SunWireless интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Акаша
  • Време на започнување Време на започнување
Абе све супер тоа ама немате покритие во мојот град.
Сеа што прајме? (ко што вика Слакар :icon_lol:)
 
Браво за храброста ...

1. сметам дека е потребно да се зголеми соработката со оние страни кои се слободно достапни во мрежата на SunWireless ...

2. искрено навистина гледам дека почнува да се работи на инфраструктурата, но сеуште сметам дека одредени работи не ги правите правилно па на одредени локации вашите базни станици го загушуваат етерот што дури прави проблем на корисниците кои имаат локално бежичен рутер во близината ... ова е насока на која морате итно да поработите поготво што во таа област законските обврски се доста ригорозни ...

Сепак станува збор за релативно нов проект во кој е потребно кристализирање на сите работи ...

процедурално:
бидејќи навистина пристапот на SunWireless со официјален профил е фер и коректен ќе ве замолам да бидете коректни во дискусијата бидејќи ќе бидам ригорозен кон троловивите/мрчаторите ...
 
1. сметам дека е потребно да се зголеми соработката со оние страни кои се слободно достапни во мрежата на SunWireless ...
На пример kajgana.com и forum.kajgana.com :)
 
Почитувани, ги читам Вашите пакети, ги имам читано и на сајтот, но не сум забележал дали наведената брзина е симетрична или асиметрична?
Ме интересира, доколку е асиметрична колку изнесува download/upload bandwidth cap-от на пакетите по корисник?

Здраво Јаневски, благодариме на коментарот.

Брзините во пост-пејд пакетите се асиметрични (до 10 Mbps download - 1 Mbps upload).

Поздрав и пријатен ден!
--- надополнето: 4 септември 2012 во 09:22 ---
Абе све супер тоа ама немате покритие во мојот град.
Сеа што прајме? (ко што вика Слакар :icon_lol:)

Здраво Curious,

За кој град станува збор? Можеби наскоро ќе дојдеме и таму :)

Поздрав,
--- надополнето: 4 септември 2012 во 09:24 ---
Браво за храброста ...

1. сметам дека е потребно да се зголеми соработката со оние страни кои се слободно достапни во мрежата на SunWireless ...

2. искрено навистина гледам дека почнува да се работи на инфраструктурата, но сеуште сметам дека одредени работи не ги правите правилно па на одредени локации вашите базни станици го загушуваат етерот што дури прави проблем на корисниците кои имаат локално бежичен рутер во близината ... ова е насока на која морате итно да поработите поготво што во таа област законските обврски се доста ригорозни ...

Сепак станува збор за релативно нов проект во кој е потребно кристализирање на сите работи ...

процедурално:
бидејќи навистина пристапот на SunWireless со официјален профил е фер и коректен ќе ве замолам да бидете коректни во дискусијата бидејќи ќе бидам ригорозен кон троловивите/мрчаторите ...

Здраво Bidikov,

Благодариме за сугестиите.

Иначе Acid максимално сме отворени за соработка и со други сајтови/портали.

Сигурно можеме да смислиме некоја заедничка соработка !

Поздрав,
 
Скапи сте за студенти. За споредба близу нудат 200 GB со 10 Mbps брзина за 600 денари и тоа на 10 месеци. Тоа е исто како неограничен да ти е траснферот
 
Скапи сте за студенти. За споредба близу нудат 200 GB со 10 Mbps брзина за 600 денари и тоа на 10 месеци. Тоа е исто како неограничен да ти е трасферот

Здраво Alex The_Great , не би се согласиле со констатацијата :)

Нашиот Sun AirOptic S пакет го добивате за 499 ден (+100 ден ако има потреба од дополнителен уред) и со него добивате НЕОГРАНИЧЕН сообраќај со брзина од 5 Mbps.

Друга работа, нашиот интернет нуди мобилност.Можете да го користите секаде каде што има наша мрежа.
Пр: Вие можете да станете наш корисник во Вашиот роден град, да го користите дома....а кога ќе одите во градот каде студирате (под претпоставка Скопје) можете да си го понесете уредот...ние ќе Ви го инсталираме таму !
А Налето...ако одите Охрид или Струга, Вашиот интернет е повторно со Вас :)
Вашиот акаунт важи за секаде !

Друга работа, постои и При-Пејд опцијата со која студентите воопшто не се врзуваат со никаков договор. При-пејд картичките се вистински хит во студентските домови, во тоа можете да се уверите во секој момент :)

Поздрав и пријатен Ви ден !
 
По студентски домови може да се користат само при пејд картичките или?
 
По студентски домови може да се користат само при пејд картичките или?

Не, може да се користи и пост-пејд варијанта.. сеедно.

При-пејдот го потенцирав бидејќи многу повеќе се користи, под претпоставка дека студентите не сакаат да склучуваат договори :)
 
Јас ја знам фирмава барем 3-4 години, поздрав за доблеста да отворите официјален топик бидејќи македонскиот народ е склон само на критики , никогаш пофалби или многу ретко.

Сакам да прашам дали сопственик е сеуште "дечкото од струмица" и да му пренесете поздрав :)

Sent from my X8 using Tapatalk 2
 
Здраво SaLt ,

Како и пофалбите.. и критиките се составен дел од животот...и не треба никој да се плаши од нив (од критиките)...туку треба озбилно да ги антиципира и да се обиде да се корегира доколку..секако.. не се злонамерни.

Да, имаме Струмичани во бордот на компанијата !

Поздравот ќе биде пренесен, а може да го поканиме и да се приклучи на форумов! :)
 
Здраво Bidikov,

Благодариме за сугестиите.

Иначе Acid максимално сме отворени за соработка и со други сајтови/портали.

Сигурно можеме да смислиме некоја заедничка соработка !

Поздрав,

Можеби причина да оствариме состанок во скоро време ... Еве Acid ќе поработи на таа идеа ...
 
јас мислам дека интернетот ви е за никаде, користеше мој другар........катастрофа. Не се лажете да ставете!
 
Добредојдовте на форумов SunWireless,

Сум користел и други два оператори.. но од SunWireless сум најзадоволен.

Ги користам откако се преселив во Скопје.....значи околу 1 година.. и досега сум немал никакви поголеми проблеми.

Добро е што брзината им е константна, па за љубители на фудбалот како мене битно е што за време на стриминг на фудбал воопшто не сецка :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom