Полиција во Грузија тепа и силува затвореници

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Снимка на која се гледа како злоставуваат еден затвореник во грузијски затвор, ги шокирала жителите на таа држава.
Спорната снимка го прикажува физичкото злоставување врз затворениците, а еден од нив чуварите го силувале со пендрек. Токму тој дел од снимката предизвикал најжестока реакција во јавноста. Со оглед на тоа дека снимката некако се појавила во јавност, министерот надлежен за затворите во Грузија си поднел оставка.

Преку стотина демонстранти го блокирале сообраќајот во центарот на Тбилиси, откако вчера две телевизиски станици ја прикажале спорната снимка.

Од владата тврдат дека станува збор за политичка провокација пред парламентарните избори кои треба да се одржат на 1 октомври, а претседателот Михаил Сакашвили ветил дека сите учесници во овој страшен настан ќе бидат казнети.

Веќе тројца полицајци се уапсени, а од министерството за внатрешни работи соопштиле дека полицајците биле потплатени од страна на блиски луѓе до лидерот на опозицијата Бидзин Иванишвили за да го организираат и снимат овој грозоморен чин.

 
Немој нашите ќе видат и они ќе почнат така :D
А што мислиш не се случило веќе? Во Идризиво на тие што силувале деца рачки од метли им пикале во газот.. Ова се збореше сигурен сум, оддамна беше ама се сеќавам дека имаше таков случај.
 
А што мислиш не се случило веќе? Во Идризиво на тие што силувале деца рачки од метли им пикале во газот.. Ова се збореше сигурен сум, оддамна беше ама се сеќавам дека имаше таков случај.
Знам дека ги тепаат и тоа здраво тепање, а за силување сеуште не сум слушнал.
 
Знам дека во идризово можеш да нарачаш тепање на затвореник, нормално се плаќа дебело
 
Абе од кај знаете вие дали тој што го кркал пендракот у анос,претходно не се изживувал на некое малолетно девојче?
 
Абе од кај знаете вие дали тој што го кркал пендракот у анос,претходно не се изживувал на некое малолетно девојче?
Си чул за човекови права ЕУ ОБСЕ нати-ми го дајми го?
 
Си чул за човекови права ЕУ ОБСЕ нати-ми го дајми го?

Некои луѓе не заслужуваат да имаат права, што се не прават во затворот убиваат, силуваат, за нив малку е воа...Може и вие направиле нешто страшно па ги рендаат.
 
Некои луѓе не заслужуваат да имаат права, што се не прават во затворот убиваат, силуваат, за нив малку е воа...Може и вие направиле нешто страшно па ги рендаат.
Секој човек има исти права и неможе никогаш да му се одземат без разлика што направил. Ако тоа го прави некој човек некоја институција некоја држава таа не е ништо подобра од тие луѓе и заслужува иста судбина како нив.
 
Секој човек има исти права

Стварно веруваш во ова?
Сите сме за човекови права на затворениците, арно ама некои од нив не се луѓе.
Немој да ме убедуваш дека некој што со години си ги силувал малолетните ќерки е човек.
 
Стварно веруваш во ова?
Сите сме за човекови права на затворениците, арно ама некои од нив не се луѓе.
Немој да ме убедуваш дека некој што со години си ги силувал малолетните ќерки е човек.
Не те убедувам...само си кажувам. Човек си е човек па дури ако е и психопат и опасност за другите луѓе. Згора на тоа има и луѓе кој се погрешно осудени...ни еден правен систем не е безгрешен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom