ЕУ ја доби Нобеловата награда за мир

Дали ЕУ заслужи да ја добие Нобеловата награда за мир?


  • Вкупно гласачи
    101
Ги имаат поткупено де.....
откако е формирана ЕУ немаат спречено едно дело каде што гинат невини луѓе
 
Демек значи оваа награда нешто. Некој му текнува кој ја доби пред 4 години?
 
Не мом поќе.
Ај в година здравје...
afghanelderscrop-420x0.jpg
 
Уште на Клинтон кога му ја доделија оваа награда јасно ми беше колку е саат, од тогаш наваму ништо повеќе не ме изненадува од западната нецивилизација.
 
Значи Џулијан Асанж извиси. :facepalm:
Што да се очекува од земја во која за убиство на сто деца се добива 20 годишен престој во high-security хотел.
 
It's official, нобелот за мир не вреди ништо.
Мислам пред некоја година го доби Обама уште пред да стапне во белата куќа, сега ЕУ...
Мислам.... озбилно сеа. WTF
 
Грција: Кризата и' ја подари Нобеловата награда на ЕУ

Одлуката на Нобеловиот комитет да ја додели Нобеловата награда за мир на Европската унија предизвика збунетост кај многу Грци, чија држава повеќе од која и да е друга земја на ЕУ страда од длабоката економската криза.


„Грчката криза и' ја даде Нобеловата награда за мир на Европската унија!", е еден од насловите во петокот на еден грчки портал.

„Награда за мир мораше да му се додели на грчкиот народ, кој страда од она што се случува", пишува во коментарот еден од читателите на итнернет страницата на грчката агенција. „Колку побрзо ЕУ биде распуштена, толку побрзо мојата земја ќе биде слободна", вели друг читател.

Економската криза во Грција се заканува на интегритетот на Европската унија, и многу грчки аналитичари со големо внимание го очекуваа прогласувањето на добитникот од странана на норвешкиот Комитет за доделување на Нобеловата награда за мир во петокот претпладне. Европското единство, за што е доделено признанието на Европската унија - го нема, убедени се повеќето Грци.

„Нобеловата награда за мир 2012 - на ЕУ, добитник на Нобеловата награда за економија 2012 - Грција", забележува еден грчки блогер.

Во грчкиот сегмент на микроблогот Twitter, одлуката на Нобеловиот комитет предизвика остри критики и исклучително емотивни коментари.

Многу Грци се прашуваат што ЕУ сторила „за да ја запре 38-годишната окупација на Турција на дел од Кипар, кој е членка на Унијата". „Лицемерието нема граници", се вели во еден од постовите на Twitter.

Грчките читатели на интернет изданијата оставаат забелешки за бомбардирањета на поранешна Југославија, Либија, Ирак, Авганистан...

Грчките медиуми во петокот цитираа голем број европски политичари во врска со „збунувачката одлука на Нобеловиот комитет".

„Сега, што? Оскар за ван Ромпуј?", ја цитира на својата интернет страница aтинската телевизија Skai изјавата на холандскиот евроскептик Герт Вилдерс, поставена на неговиот блог.

Се наведува и изјавата на поранешниот британски министер за надворешни работи Малколм Рифкинд кој смета дека доколку Нобеловиот комитет сакал да ја додели наградата за зачувување на мирот во Европа, тогаш морал да го подели признанието меѓу ЕУ и НАТО. „До крајот на Студената војна, НАТО има направено повеќе од кој и да е друг да го спаси светот", вели Рифкинд.

Странските политичари во своите коментари ја споменуваат и Грција. „Наградата секако вечерва ќе биде прославена во Атина", изјави еден до лидерите на британската Лабуристичка партија, Едвард Болс.

Грчките медиуми потсетуваат дека оваа не е првата контроверзна одлука на Нобеловиот комитет, односно на протестите предизвикани од доделувањето на оваа престижна награда во 2009 година на американскиот претседател Барак Обама, и тоа по помалку од една година по неговото влегување во Белата куќа, а пред тоа на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер./крај/мф/сн

ИЗВОР.
Хахахахахахахахахахахахахахахах! Грчката криза и ја даде Нобеловата награда за мир на Европската Унија! Ахахахахахахахахахахах!:pos::pos::pos::pos: Не можам!!!:pos:
 
Од секогаш ми била апстрактна оваа категорија(Мир).Физика, хемија и медицина се доста , да кажам конкретни. Литература и онаа во чест на Нобел за економија, ајде може да се најде некакво тло, ама пак оваа за мир фечно ми е била енигма. По кои критеруми се опфатени, веројатно ни они не знаат. Доста флуидно нешто.
 
Nagradata e dadena zaradi promoviranje na: 1. mirot; 2. demokratijata; 3. coveckite prava.

1. EU ucestvuva vo vojnite vo Irak, Avganistran, Libija i Sirija, prethodno vo poranesna Jugoslavija.

2. Menuva premieri i postava svoi (na primer Berluskoni), ponistuva referendumi dodeka ne dojde do sakaniot rezultat (Irska); i e predvodena od lugje sto ne se izbrani na izbori i ne se predmet na otcet, a donesuvaat zakoni, oddanocuvaat i trosat pari kako samo smetaat deka e potrebno.

3. Listata e dolga, no dvojnite arsini za malcinstvata vo Grcija, Bugarija; Romite vo Francija, pravata na Kataloncite, Baskijcite i ostanatite...

Navistina, kogo mislat deka motaat ovie od komitetot na Nobel?!? Poveke lici na poteg da go pokrie ocajot na EU-birokratite, no im napravi meceska usluga.

 
Во Гејлада Грчките џандари тепаат демонстранти на секој чекор, неонацицистите од Златна Зора тепаат емигранти и се закануваат дека ќе бидат убиени ако не се иселат, Во Шпанија полицијаците масовно тепаат демонстранти само затоа што протестраат, Во Франција депортираат Роми, Во Грција се веат фашистички знамија и имаат фашистичка партија во парламент..................да не редам уште 100 примери стварно Еу ја заслужува Нобеловата Награда за Мир се надевам дека за Награда ќе добијат од Нобел 100 тона ТНТ да си го искористат во седиштето во Брисел. Зошто од нивните двојни стандарди, нивната бирократија и нивната должничка криза , на многу луѓе и држави им е преку таквото дојдено
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom