Фала дечки на одговорите,
сега јас да одговорам.. Планирам да произведувам пуканки со различни големини, од 10 денари, до пример 30, 40.. овие малите секако ке бидат наменети за најмалите, со некакви гратиси, купони или слично. ..
пазарот го истражував и истражувам, конкуренција ке имам во Мако Маркет од СК, но како што гледам они многу многу не обрнуваат внимание на тоа јас што сметам дека ке ме пробие, подобра амбалажа, добар маркетинг (евтин а ефикасен), таргет групата итн итн.. Друг производител е Марибо од Србија, оние што произведуваат Чипси, они се ок, супер изгледаат, за квалитетот незнам, но се прескапи.. 125 гр продаваат за 70 денари, мако ги продава за 30.. јас можам да им потпрам на Мако се надевам.
За како ќе ги пукам и со што не се секирај
CiTro... бидејки имам искуство со пуканки 7 години (на корзото) и да не се фалам многу, но сум доста успешен.
ГоцкоПоцко Фала многу за убавите желби, за почеток би бил задоволен нашаа мала МК да јаде од моите пуканки.. за понатаму може и до Кина да стигнеме.
За дистрибуцијата сте во право дека е скапа, затоа на почетокот ќе пробам сам, со сопственото возило, а потоа да ме прими некој дистрибутер, они што возат чоколадца, чипсови и слични грицки.. имам веке некои во предвид..
За ХАСАПот многу ми се гледа, а без него нема ли да добија некаква првична дозвола.. ме интересира дали некој имал слично искуство, дали знае каде да се обратам.. и слично..
Ако има некој некаков совет слободно нека пука, за тоа сум тука.. ПОЗдрав!
