Skyfall (23ти филм на MGM за агентот 007)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не зезај така. Најлош Мур. По мене немало лош Бонд имало лоши филмови да, ама актериве сите што биле посебен свој шарм вметнувале во улогата. А филмовиве со Мур ми се најомилените, кога и да ги има седнувам да ги гледам без разлика дали ми се веќе 100 пати гледани. Освен Moonraker, го гледам 40 минути и после исклучувам.
Е па на тоа мислев де.
Неговите филмови ми се најтапа.
Од неговите филмови ми се свиѓаат само TMWTGG и AVTAK и тоа само ради Ли и Вокен.
--- надополнето: 26 септември 2012 во 19:20 ---
И ај веќе кога најдов уште некој за филмов да пишам дека мислам дека Ралф Фајнс после овој филм ќе биде новиот М.
Ова само мислење мое и на неколку фанови така да не е спојлер :)
 
Е па на тоа мислев де.
Неговите филмови ми се најтапа.
Од неговите филмови ми се свиѓаат само TMWTGG и AVTAK и тоа само ради Ли и Вокен.

Ли како Скараманга, The Man With the Third Nipple! :vozbud: Најфаца е од сите Бонд негативци. Вокен кога и да го видам се газам од смеење, поготово со фризурчето.

И ај веќе кога најдов уште некој за филмов да пишам дека мислам дека Ралф Фајнс после овој филм ќе биде новиот М.
Ова само мислење мое и на неколку фанови така да не е спојлер :)

Од кај ова?
 
Ли како Скараманга, The Man With the Third Nipple! :vozbud: Најфаца е од сите Бонд негативци. Вокен кога и да го видам се газам од смеење, поготово со фризурчето.



Од кај ова?
Незнам ова дали да го ставам во споилер пошто се работи за некои работи што се објавени во врска со плотот што се минимални али ај ќе ги ставам во спојлер иако не е нешто посебен спојлер. И мое мислење е не е нешто официјално :)
Па прво глумец како Ралф Фајнс не се вика туку така сигурно има некоја сериозна идеа за него.Второ официјалниот синопсис за филмот на официјалната страна вика дека довербата на М врз Бонд ќе биде тестирана така да претпоставувам дека М ќе биде ослободена до должностите и на нејзино место како помошник ќе дојде некој друг т.е. Малори глумен од Ралф Фајнс. Исто за оваа логика:во трејлерот Силва му збори на Бонд за тоа како М згрешила што го пратила Бонд таму кај што ќе биде "застрелан" на почеток од трејлерот ваљда.И башка Малори започнува на М :) Јас претпоставувам дека дури е и можно М да ја убијат во филмов па Малори да го стават за нов М.Ама ај ќе видиме колку сум во право :) Инаку од Милениум ги прашав и викаат дека ИЗГЛЕДА ќе го даваат филмов :)
 
Делува интересно вака како што пиша, баш да видиме дали ке биде така ме заинтригира бајаги сега :).
 
Ај еден bump на темава да направам
Иначе сите early reviews викаат дека филмов ќе биде неверојатен
 
Одамна не сум се возбудувал за нов Бонд филм, мислам дека со Даниел Крег имам гледано само еден дел, не ни пратам, не ни се интересирам. За Skyfall нешто се крева прашина и ќе го погледнам ако имам време.
Кој филм го гледав бе последно... знам дека крег не пиеше мартини во филмот.

Ама пак затоа пред некое време си го спуштив Доктор Но и ме врати во детството. :X3:
 
Дури после 23ти ноември ќе може да го гледаме филмов во МКД ама ако :D

Biggus Dickus дај пиши нешто да не бидам сам на темава :D
 
Рецензиите што ги читав, велат дека филмов бил неверојатно добар, освен Гардијан кој нема некое добро мислење ама тие пак секогаш биле со тапа трврнзии кога се работи за филмови. Мислам дека пишуваа дека е монотен филмов ама не ми се верува. Исто така композиторот Давид Арнолд, што го има правено саундтракот за Бонд филмовите уште од Tomorrow Never Dies e заменет со Томас Њуман и еве делче од делото на човекот.


Искрено одамна не сум бил вака заинтересиран за Бонд филм. Првобитните негативни мислења што ги имав спрема Даниел Крег како Бонд веќе ми се одминати бидејки веке се навикнав на него а и кој сака нека каже ама човеков донесе одредена свежина во ликот на кој одамна му беше потребна. А и интересен негативец имаат овојпат така да одвај чекам за да го гледам филмов.
 
Вечерва го гледав на кино, филмов едноставно мора да го гледате! Најдобар Бонд филм досега. (y)

Музиката ме потсеќаше на ова, што значи страшно добра! :vozbud:

 
Го гледав на денот на премиерата во US,одличен филм.
Очекував да е досаден ама далеку од тоа,многу се заинтересирав и го догледав цел.Обично гледам таков жанр филмови само заради дечко ми ама ме фасцинира.Добар Бонд карактер,интересен негативец,добра приказна.го препорачувам.
 
Филмов е Тапа Џонсон.
Кога ке се спомне 007,секогаш се асоцира на интересни бркотници со автомобили,добри зенски,интересен негативец и добра акција.
А не драми,лојалноста и односот помегу М и 007.
Јас сум голем фан на 007 филмовите,и Крег донесе нова свезина во ликот на 007,по реален и брутален го направи.
Casino Royale и Quantum of Solace се одлични филмови,
Но Skyfall е само Џонсон,Тапа Џонсон.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom