Скопје или провинција?

Каде повеќе би сакал да живееш?

  • Скопје

    Гласови: 82 48,8%
  • Провинција (Битола, Штип, Кавадарци, Струмица,Охрид и сл)

    Гласови: 86 51,2%

  • Вкупно гласачи
    168
Статус
Затворена за нови мислења.
Скопје, многу јасно. Овде сум родена, овде живеам и ќе живеам! Не прифаќам никаква провинција, па макар и град со езеро како што се Охрид, Ресен и Дојран. Летото секако го поминувам на езеро, море и планина така да не ми недостасува тоа. Не би отишла да живеам во ниеден друг град на светот, само нашето Скопје! :)

393582_227768257303238_100002101968650_523848_186709997_n.jpg


skopje-plostad-14-sep-2011.jpg


И не зборете дека во другите градови немало пристојни услови за живот. Добро, во некои и нема, тоа е точно, ама повеќето градови се добро место за живеење. Е сега, Скопје си е Скопје. ;)
30 години живеам овде, роден овде....не ме јеби со сликиве, жити све....
 
Скопје е главен град на Република Македонија и нормално е да сите јавни институции и центри да бидат сместени таму. Скопје е град во којшто многу луѓе пробале да ја најдат својата среќа понесени од фактот дека што поголем град толку поголемо лично уживање и слобода. Јас сум од Скопје и искрено не би се преселил во друг град затоа што тука сум роден и тука ми е се. Другите градови во Македонија се прекрасни. Секако дека не може да се инвестира подеднакво во сите градови. Тогаш би настанало каша попара. Така е низ цела Европа. Германија, Франција, Шпанија... па сите знаеме само по 2-3 града таму што се познати и што доколку би оделе во таа земја би ги посетиле. Немојте да ми кажете дека еден Париз е исто развиен колку и еден Тур (град во Франција). Тоа е невозможно. Друго што сакам да кажам е дека јас знам колеги и колешки мои од другиве градови доаѓаат да студираат во Скопје, а во нивните градови успешно функционираат истите факултети. Ете Штип, Битола, Охрид... сите имаат факултети, но за нив предноста е да студираш во Скопје... тие студенти даваат по минимум 300 евра месечно за просечна живеачка во Скопје, живеат далеку од нивната фамилија и истите тие студенти се удараат во гради и си го бранат својот роден град. да бидеме реални, зошто не сте студирале во својот град? зошто преку еден обичен работен ден Скопје е преполн со луѓе којшто си ги вршат своите дневни активности и потреби во Скопје, и со тоа овој град се пренатрупува и се создаваат гужви и хаос. Кај нас во Македонија таква ни е сојта. уште од мали нозе не учеле - бегај од тука и оди каде што ќе имаш просперитет и каде што ќе можеш да најдеш добра живеачка. Неможе сите да бидат шефови, министри, директори, доктори, економисти и правници. Мора да има и некој што ќе го обработува ова плодно земјиште во Македонија.

и за крај, уште едно мое мислење. зошто се гради толку интензивно во Скопје?
затоа што сите се селат тука. секако дека подобро би било да се инвестира во една населба во скопје каде што се гледа дека живеат многу луѓе и да се направи болница таму, него да се инвестира во некои градови кои за жал пропаѓаат и исчезнуваат бидејќи сите млади од таму се доселени во Скопје или во странство...

сите градови ни се убави во Македонија и мора да се научиме да ја сакаме нашава земја
колку ти нема врска муабетов.. ама ај
1 болд
зошто е нормално да се инвестира повеќе во Скопје? Дали ти или твоето семејство плаќа по 50% данок?? Данокот е во Прилеп и во Скопје е ист.. од тука следува дека колку што треба во Скопје да се инвестира толку и во Прилеп...
знам дека е главен град, и дека треба подобро опремени болници, ама сепак во Прилеп апаратите во болницата се постари од најстарите пациенти..
зар жителите во Скопје треба да попривилегирани него другите?
зар мислиш дека болницата во Дизелдорф е подобро опремена од таа во Берлин?
2 болд
доста со ова.. ова е слободна држава секој има право да си се запиши каде што сака..
Електротехничкиот, Архитектонски , Градежен , Економски , Правен итн
си имаат историја и квалитет и се над другите факултети во земјава...
сакам најквалитетно образование за моите пари... затоа идам во скопје
ако беше УКИМ во Велес, ќе студирав во Велес, многу нормално
подобро би се гужвал во студентски дом и да студирам на солиден факултет, одколку да си уживам дома и да студирам на бош факултет...
е сеа немој да мислиш дека УКИМ е успешен бидеќи е во Скопје...
повеќе од половина од кадрите при УКИМ не потекнуваат од Скопје
3 болд
ако си ти мазохист и уживаш да живееш мизерно, преселисе во некое село во Источна Македонија..
зошто бе јас како Прилепчанец да неможам да бидам министер, зар тие рабони места што ги кажа се резервирани за Скопјани, а земјоделци да бидат тие од внатрешноста..
зар би било фер некој гениј со висок коеф на интелигенција да кисни на некоја нива, само заради тоа што неговото работно место било резервирано само за Скопјани


па и ако реално видам, моментално на Електро најдобрите студенти се од внатрешноста...

4 болд..
реално тука си го даде заклучокот на целиот твој пост...
давајте даноци сите за да се гради во Скопје ..

види главен извозен продукт на Македонија е тутунот и цигарите, а најголем инвеститор во Македонија се печалбарите од Пелагонија, Полог, Преспа...
кажими, како Скопје е клучно за македонија и нејзината економија?

последната реченица ти е само лицемерна изјава.. колку да се види еве колку сум јас добар и ја сакам цела македонија
 
Скопје не би го менувал за ниедно друго место во Македонија, ми се допаѓа градскиот парк , ми се допаѓа кејот покрај Вардар каде илјадници луѓе се рекреаираат трчаат, возат велсипеди ролери, ми се допаѓа Водно каде што многу луѓе се рекреираат. Ми се допаѓа улица Македонија, Кејот кај Гтц, Ленинова, Дебар Мало. Ми се допаѓа Филип II Стадионот каде што уживам да ги гледам Вардар и Македонија, Ми се допаѓа салата Борис Трајковски каде што можам да навивам за моите омилени екипи на домашни и меѓународни утакмици, ми се допаѓа што главните економски настани се случуваат во мојот град , ми се допаѓа што речиси сите големи компании се од Скопје , ми се допаѓа што во Скопје имам поголем избор и поголеми можности. ми се допаѓа тоа што во Скопје се прошируваат улици и што улиците и парковите се се подобро средени а истовремено се прават и уште многу нови. За секој што живее во Скопје може да си најде нешто што него му одгавара и го сака без разлика дале е место , улица продавница ,ресторан, некое паркче...........
Јас сум бил во скоро сите градови во Македонија моето родено Скопје не би го менувал за ниту едно друго место, во Скопје не памтам некој провинцијален да изел кутек само затоа што е од друг град , зошто за нас е нормално да доагаат луѓе од други држави и градови за разлика од нас ние од Скопје кога ќе отидеме во друг град бараат повод да ни се џитнат зошто нели ние сме од Скопје. Со тој факт само кажува на кој степен е културата во Скопје а во кој во другите градови. Немам ништо против некој да се досели во Скопје ама тој што дошол нека се прилагоди на нашиот начин на живот на говорот и менталитетот , не може 700 000 луѓе да се прилагодуваат за некој што дошол од ....
 
Скопје не би го менувал за ниедно друго место во Македонија, ми се допаѓа градскиот парк , ми се допаѓа кејот покрај Вардар каде илјадници луѓе се рекреаираат трчаат, возат велсипеди ролери, ми се допаѓа Водно каде што многу луѓе се рекреираат. Ми се допаѓа улица Македонија, Кејот кај Гтц, Ленинова, Дебар Мало. Ми се допаѓа Филип II Стадионот каде што уживам да ги гледам Вардар и Македонија, Ми се допаѓа салата Борис Трајковски каде што можам да навивам за моите омилени екипи на домашни и меѓународни утакмици, ми се допаѓа што главните економски настани се случуваат во мојот град , ми се допаѓа што речиси сите големи компании се од Скопје , ми се допаѓа што во Скопје имам поголем избор и поголеми можности. ми се допаѓа тоа што во Скопје се прошируваат улици и што улиците и парковите се се подобро средени а истовремено се прават и уште многу нови. За секој што живее во Скопје може да си најде нешто што него му одгавара и го сака без разлика дале е место , улица продавница ,ресторан, некое паркче...........
Јас сум бил во скоро сите градови во Македонија моето родено Скопје не би го менувал за ниту едно друго место, во Скопје не памтам некој провинцијален да изел кутек само затоа што е од друг град , зошто за нас е нормално да доагаат луѓе од други држави и градови за разлика од нас ние од Скопје кога ќе отидеме во друг град бараат повод да ни се џитнат зошто нели ние сме од Скопје. Со тој факт само кажува на кој степен е културата во Скопје а во кој во другите градови. Немам ништо против некој да се досели во Скопје ама тој што дошол нека се прилагоди на нашиот начин на живот на говорот и менталитетот , не може 700 000 луѓе да се прилагодуваат за некој што дошол од ....
Некои попаметни и од мене и од тебе рекле
Селото мое поубаво дури и од Париз.
По некоја логика да беше роден во некоја вукојебина пак на таму ке те влечеше само заради тоа што си таму пораснат и тоа е твојот роден крај и ништо повеќе.
И аман не ми објаснувај за културата на Скопјани, па за толку време од кога ви го изградија Скопјето после земјотресот бактерии да бевте некоја култура ке развиевте, ама не.
Ете само колку ви потрај тој сончевиот полнач за мобилни.
Проста маса си е проста маса и тоа ти е, така да стварно незнам што се чукате толку по гради демек скопјани ова скопјани она кога сите влечите не жили туку сајли од некое село од како што милувате да ја наречите провинцијата. Ајде не се срами да кажиш каде имаат твоите викендица( каде ви е куќата на село што малце ја подновивте и ја нарекувате викендица).
И крај на се кога ве реновираа после тој земјотресот барем да ви кажеа каде е центарот на градот како во секој нормален град од провинција каде сите патишта водат кон центарот.
А за болдираното, токму дека се курчите како ете јас сум од Скопје и по автоматизам сум најдобар и во се се сум нај нај, си го папате. Ќутиси не се курчи никој не те гиба. Кај ве трпат вака па уште и дома да му дојдиш и да му солиш памет, па нормално на туѓо буниште петел не се прави.
А говорот скопски ви е приказна само за себе. Незнам како не се срамите да зборате на скопски и тоа да го нарекувате говор. Муцките ке ви се искриват од виличење, јазикот ни го упропастивте. Па уште и да сме го научеле, бидете среќни што идат некој од внатрешноста па да слушните како тоа треба да звучи.
 
Скопје не би го менувал за ниедно друго место во Македонија, ми се допаѓа градскиот парк , ми се допаѓа кејот покрај Вардар каде илјадници луѓе се рекреаираат трчаат, возат велсипеди ролери, ми се допаѓа Водно каде што многу луѓе се рекреираат. Ми се допаѓа улица Македонија, Кејот кај Гтц, Ленинова, Дебар Мало. Ми се допаѓа Филип II Стадионот каде што уживам да ги гледам Вардар и Македонија, Ми се допаѓа салата Борис Трајковски каде што можам да навивам за моите омилени екипи на домашни и меѓународни утакмици, ми се допаѓа што главните економски настани се случуваат во мојот град , ми се допаѓа што речиси сите големи компании се од Скопје , ми се допаѓа што во Скопје имам поголем избор и поголеми можности. ми се допаѓа тоа што во Скопје се прошируваат улици и што улиците и парковите се се подобро средени а истовремено се прават и уште многу нови. За секој што живее во Скопје може да си најде нешто што него му одгавара и го сака без разлика дале е место , улица продавница ,ресторан, некое паркче...........
Јас сум бил во скоро сите градови во Македонија моето родено Скопје не би го менувал за ниту едно друго место, во Скопје не памтам некој провинцијален да изел кутек само затоа што е од друг град , зошто за нас е нормално да доагаат луѓе од други држави и градови за разлика од нас ние од Скопје кога ќе отидеме во друг град бараат повод да ни се џитнат зошто нели ние сме од Скопје. Со тој факт само кажува на кој степен е културата во Скопје а во кој во другите градови. Немам ништо против некој да се досели во Скопје ама тој што дошол нека се прилагоди на нашиот начин на живот на говорот и менталитетот , не може 700 000 луѓе да се прилагодуваат за некој што дошол од ....
Без навреда, ама кафиќите во скопје преживуваат од провинцијалци, види како е кога нема студенти, сум се дружел со деца од скопје седат кај фонтана или во парк, оти немаат 500 денари да испаднат.
станови купуваат пак провинцијалци, а улиците се прошируваат не заради тоа што подобро ќе биде, туку поради нужност оти ако не се прошират за 5 години нема да може градот да живее. Нормално е дека во скопје ќе има големи фирми, бидејќи децентрализацијата е од пред 10 години и треба време да се заживеат, а и да се навикнат луѓето дека работа не се свршува само во скопје.
И скопје не е 700.000 жители т.е скопјани, туку се на се е 700.000 жители и подобро ако сакаш да се дружиш со асални луѓе почни да истражуваш за говорот и менталитетот, посебно ако се од југо-источниот дел каде сонцето грее 280 денови и каде може твојата депресија од сивилото во скопје да биде излечена после 15-20 минути разговор.
 
1.Без навреда, ама кафиќите во скопје преживуваат од провинцијалци, види како е кога нема студенти, сум се дружел со деца од скопје седат кај фонтана или во парк, оти немаат 500 денари да испаднат.
2.станови купуваат пак провинцијалци, а улиците се прошируваат не заради тоа што подобро ќе биде, туку поради нужност оти ако не се прошират за 5 години нема да може градот да живее. Нормално е дека во скопје ќе има големи фирми, бидејќи децентрализацијата е од пред 10 години и треба време да се заживеат, а и да се навикнат луѓето дека работа не се свршува само во скопје.
И скопје не е 700.000 жители т.е скопјани, туку се на се е 700.000 жители и подобро ако сакаш да се дружиш со асални луѓе почни да истражуваш за говорот и менталитетот, посебно ако се од југо-источниот дел каде сонцето грее 280 денови и каде може твојата депресија од сивилото во скопје да биде излечена после 15-20 минути разговор.
1.Па нема да има пари кога претхдниот ден во кафана спукал 1500 денари а утредента испил 2-3 кафиња во град , и за вечер си купил шибица марихуана сигурно нема да има 500 денари во џеб. Дај во која сакаш кафана да искочиме да видиш дека од 16 години до 40 години има колку сакаш, дај да искочиме на ленинова . ул македонија кеј во било ко ден на денот било кој ден ќе видиш дека се прилично пуни дебар мало , а вечерно време осоебно за празници и викенд не очекувај дека ќе фатиш празно место. Ако во Скопје се нема пари незнам во кој друг град во државава повеќе има. Плус најплатените професии се наогаат во Скопје најаките компании се во Скопје и нормално родителите на тие деца можат да да му дадат 3 пати повеќе џеперлак од некој што работи помалку платена работа од внатрешноста.
2. Да бе ќе искочи дека само провинцијалци купуваа станови во Скопје, смешки но тој не надминува над 10% , сум бил во згради кој за брзо време се изградени и насленени и знам дека во просек над 9 станови на Скопјани 1 доаѓа на некој од друг град. Уште малце да поправам муабет и неколку те ферари , ламборџуни и масерати што се возат во Скопје ќе искочи дека се на некој од провинција.
 
До триесет и некоја во Скопје, после во план ми е да се преселам на помирно место.
 
Да падне нуклеарна бомба во вашето ценето Скопје, па и по цена јас да сум таму, би ја дал младоста.
Само заради болеста и вашата лоботомираност, да ја делите Македонија на провинции.

Абе зашто толкава омраза има во тебе...? Ме зачуди твојава изјава и затоа решив и јас да се умешам во темава иако и претходно имаме дискутирано за ова, ама во друга слична тема...
Не е ок, не е здраво поточно волку омраза да имаш во тебе наталожено...
 
Од секогаш сум читал по книги дека во Битола се сите најпознати школи, конзули, министри, султани. Од секогаш Битола важела за нај град во Македонија, со до моментот кога на некое Скопјанче му паднало криво дека неговото Скопје не е. Од тогаш намерно само таму се гради, се инвестира, сите центри се таму само и само со една цел. Да биде Скопје и само Скопје. Па со прави Грциве бараат да се викаме Република Скопје. Некој погоре спомна дека нормално било дека неможи да се инвестира паралелно во сите градови бидејќи ќе станело каша попара. Гледам во Америка се е турлитава. Незнам дали New York е поразвиен од San Francisco или Los Angeles, Chicago итн.
Не е ништо полошо и во Германија. Да Берлин е голем ама и Минхен не е помал, Диселдорф итн.
 
Прво за поимо провинција, как требе да се толкува... Клучнио збор тука е требе... Ама едно е како требе, друго е каква е ситуацијата. Една ластовичка пролет не праа, та и 3 човека оти реално не го користат у негативна конотација, не значи оти останалите са исто толко културни и воспитани... Ама ајде, нема врска шо е провинција, шо не е... Нема логика да се расправаме за неофицијална семантика на збор од урбан речник.
Пред неколку страни 3-4 пати беше спомнано оти скопје е современ, урбанизиран град со модерна инфраструктура. Е шо е толку помодерно у Скопје од инфраструктура? Оти има обиколница ли? Толкав ли наплив на инвестиции и средства има па у Скопје се граде се нај нај нај? Тава са чисти детски маабети, инспирирани од некаква лажна пропаганда за извртеност, и извештачено додавајне на непостоечка вредност. Скопје е исто толку урбанизиран, и има инфраструктура како и секој останан град у Македонија. Некои градове са дури подобро средени, и почисти од скопје.
За примерите со Њу Јорк.. Околу божик имах госќе од там (2ца од Бруклин, една мома од Њу Џерси до Филаделфија). Фини човеци, ареса и се ного у мојто селце.. Прошетах ги и до Скопје, најного аресаа чаршијата и беа возбудени, и среќни како се продава.. Однесех ги и на Бит пазар, и се изнакупија разни тракатанци, плетени нешта, итн... Ама најного аресаа дека живеам куќата, дворчето, овоштарниците... А за зимницата и јадејнето да не прааме маабет. Баш беа за бадник, па посно, па адети, ово оно... Абе американци... Да те е ќеф да ги гледаш как се ќефат. Поканија ме некој ден ако иам можност, да идам да ги посетам... Ама едвај ли ќе биде у блиска иднина. И они ми расправаа за селската америка, за реднеците, за простаците, за Њу Јорк оти не бил сјаен, итн. И ми кажаа оти повеќето човеци не са сјајни и пријатни там. Едноставно, ладни, одбивни, некултурни... И да, секој шо е од другата страна на Хадсон, живее у каменото време (заебанција). Така да, и там си ги има тија препукувајна...
Скопје е загадено, и со ѓубре и со воздух. Јас затава не би живеал там, не сам сакал да живеам там, и најважно никојпат не сам живеал там (освен 18 дена далечната 2005та у Стив у Автокоманда шо ги проживеах)... Скопје е град на цементо... Некои сакат тај цемент да го презентират како ултра-модерен, современ, урбанизиран, и не ти знам каков шмек... Ама тава си е само цемент... Сив, ладен, бездушен цемент, со претензии за огромна црна дупка за пари...
За сите шо викат оти македонија е децентрализирана, тава е само една голема фарса.. Сите конци ги теглат од Скопје. Сите конци ги однесеа у скопје со систематизации, законски реконструкции, и други правни рамки...Намерно ја пумпат и собират моќта у Скопје, за полесно да ја контролират и така дотепаната раја од “провинцијата“. Ама за тава не сте вие Скопјани криви. За тава е крива власта. Вие само користете ситуација, шо разбира се, нема ништо лошо у тава.
А дека е главен град, и тава не значи по дефиниција оти цела Македонија требе да налива безцелно пари у него. И ние сме човеци од внатрешноста. И ние сакаме нешто наше, оти как шо гледате, ногу ретко човек од внатрешноста да го осеќа Скопје како свое. А кој е заслужен за такви негативни и одбивни емоции? Јас никојпат не сам се осеќал комотно у Скопје, кога и да сам бил. Не знам зашо, секојпат ми е било туѓо, и чудно.
Германија не е добар пример, оти Западните покраини негодуват за Милијардите марки шо ги дадеа на истоко. И сега се каат шо направија пола источна германија тртеи и мрзловци... И да, Западна германија е ногу повеќе развиена од источна. За градовето и урбанизацијата да не прааме маабет. Берлин е исклучок, оти Берлин е реновиран од корен после 89та.
А дека другите градове изгледат апокалиптично, погледни само накај Чаир, Синѓелич, Шутка... Там имам 2-3 пати одено по работа.... Еми у мојто село не е таква џунгла... А секое сабајле крави и офци минат по пато...
 
Јас ти кажувам дека вашите сестри и девојки се прават швајцарско сирење во Скопје ти ставаш слика од Боки, добро сега ако ти е идол нема проблем твој избор. Студентските домови станаа јавни куќи и најде со цел памет да кажуваш какви се девојките од Скопје. :facepalm: Немам стварно вишок време да го трошам на тебе P.s Од кој град (село) беше ако некоја изработам од твојот град(село) да ја прашам дали те познава па да ти пратам некој поздрав да не искочи после дека сум некултурен и без манири .Поздрав:)
па и јас ти кажувам што прават скопјанки, дека се ганџаат во студентски станој ти не веруваш.. твој проблем
ај оди гледам дека си зафатен .мора да се организира ова, се кладам дека си во организацијава
Парада на гордоста во Скопје
ЛГБТ организира парада на пролет
Парада на гордоста, по прв пат ќе биде оджана наредната пролет кај нас. Ова го соопштија ЛГБТ Јунајтед, кои формираа тело за организирање на прва парада од ваков вид во Македонија.
„Во ова работно тело ќе бидат повикани да се вклучат сите заинтересирани релевантни организации и институции кои работат на полето на човековите права, како што се различни амбасади, државни агенции, народниот правобранител и ЛГБТ организации од регионот и пошироко“ се вели во соопштението на ЛГБТ Јунајтед.
Парада на гордоста, по теркот на светските урбани центри, е всушност дефиле на луѓето со хомосексуална ориентација низ улиците на градовите.
 
Пишав една и пак ќе пишам.

Самите се делеме на Скопје и останатото од државата, а после се лутеме шо овие гејците од југот не викат Република Скопје.
Гледам средношколката го смета Скопје за метропола од коа се градат статуите .. Шо требаше цицките на Олимпија и јајцата на Букефал да сјаат за да Скопје стане метропола ( шо и не е ) ?!Ама ајде 15 години има девојчето , не ја обвинувам.

Ја сум од Штип, студирав медицина у Битола, имам многу роднини од Скопје, Кочани и Кавадарци. Ги имам прошетано повеќето градови во Македонија, освен Западот кај белоглавите и можам да кажам дека Битола,Прилеп,Штип,Гевгелија,Охрид,Струмица не се градови кои можете да ги потцените , Велес ,Куманово, Струга(мада сеа е окопирана од белоглави), истотака.
Да ги навредувате останатите граѓани од помалите градови е чист показател на сељачизам.

Зашо се иде у Скопје ? Оти само таму се инвестира т.е. најголемпроцент одпарите од Македонија завршуват во Скопје. Нишо чудно шо сите бегат натаму, не дека Скопје е ветенатаземја, туку едноставно таму гледат подобар живот.
Ете, пример ќе го земам Штип. Од кога се отворија факултетите и од кога дојдоа турските студенти , градот почна да добива пари и почна да се гради. Центарот на Штип е раскопан и моментално се гради,што е добра работа. Очекувам градот ептен да рипне во наредните 4-5 години. Економскиот бум е најмногу заради студентите од помалите градови и од турските студенти. И шо треба сеа јас да одам низ градот и да се бунам шо ми дошле тука ? Не е Штип мое сопствеништво, нивен избор е тоа , сакат тука ,нека седат. Точно е дека огромен дел од штипските шмизли и принцези се ебат со турци за 50 евра, али пак нивен проблем. Точно е дека се зголеми бројот на сељачана со доаѓањето на студентите од помалите места, али таа сељачана исто ја имаше ( само у помал број ) пред и тие да дојдат ( напомена : Зборам за сељаци, не селани ). Али не викам да си соберат лопатите и опинците. Точно дека сметат, али не ми го контролират живото.

Шо мислете сите сакат да бегат од „провинцијата“ и да дојдат у „метрополата-република“ Скопје? Да имат работа и барем нормален живот во своите родни места, чисто се сомневам дека 80% од нив ќе сакат да емигрират у Ск.

Плус тоа , Скопје е правен од парите на цела република, а не само од пари на скопјани, па затоа покажите малце почит према „провинцијалците“.
 
Секако дека не може да се инвестира подеднакво во сите градови. Тогаш би настанало каша попара. Така е низ цела Европа. Германија, Франција, Шпанија... па сите знаеме само по 2-3 града таму што се познати и што доколку би оделе во таа земја би ги посетиле. Немојте да ми кажете дека еден Париз е исто развиен колку и еден Тур (град во Франција). Тоа е невозможно. Друго што сакам да кажам е дека јас знам колеги и колешки мои од другиве градови доаѓаат да студираат во Скопје, а во нивните градови успешно функционираат истите факултети. Ете Штип, Битола, Охрид... сите имаат факултети, но за нив предноста е да студираш во Скопје... тие студенти даваат по минимум 300 евра месечно за просечна живеачка во Скопје, живеат далеку од нивната фамилија и истите тие студенти се удараат во гради и си го бранат својот роден град. да бидеме реални, зошто не сте студирале во својот град? зошто преку еден обичен работен ден Скопје е преполн со луѓе којшто си ги вршат своите дневни активности и потреби во Скопје, и со тоа овој град се пренатрупува и се создаваат гужви и хаос.
Да бе, јас намерно отидов во друг град да студирам без разлика шо имаше во Охрид Економски, сакав на страна за инает.Во Охрид имаш Туризам, Царина, Осигурување и Криминалистика.За професорскиот кадар и начинот на полагање мислам дека доста луѓе се запознати.Имаш и Економски и Правен на ЕУРМ, ама ги префрлија студентите во Скопје.Ќе имаше и Стоматолошки таму, ама со пракса во Скопје :tapp:
Имав мерак едно време и за пилотската школа во Битола, ама штета, ја префрлија во Скопје.
Во Прилеп имаш некој факултет за тутунарство, секој втор ден ги мачат за некакви си вежби во Скопје.
Во Битола имаш Медицински...пардон Виша Медицинска = :гомце:.После мораш да продолжуваш во Скопје.Освен ова имаш Технички, Педагошки, Сообраќаен и Информатика, јак избор.Економскиот при УКЛО е во Прилеп.Единствен факултет во град со 85.000 жители.
Кажи ми каков факултет имаш на пример во Куманово, град со над 100.000 жители?

Скопје е натрупан со луѓе за најобична интервенција во болница, зошто таму немало апарати или била години реновирана (Охриѓани веќе трета година одат во Струга, Кочани е без возила за брза помош.Во Битола, патем болница со едни од најдобрите специјалисти во МК, пациентите сами си купуваа завои.).
Скопје е натрупан со луѓе пошо во локалниот ВИП или Т-Мобиле салон ќе ни речат го немаме тој и тој телефон, да провериме во Скопје.После 2 месеци преписки меѓу централата и салонот, велиш дека поисплатливо е директно да влеташ во централата на операторот.
Скопје е натрупан со луѓе поради немањето можност за другите да ја видат репрезентацијата во било кој спорт во живо освен во Скопје.
Скопје е натрупан поради министерствата во кои мораш да се појавиш лично и да подмачкаш за да ти потпишат најобична работа.
Дури и пензионери можат да одат сега од други места во Скопје, за гага превоз во ЈСП.Пошо во другите места за нив (при)градскиот не е субвенциониран.

Кај нас во Македонија таква ни е сојта. уште од мали нозе не учеле - бегај од тука и оди каде што ќе имаш просперитет и каде што ќе можеш да најдеш добра живеачка. Неможе сите да бидат шефови, министри, директори, доктори, економисти и правници. Мора да има и некој што ќе го обработува ова плодно земјиште во Македонија.
Значи по твојов муабет сите во Скопје да се директори, земојделци, министри и економисти, а тие помалку паметните или неписмени во секој друг град да се свртат на земјоделство?Браво, супер стратегија, спремен си за министер (y)
Ставање на сите надвор од Скопје во категорија земјоделци = типичен Кларк Кент примерок.Ги имаш доста со коментари по видеата на утакмици меѓу скопски и нескопски екипи.

и за крај, уште едно мое мислење. зошто се гради толку интензивно во Скопје?
затоа што сите се селат тука. секако дека подобро би било да се инвестира во една населба во скопје каде што се гледа дека живеат многу луѓе и да се направи болница таму, него да се инвестира во некои градови кои за жал пропаѓаат и исчезнуваат бидејќи сите млади од таму се доселени во Скопје или во странство...

сите градови ни се убави во Македонија и мора да се научиме да ја сакаме нашава земја
Во Скопје се градело интензивно зошто сите се селеле таму.Па подобро би било уште толку да инвестираме во Скопје пошо демек сите биле таму, а другите места да се дозапустат (и ако е моно луѓето од таму да не идат веќе во Скопје, ќе си бидат среќни земјоделци), добра стратегија :facepalm: Ако сите размислуваме ко тебе со твојава стратегија за уште инвестирање во Скопје и пропаст на другите места, кај ни е крајот.И после врвот дека сите места ни се добри и да научиме да ги сакаме.

Каде бе вака?Ти си типичен Кларк Кент примерок.Сите пари да одат во Скопје, сите најдобри болници, факултети и институции да се таму, пошо нели е невозможно исто да се вложувало насекаде, нека допропаднат другите места и нека садат грав, а тие попланинските да берат дрва.Нормално, да не останат гладни или недогреани во главниот град.Последната реченица ти е 102,5% лицемерна.И после сакаш меѓусебна почит ...
 
Друго што сакам да кажам е дека јас знам колеги и колешки мои од другиве градови доаѓаат да студираат во Скопје, а во нивните градови успешно функционираат истите факултети. Ете Штип, Битола, Охрид... сите имаат факултети, но за нив предноста е да студираш во Скопје... тие студенти даваат по минимум 300 евра месечно за просечна живеачка во Скопје, живеат далеку од нивната фамилија и истите тие студенти се удараат во гради и си го бранат својот роден град. да бидеме реални, зошто не сте студирале во својот град?
Друже пак ова нема врска со Скопје или не, Јас ти препорачувам ако си од Скопје да идеш во друг град да студираш чисто да се осамостоеш, да видеш реален студентски живот. Е тоа беа мојте најубаво години и ако економски најтешки. 24/7 дружење и слободно преспивање кај девојки и забави. Cool, би сакал да се врати тоа време. Иако не сум од скопје и не сум студирал во скопје сепак избрав да студирам не во мојот роден град. Едностано не ги признавам студентите кој немале студенски живот и студиреле во истиот град до тато и мама.
Неможе сите да бидат шефови, министри, директори, доктори, економисти и правници. Мора да има и некој што ќе го обработува ова плодно земјиште во Македонија.
Точно така , неможе сите да бидат шефови, но не значи по деректива дека ако си од Скопје си министер или директор. Треба да има динамично во преселувањето сакам да кажам дека овие функции треба да се делат по заслуга (и се делат без врска на сите врски успехот секогаш се докажува, затоа и има теколку директоро во скопје од провинција). Работата е што некој од провинција ако заслужи подобро место во општеството полесно ке се навикне на директорска позиција во Скопје за разлика некој од Скопје ако не се образова и нема некоја кариера тешко ке прифати да биде Земјоделец во Џумајлија Свети Николско, Значи треба да се навикнува Скопјаните да прифакат работи како селанец на село :)

Позз и се надевам ке ги прифатиш мојте одговори добро намерно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom