H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Откажување?
Октомври 2, 2012
Серијалот импресии од Лондон накратко ќе го прекинам, поради неколкуте мисли кои ме мачат последниве неколку денови.
22 години – Возраст кога си со завршен факултет. Возраст кога веќе треба да почнеш сам да си го заработуваш лебот и опстанокот. Возраст кога веќе не ти е згодно да бараш пари од родителите за сè и сешто. Возраст кога веќе крајно време е да одлучиш што ќе правиш во животот.
Блицот Лондон 2012 трепна пребрзо, па од него останаа личниот рекорд и убавите спомени. Се вратив назад во реалноста, суровата реалност. Што потоа? Стратешки план и програма, мотивација, обезбедување на услови? Кој е планот за Рио 2016?
За состојбите во македонската атлетика целата јавност беше запозната пред Олимписките Игри преку мојата и изјавата на Христина Ристеска во медиумите, т.е. за скинатите спринтерки или 8-те години во исти тренерки. И што суштински се случи? Речиси ништо. Се купија само спринтерки и тренерки. Тоа е македонскиот синдром на заборавање. Сè брзо се заборава. Актуелно е еден или два дена, се крева голема фама и потоа целосно се занемарува.
Ќе прашате можеби кои се моите планови за во иднина? Секако, Рио 2016 е на агендата. Но како да стасам до Рио? Веќе еднаш ја употребив вајлд-картата, па ако сакам да настапувам во Рио ќе морам да обезбедам олимписка норма, која што моментално изнесува 45.90 и од неа ме делат 2 секунди. Од Македонскиот Олимписки Комитет е донесено правило според кое не може да се настапува со вајлд карта на 2 Олимпијади.
Всушност, во однос на стипендии, во Македонија се доделуваат спортски стипендии од Агенцијата за млади и спорт на 20 атлетичари до 20 години. Но, клучното прашање е: „И после 20 години што? Да престанам да се занимавам со атлетика?“ Ова прашање освен мене е поставувано и од многу други атлетичари сениори, кои престануваат да тренираат атлетика во најубавите години поради тоа што не добиваат стипендија, а имаат солидни резултати. Во екипните спортови, пак, на сениорите многу не им влијае ова, бидејќи таму е развиен клупскиот спорт и се финансирани директно од клубовите.
Моментално, месечно добивам 0 денари спортска стипендија. И со таа голема нула не можам ни да ги покријам основните трошоци поврзани со атлетиката, како на пример соодветна исхрана, витаминизација која чини приближно 5000 денари месечно и месечна членарина во теретана која чини околу 1000 денари. Спортската опрема да не ја ни споменувам. Значи тие 6000 денари или народски кажано 100 евра, треба јас лично или од џебот на моите родители да ги издвојувам за да тренирам атлетика и да ја претставувам државата на атлетските натпревари во странство.
Реално гледано, со овој влог минимален влог од 100 евра месечно, олимписката норма е научна фантастика. За олимписка норма во атлетика потребни се многу многу премногу вложени средства. Тука спаѓаат и минимум 100 дена интензивни подготовки на годишно ниво, како и многу други битни фактори. Тука ќе го споменам и професионализмот. Во развиените држави спортот е професија, спортистите со тоа се занимаваат, од тоа живеат, во тоа се комплетно фокусирани. Кај нас, атлетиката е сведена на аматерско ниво и се става на 2 место во однос на факултетот или работата.
За 4-годишниот олимписки циклус пред Лондон имав вкупно 30-дена подготовки, тренирање на кеј во снежни услови, вежбање во импровизирана теретана, спортска стипендија од 0 денари итн. Епа за овие услови мислам и дека мојот сегашен резултат (47.92) е научна фантастика.
Воедно, морам да изразам огромна благодарност до Општина Велес, која беше единствената институција која застана зад мене и ми обезбедни финансиски средства за подготвки и витаминизација за Олимписките Игри.
Моментално се наоѓам во една фаза во која размислувам и за откажување. И тоа на возраст кога треба да се прават најдобрите резултати. Но за жал, таква е реалната ситуација.
И за крај да потенцирам повторно, со сегашната состојба во македонската атлетика, олимписките норми се недостижни.
Извор: http://blogirame.mk/g/3a854b5e/
Октомври 2, 2012
Серијалот импресии од Лондон накратко ќе го прекинам, поради неколкуте мисли кои ме мачат последниве неколку денови.
22 години – Возраст кога си со завршен факултет. Возраст кога веќе треба да почнеш сам да си го заработуваш лебот и опстанокот. Возраст кога веќе не ти е згодно да бараш пари од родителите за сè и сешто. Возраст кога веќе крајно време е да одлучиш што ќе правиш во животот.
Блицот Лондон 2012 трепна пребрзо, па од него останаа личниот рекорд и убавите спомени. Се вратив назад во реалноста, суровата реалност. Што потоа? Стратешки план и програма, мотивација, обезбедување на услови? Кој е планот за Рио 2016?
За состојбите во македонската атлетика целата јавност беше запозната пред Олимписките Игри преку мојата и изјавата на Христина Ристеска во медиумите, т.е. за скинатите спринтерки или 8-те години во исти тренерки. И што суштински се случи? Речиси ништо. Се купија само спринтерки и тренерки. Тоа е македонскиот синдром на заборавање. Сè брзо се заборава. Актуелно е еден или два дена, се крева голема фама и потоа целосно се занемарува.
Ќе прашате можеби кои се моите планови за во иднина? Секако, Рио 2016 е на агендата. Но како да стасам до Рио? Веќе еднаш ја употребив вајлд-картата, па ако сакам да настапувам во Рио ќе морам да обезбедам олимписка норма, која што моментално изнесува 45.90 и од неа ме делат 2 секунди. Од Македонскиот Олимписки Комитет е донесено правило според кое не може да се настапува со вајлд карта на 2 Олимпијади.
Новата атетска патека
Правилото е такво какво што е, нема тука бунење. Но, вистинското прашање е, како да се исполни норма без соодветни услови? И под услови не мислам само на атлетска патека; која иако навидум е основно средство, не е и клучно. Нека се доделат спортски стипендии, нека се обезбедат подготовки, витаминизација, физиотерапевти, психолози… па олимписката норма ќе дојде сама.Всушност, во однос на стипендии, во Македонија се доделуваат спортски стипендии од Агенцијата за млади и спорт на 20 атлетичари до 20 години. Но, клучното прашање е: „И после 20 години што? Да престанам да се занимавам со атлетика?“ Ова прашање освен мене е поставувано и од многу други атлетичари сениори, кои престануваат да тренираат атлетика во најубавите години поради тоа што не добиваат стипендија, а имаат солидни резултати. Во екипните спортови, пак, на сениорите многу не им влијае ова, бидејќи таму е развиен клупскиот спорт и се финансирани директно од клубовите.