IKEA доаѓа во Скопје?

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Освен долгоочекуваниот Skopje City Mall, МТВ објави дека Икеа пристигнува во Македонија преку турска компанија.
ikea-pristignuva-vo-makedonija.jpg

Влезот на Туркмол на Скопскиот саем, ја отвора можноста шведскиот бренд, за кој е застапник за овој дел од Европа, да дојде во Македонија.
МТВ објави дека Туркмол влегува во проектот на Ера „Град во град“ на Скопскиот саем, каде се очекува повторно да започнат градежните работи.
Туркмол, компанија која е лидер во регионот во изградбата на трговски центри во регионот, во неколку земји во Европа веќе го внесе брендот Икеа.
Од Ера за МТВ велат дека деталите набрзо ќе бидат објавени на прес конференција.
Дали ова ќе значи крај за нашите производители на мебел?

http://kajgana.com/ikea-doagja-vo-skopje
 
Нема шанси ова, да влезе ИКЕА во Македонија ќе пропаднат сите производители на мебел.
 
Како правите ко во ИКЕА да ти плакаат за да земеш нешто. Баш гледав на бугарскиот сајт од ИКЕА цените се горе долу слични со нашите локални "мебелари"
 
Како правите ко во ИКЕА да ти плакаат за да земеш нешто. Баш гледав на бугарскиот сајт од ИКЕА цените се горе долу слични со нашите локални "мебелари"
Незнам како се цените од други производители...Но знам дека квалитетот на ИКЕА не е многу висок да не речам и лош. Тоа највеќе ми смета кај ИКЕА...Но ако би биле поквалитетни би било доста поскапо. Од икеа се шупливо направено од некој картон или незнам што...Многу лесно се крши и не трае долго. Така да не сум задоволен многу од икеа ама имаат голем избор и добра услуга.
 
Икеа... PayPal... ШишеЏам... Сведмилк... Haier... Сите ќе дојдат, ама чекаат ефтини авионски билети :)

Јас слушнав дека и Путин се мислел да ни го купи Охридско Езеро, ќе поставувал нуклеарни подморници за да ја заплашува Албанија сега кога е членка на НАТО, бидејќи и Албанија има свои територијални води во Охридско Езеро, ама нашинциве му рекле дека не му го продаваат езерото, може концесија, ама ориѓани скапџии какви шчо се, си ошол поради отров ценине.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
Незнам како се цените од други производители...Но знам дека квалитетот на ИКЕА не е многу висок да не речам и лош. Тоа највеќе ми смета кај ИКЕА...Но ако би биле поквалитетни би било доста поскапо. Од икеа се шупливо направено од некој картон или незнам што...Многу лесно се крши и не трае долго. Така да не сум задоволен многу од икеа ама имаат голем избор и добра услуга.

Хм, ја па од искуство мислам дека Икеа прават добар мебел и можеш да најдеш и ефтини и скапи производи и нормално колку пари толку музика. А ако споредиш на пример со други производители на мебел за парите што ги даваш во Икеа добиваш можеби најмногу во споредба.
 
Незнам како се цените од други производители...Но знам дека квалитетот на ИКЕА не е многу висок да не речам и лош. Тоа највеќе ми смета кај ИКЕА...Но ако би биле поквалитетни би било доста поскапо. Од икеа се шупливо направено од некој картон или незнам што...Многу лесно се крши и не трае долго. Така да не сум задоволен многу од икеа ама имаат голем избор и добра услуга.

Нашите локалци моментално прават поефтин мебел од Икеа. Големите фирми за мебел живеат од извозните договори со Англија, Германија и Холандија. Ексклузивните мебели кои се продаваат кај нас увезени од Италија нема да ги допре Икеа.
Се прашувам дали овие ќе се поврзат со наши локалци или целиот асортиман ќе го носат од некаде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom