Еден и единствен...

  • Креатор на темата Креатор на темата Marvin
  • Време на започнување Време на започнување
Мислиш дека само љубовта ја држи една врска? Дека ако таа постои, се е розево? Сметаш дека пеперутките се уствари љубов?
Штом сте се смениле ко личности, веќе можно е да не гледате исто на работите ко порано, веќе сте други личности со малце поразлични цели во животот и тоа е тоа. Исто можда љубовта ја има, џабе е. Не можам јас на 20 години да се нервирам и да се борам за некаква врска што гледам дека не оди и не ме исполнува, па колку и да се трудам.
Да се борам, ако и тој другиот сака да се бори, во ред. Али кога гледам дека и од другата страна е сеедно, па кој курац.

Почит, разбирање (големо!), компромис, грижење еден за друг, без закачувања за секакви глупости, одат рака под рака со љубовта. И во право си, љубовта не може секогаш да ја чувствуваме во исто ниво ко на почетокот, али другиве работи ако ги има, тие ја одржуваат една врска.

Споредбата пак со порано, ми е исто ко баба ми кога ќе каже дека на мои години имала веќе 2 деца.
Да, таа имала, јас на мои години, се трудам да станам човек, а на брак и деца не ми ни текнува моментално. Заеби што правеле порано, денес е сосема друг начин на живот.
И верувај, за некои работи (луѓе), дефинитивно треба да ги оставиш скршени. Можат да ти одземат многу време во исправање, а после некое време да увидиш дека не вредело.

Па мислам дека љубовта е доста важна. Ако нема љубов, не би требало да има врска. Нормално дека не треба да е единствена. Во право си за сите други работи. Ама почитта се стекнува, разбирањето и компромисот се градат со тек на време во врската, грижењето доаѓа од љубовта.... Љубовта е таа која треба да се негува најмногу.
Не дека е се` розево ако постои љубов, ама треба доброто/розевото да преовладува, во спротивниот случај е мачење и љубовта сакал нејќел ќе ја снема. А пеперутките не се љубов, ама е убаво чувство што пример јас го обожавам и не сакам да го заборавам тоа чувство само затоа што сум бо долгогодишна врска. Тоа беше прост пример. Поентата ми беше, треба партнерите да се заведуваат и после години поминати заедно. Затоа што во спротивно се претвора во навика. И може да биде на исто ниво, имам видено :)
Ама, јасно ми е што сакаш да кажеш зашто баш тоа и ми се има случено. Љубовта беше таму, ама ние се сменивме.
Споредив со порано зашто темава е таква. И јас ги мразам тие муабети :icon_lol:. Ама имањето на еден и единствен било нешто што порано било доста често. Не викам дека тоа било совршено и така треба да биде, ама мислам дека денес прекратко траат врските затоа што никој (или бар еден) во врската неможе да се замара со ништо :D
 
Малку нејасно ми е прашањево. Се мисли на еден единствен дечко, значи се фаќаш со дечково и толку, никогаш со друг си немала ништо или се мисли во смисла на еден и единствен сексуален партнер?

Искрено ако се мисли на еден единствен дечко, јас не верувам дека постојат такви луѓе. Ептен е среќа од прва да ти се погоди човекот. Причина повеќе што не верувам дека постојат такви луѓе е што првите дечковци/девојки се фаќаат додека сме уште мноогу млади, па луѓето се менуваат како што созреваат и немаат повеќе исти размислувања.

Е сега ако се работи за еден и единствен сексуален партнер, тоа верувам дека постои.
 
Мислиш на двајцата во врската или едниот само?
 
Јас ти кажувам дека постојат :)
 
Мислиш на двајцата во врската или едниот само?
Па искрено мислам дека постојат такви девојки, а за машките некако не ми се верува. Мислам дека кај машките е повеќе изразена онаа парола "колку повеќе девојки ќе легнеш толку поголем фраер си". Од друга страна пак девојките за да легнат со некого бараат да има некое чувство. Што нормално во ова наше модерно време со изгубени морални вредности веќе нема никакви правила, но сепак мислам дека сеуште можат да се најдат девојки со само еден сексуален партнер во животот. Барем јас познавам неколку. Момци со една сексуална партнерка - не познавам ниту еден.

Јас ти кажувам дека постојат :)

Таквите се мноооооогу среќни во животот.
 
Постои еден и единствен ако си во врска од 13 години, а му родиш дете на 20 години. А постојат и такви врски што се влечат од средно училиште, меѓутоа верноста не им е силна страна, бар не на еден од партнерите.

Ретко, многу ретко е првиот партнер, особено првиот сексуален партнер да остане човекот со кого ќе го поминеш целиот живот, а во меѓувреме нема да направиш дупки во врската со варања, ниту ќе го дочекаш тоа.

Во моето опкружување не познавам, другите примери веќе ги кажав.
 
Па искрено мислам дека постојат такви девојки, а за машките некако не ми се верува. Мислам дека кај машките е повеќе изразена онаа парола "колку повеќе девојки ќе легнеш толку поголем фраер си". Од друга страна пак девојките за да легнат со некого бараат да има некое чувство. Што нормално во ова наше модерно време со изгубени морални вредности веќе нема никакви правила, но сепак мислам дека сеуште можат да се најдат девојки со само еден сексуален партнер во животот. Барем јас познавам неколку. Момци со една сексуална партнерка - не познавам ниту еден.

За такви парови постојат, али двајцата да си се први и така верно до гроба немам чуено, ниту верувам дека постојат:)
 
Многу тешко да се одолеее денеска, и да се остане рамнодушен и да не се изневери. стравот и страста се многу блиску. секој сака да проба туго. Кој нејке туго и од своето ,,аир не гледа )))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom