BiG_kIsS
You talk too much... Let me shut you up
- Член од
- 4 септември 2007
- Мислења
- 3.414
- Поени од реакции
- 2.923
- Возраст
- 35
Мислиш дека само љубовта ја држи една врска? Дека ако таа постои, се е розево? Сметаш дека пеперутките се уствари љубов?
Штом сте се смениле ко личности, веќе можно е да не гледате исто на работите ко порано, веќе сте други личности со малце поразлични цели во животот и тоа е тоа. Исто можда љубовта ја има, џабе е. Не можам јас на 20 години да се нервирам и да се борам за некаква врска што гледам дека не оди и не ме исполнува, па колку и да се трудам.
Да се борам, ако и тој другиот сака да се бори, во ред. Али кога гледам дека и од другата страна е сеедно, па кој курац.
Почит, разбирање (големо!), компромис, грижење еден за друг, без закачувања за секакви глупости, одат рака под рака со љубовта. И во право си, љубовта не може секогаш да ја чувствуваме во исто ниво ко на почетокот, али другиве работи ако ги има, тие ја одржуваат една врска.
Споредбата пак со порано, ми е исто ко баба ми кога ќе каже дека на мои години имала веќе 2 деца.
Да, таа имала, јас на мои години, се трудам да станам човек, а на брак и деца не ми ни текнува моментално. Заеби што правеле порано, денес е сосема друг начин на живот.
И верувај, за некои работи (луѓе), дефинитивно треба да ги оставиш скршени. Можат да ти одземат многу време во исправање, а после некое време да увидиш дека не вредело.
Па мислам дека љубовта е доста важна. Ако нема љубов, не би требало да има врска. Нормално дека не треба да е единствена. Во право си за сите други работи. Ама почитта се стекнува, разбирањето и компромисот се градат со тек на време во врската, грижењето доаѓа од љубовта.... Љубовта е таа која треба да се негува најмногу.
Не дека е се` розево ако постои љубов, ама треба доброто/розевото да преовладува, во спротивниот случај е мачење и љубовта сакал нејќел ќе ја снема. А пеперутките не се љубов, ама е убаво чувство што пример јас го обожавам и не сакам да го заборавам тоа чувство само затоа што сум бо долгогодишна врска. Тоа беше прост пример. Поентата ми беше, треба партнерите да се заведуваат и после години поминати заедно. Затоа што во спротивно се претвора во навика. И може да биде на исто ниво, имам видено

Ама, јасно ми е што сакаш да кажеш зашто баш тоа и ми се има случено. Љубовта беше таму, ама ние се сменивме.
Споредив со порано зашто темава е таква. И јас ги мразам тие муабети

