..ајсмен.., шипки варени што ќе ме погодиш од Загреб...

, не ќе можеш ни опашката да ми ја посолиш , а не пак да ме погодиш....

Миг 21 е последен во низата едномоторни пресретнувачи и мора да се признае достоен примерок , во самиот врв .. на концептот на Курт Танк кој инаку се прославил на времето со ФокеВулфот 190..... и кој концепт потоа и русите , американците, французите и останатите без срам и перде го копираа...
Овие другиве кои ги спомнуваш се двомоторни авиони , небо и земја со лозата Миг15-17-19-21 и на нив сличните Сухои , не многу познати надвор од СССР..
Русија има еден интересен систем во авијацијата , посебно воената..
ОКБ и производни заводи означена со бројка. Опитните Конструкторски Бироа ги носеа имињата на Главните Конструктори , а обично беа од ниво на мали тимови , до цели институти кои на некој начин конкурираа и се натпреваруваа за државни буџети за проекти кои ги нудеа , а на основа на ТТ барања емитирани од страна на заинтересираните министерства. ОКБ -те го следат проектот до напреден прототип, а после на основа на одлука за сериско производство некој или повеќе од заводите добиваат нарачки за серија.
Со распадот на СССР многу од овие системи останаа без работа и се снаоѓаа како кој знае и умее.., а само неколку останаа исклучиво во браншата на воздухопловно производство. Истата судбина ги стигна и многуте кооперанти и производители на компоненти, материјали и подсистеми.
Системот е сличен и во УСА , а и насекаде само што таму од секогаш компаниите ( наводно приватни , а ДЕБЕЛО на државни буџети) реализираат проекти на основа на спецификацци емитирани од страна на соодветните заинтересирани државни институции во рамките на самата компанија , соработка со НАСА и некои универзитети...
Всушност се е тоа иста приказна само во различни обланди..., а се сведува на дебело трошење на пари за да се одржува трката во наоружување, која пак за да биде оправдана , постојано мора да измислува и произведува војна.....