USADA пресуди: Армстронг допингуван (UCI одлучи - одземени му се титулите!)

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Американската антидопинг агенцијата (USADA) пресуди дека еден од најдобрите велосипедисти на сите времиња, Ленс Армстронг користел недозволени средства по 1 август 1998 година.

lens-armstrong-se-otkazha-od-bitkata-so-anti-doping-agencijata-97839.jpg


Поради тоа, Армстрог би требало да остане без своите седум титули од најпрестижното натпреварување Тур д'Франс, кои ги освои од 1999 до 2005 година. Покрај тоа може да му биде одземена и олимписката бронза од 2000 година.

Надлежноста за донесување на одлука за одземање на трофеите ја има Меѓународната велосипедска унија.

Армстронг негираше дека користел допинг и оцени дека USADA лови вештерки без ниту еден конкретен доказ против него.

Извор.

Значи цел ден го следам циркусов и не ми се верува што му направија на човеков. Утре вака ќе ја уништат кариерата на други врвни спортисти. 13 години го влечат по Комисии за допинг и не најдоа ништо и пукнаа со прсти и ќе му ги одземат СЕДУМТЕ титули. Што ги чека спортистите утре? Чуму некој би вложувал, кога може да му се случи вакво нешто?
 
Армстронг јавно се откажа од спорот кој се води против него и кажа дека нема намера да го губи своето време по судници, без ралика каква ќе биде пресудата.
Навистина голем спортист, посебно ме импресионираше враќањето по операцијата.
 
Основна цел им е да го дискредитираат, да му го уништат угледот.
И по десетина години душкање најдоа недозволени супстанции. Ма немој да ме јебеш бре!
А докази имаат?
треба да имаш доказ за да оцрниш човек?
 
Основна цел им е да го дискредитираат, да му го уништат угледот.
И по десетина години душкање најдоа недозволени супстанции. Ма немој да ме јебеш бре!

треба да имаш доказ за да оцрниш човек?

Баш така, треба да имаш доказ за да оцрниш човек.
 
Замислете само кон што води ваква шарада. Значи по 13 години откако му се смачи да се натега, му ги зедоа титулите. 13 години не докажале ништо! Што ќе се случи утре со луѓе како Рафа/Болт/Роџер/Фелпс кои се поим во спортот? Ќе им кажат, ама извини не е нормално да си толку добар, гарант сте биле на допинг!
 
Французите рипаат по дома сеа.
 
Баш така, треба да имаш доказ за да оцрниш човек.
доволно ти е да пуштиш глас.....тринаесет години им требало да докажат....Ленс Армстронг е еден од најголемите спортисти...
 
Човекот беше инспирација за многу луѓе. Нека им служи на чест како само успеаа да го скршат. Не се предаде пред ракот,а неговата ментална цврстина потклекна пред (не)луѓе.:( Никако не го заслужи ова.
 
доволно ти е да пуштиш глас.....тринаесет години им требало да докажат....Ленс Армстронг е еден од најголемите спортисти...

Незнам што конкретно имаат како доказ, исто незнам која е причината што Армстронг се откажува од судењето. Свесен сум дека типот е најдобар, и искрено не верувам дека користел хемии, затоа ми е чудно што се откажува од судењето. Точно дека можат да му местат лажни докази но исто и он може да докаже дека го местат.
Точно е исто дека и само со тврдењето можат да го дискредитираат али јбг секакви расипници има по светов, светов е далеку од совршен :)
 
Мала едукација за допингот и спортот од поранешен кошаркар доста успешен по се изгледа бил:

 
Значи беше на хемотерапија. Кој црни допинг!?
 
Во моментов Армстронг сигурно би дал лев тестис за да се смени одлуката ама тоа :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom