Life after Love

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Шесто и многу важно: Не потценувај ја болката и тагата на трет. Тебе ти се гледа како америчка драма додека некому е реална трагедија.

Не ми е јасно како од прва не ја осетивте тежината на постот...

Седмо и најважно не сум бесчуствително копиле,а постот го сфатив како виртуелна драма.
Искрено моето сочувство,очигледно избрзав со заклучокот,ова се случило во реалноста.Извинување до тебе (авторот на постот) и до оние на кои им предизвикав лоши чувства.
Во врска со темава,животот продолжува без разлика чива судбина е прекината,боли да изгубиш близок,но иако клише времето ќе ја намали болката,но споменот ќе остане.
 
Живот после љубов-за малку ке го доживеев,знам како би можело да биде...
После долгата врска,тој ги доби очекуваните документи и дојде денот да си замине.Цел ден плачев,уствари и не плачев само солзи ми лиеја по лицето,капеа без да престанат.Вечерта се поздрави со сите и дојдов јас на ред-го гушкав ме гушкаше,го стегав и не сакав да замине,не сакав да го пуштам...и сега кога ми текнува ми надоагаат солзи...замина и ме остави сама.
Два месеци живеев како растение,ништо не чуствував,само плачев и плачев,секој ден и секоја ноќ,не спиев ниту пак јадев и никаде не излегував.
Не знаев што ме чека,си мислев дека го загубив тоа беше крајот за мене.
Не верував дека некогаш ке биде се како што беше,знаев дека се ке се измени.
Пекол на душата,боли и не поминува.
Сепак љубовта беше голема и после кратко време се врати,ме сакаше и тоа беше најважно.
Се` се среди и до денес сме заедно.
Живот после љубов-голема и вистинска љубов-не постои.
Постои само страдање и болка,спомени и работи кои не се забораваат.Ќе живееш ама во тој живот,а да излезеш од него ,ке треба стварно да се надминеш самиот себеси-е тогаш си вистински борец.
:kesa:
 
Се сложувам комплетно и не, не се предавам. Преку ден и со луѓе околу мене се е во нормала, излегувам постојано, прочитав погоре и да, останувам на работа од 9 до 19 зошто ми треба контакт со луѓе кои воопшто не го познавале, дури и се смеам, и искрено ми е многу подобро, единствен проблем се ноќите, се плашам да не остане засекогаш така
Точно е дека беше од друга земја, но не престојуваше таму, не се гледавме по една недела месечно само кога мораше да се врати назад, а некогаш ни толку, одев со него, а и не сум тип што седи на интернет, никогаш не сум нити ќе бидам дел од некаква социјална интернет мрежа, добиваш погрешна претстава леандра
Mи требаше само некој што го поминал ова, за да слушнам како ќе биде после подолго време
Виктор, Крусер, фала многу, не звучи сурово, тоа е комплетната вистина и јасно ми е, и ја прифаќам и со сета сила се борам, единствено сум гневна што на 25 години морав да изгубам нешто толку големо

Биди среќна што воопшто си доживеала нешто толку големо. Некои луѓе минуваат цел живот не знаејќи колкава може да биде љубовта и се задоволуваат со трошки. Ти барем си го достигнала тој врв.

Сурово или не, правично или не, тој веќе не е жив, а ти си. Имаш 25 години и шанса да продолжиш понатаму. Земи си време колку што ти треба, одболувај колку што ти треба и како што ти треба, но не заборавај повторно да ѝ дадеш шанса на љубовта, кога ќе почувствуваш дека можеш.

Ако си сакала еднаш толку многу, сигурно е дека *можеш* да сакаш толку многу. А тоа се дознава на далеку и сигурно ќе се појави пак некој што е достоен за таква љубов. А мислам дека Ганди рече „Сè што не е дадено е изгубено“, па запомни го ова, кога ќе треба пак да ја дадеш својата љубов, кога треба, кому треба (ти самата ќе ги знаеш тие работи).

:helou:
 
Јадам јадам и јадам. И после некое време се нервирам пошто многу сум јадела и веќе не мислам на тоа:pipi: Постигнат ефект секој пат.
 
Како исклучиво емотивна личност разделбите многу тешко ги доживувам без разлика за кого станува збор.А ако е крај на долга врска..господе помогни ми..сите наведени работи во темата ги правам..проследени со невротично плачење...
Со тек на време ќе ми помине ама никогаш нема да заборавам што и како било, ипак нели станува збор за долга врска..А животот тече понатаму да, точно, ама ништо нема да биде исто како порано..бар мислам дека јас не би била истата личност..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom