип на лак) во Micei international, ама не знам колку се јаки истите. За поседување мислам дека не треба дозвола...не сум сигурен.
На нет има прекрасни лакови... јас се надевам дека ќе добијам некој...некогаш.
Сакаш да стрелаш спорстки или?
 
Извини за задоцнетиот одговор. Спортски сега-засега, да. Стрелаштвото отсекогаш ми било привлечно (бев најдобар со воздушна во ОНО-тимот на мојата гимназија), само некако не сум имал услови да се занимавам со тоа. Сега имам малку повеќе време, па се мислев да земам воздушна, па после ми текна - а зошто не лак и стрела... Па ќе видиме што ќе биде со плановите...

А каде се наоѓа таа продавница? Ми треба нешто основно, како за почеток, не некој екстра-шо-знам-олимписки лак. Сакам да кажам, не мора да е со сите оние нишани и помагала на него - мислам дека такви се ловечките? И да, recurve, не compund.
 
Mikei на градски зид...ваљда така се вика местото.
 
Пукав спортски со воздушна „Застава“ , праисториска пушка, од 10м.
Кавадарци секогаш сме победувале, само Херој Прилеп беше конкуренција во мое време. Личниот рекорд ми беше околу 170/200.
 
Од дамна нема никој пишано на темава....

Каде има во Скопје,место каде што можеш да пукаш со некое оружје,и кое ? и дали има некој како инструктор или слично,или на своја рака е ?

Прашувам,пошто мислењава се од дамна...
 
Од дамна нема никој пишано на темава....

Каде има во Скопје,место каде што можеш да пукаш со некое оружје,и кое ? и дали има некој како инструктор или слично,или на своја рака е ?Прашувам,пошто мислењава се од дамна...

Камник било сеуште активно баш јас прашав член пред некој ден.. мора да отидам наскоро да го посетам :) и да имало инструктор да те научи основни работи.
 
Камник било сеуште активно баш јас прашав член пред некој ден.. мора да отидам наскоро да го посетам :) и да имало инструктор да те научи основни работи.
леле профи еј :D

само,ме уплаши со цифри овој погоре,50 евра многу е:confused:
 
леле профи еј :D
само,ме уплаши со цифри овој погоре,50 евра многу е:confused:

Какви 50 евра ? Ваљда нема да пукаш 200+ куршуми.. како што знам цената е 20-30 денари од испукан куршум ;) инаку си имал и најразличен избор на пиштоли да пукаш како мали/големи берети, глокови, магнуми итн.
 
доволни ми се 30 куршуми ?

идам нареден викенд:D
 
доволни ми се 30 куршуми ?

идам нареден викенд:D

Појма немам и ја сега се распрашував оти сакам да одам ама како што викаат заразно било така да незнам дали ќе ти стасаат, провери отиди види па обавезно пиши што/како си направил.. да знам и јас зошто најкасно до септември ќе одам и јас.
 
Каде може да се најде низ Скопје профи лак (compound)? Низ нетов наидов на многу страни ама ретко каде има достава до Македонија...Секоја информација е добродојдена...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom