Македонска кошаркарска лига - Сезона 2012/13

Кој ќе биде шампион во сезоната 2012/13?

  • МЗТ Скопје

    Гласови: 90 49,7%
  • Фени Индустри

    Гласови: 9 5,0%
  • Работнички

    Гласови: 20 11,0%
  • Лирија

    Гласови: 2 1,1%
  • Кожув

    Гласови: 8 4,4%
  • Куманово

    Гласови: 24 13,3%
  • Торус

    Гласови: 1 0,6%
  • Вардар

    Гласови: 4 2,2%
  • Струмица

    Гласови: 11 6,1%
  • Пелистер

    Гласови: 12 6,6%

  • Вкупно гласачи
    181
Статус
Затворена за нови мислења.
Каков компромис направија само :pos:
За да учествуваш во првата фаза немора да си АД, ама во Суперлига мора да си АД. Знааат дека Вардар нема теорија да влезе во Суперлига и го скроија некако законот :pos:
Абе мозоци имаме во федерацииве :icon_mrgr:
И незнам зошто не почнаа со лигата уште порано. Вардар рекоа дека нема да преминат во АД и уште 10000 години фора да им дадат и дека не им е битно во која лига ќе играат. Само што неможат да најдат уште еден тим за во прва лига, па мораа смешен компромис да најдат :pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn
Лесни победи на Струмица и Куманово,а две јаки дербиња у Сарај и у Гевгелију,што бидна откупи ли ги некој права за кошаркарску лигу,или ништо работа овуј сезону од Македонску кошарку?
K5!:)
 
Да, сега гледам ке го даваат Кожув - Работнички во сабота од 18:00 часот :)
 
Пак ли со овие бедниве од К5 и Крсто Галевски :tapp:
 
Боље за нас,неможемо да гостуемо у туј малу салу,па ке можемо негде да погледнемо :D,гледам Вардар сс деца не знам кој ке га чува само Уроша :icon_lol:
 
Боље за нас,неможемо да гостуемо у туј малу салу,па ке можемо негде да погледнемо :D,гледам Вардар сс деца не знам кој ке га чува само Уроша :icon_lol:
Може да гостувате бе, и лани гостувавте, само во ограничена бројка, 50-тина души до 100 максимум.
Вардар со целосно млад тим, нема ниту еден постар кошаркар :)
 
Боље за нас,неможемо да гостуемо у туј малу салу,па ке можемо негде да погледнемо :D,гледам Вардар сс деца не знам кој ке га чува само Уроша :icon_lol:
Најјак центар у лигу а другаре? :LOL:
 
Значи циркусот со АНАЛНИВЕ продолжува, наместо да гледаме меч кој е окарактеризиран како дерби на колото помеѓу Кожув и Работнички, они ќе го пренесуваат Куманово против младинскиот состав на Вардар (немам ништо против овие два тима ) али која е логикава овде.:tapp: Да даде господ да им се запали телевизијата.
 
Соочете се со реалноста, толку им е кашацитетот, освен мечеви од Скопје друго не верувам да даваат. Максимум ако отидат до Куманово, па ако не седнат на иста трибина со Кумани ќе видиме нешто :icon_lol:
И од Кавадарци сигурно ќе даваат преноси, и толку е...
 
Значи циркусот со АНАЛНИВЕ продолжува, наместо да гледаме меч кој е окарактеризиран како дерби на колото помеѓу Кожув и Работнички, они ќе го пренесуваат Куманово против младинскиот состав на Вардар (немам ништо против овие два тима ) али која е логикава овде.:tapp: Да даде господ да им се запали телевизијата.

Искрено Вардар-Куманово ќе биде празник на кошарката во споредба со надмудрувањето помеѓу Лазовски и Србиновски.Кожуф-Работнички очекувам да изгубат и двата тима.


.
 
Најава: Вардар - Куманово (сабота, 18.00)
Со повеќе звучни засилувања и со веќе еден успешно реализиран официјален настап на меѓународна сцена, Куманово гостува во Скопје на најмладиот тим кој сезонава ќе настапува во Првата лига. Од Вардар порачуваат: „Знаеме против кого играме, но никогаш нема да влеземе со бело знаме“.
Со Дарко Костески како највозрасен играч на 25 годишна возраст и просечна старост на тимот од нецели 20 години, Вардар ја почнува новата сезона во Првата лига со фокус на својата веќе добро позната концепција - развој на млади играчи, усовршување на специфичната брза игра и резултатски, секако, опстанок меѓу најдобрите. Прв кој гостува на „Кале“, во меч кој ќе го отвори новото Првенство е сериозно засилениот Куманово, кој веќе го оствари својот прв официјален настап сезонава, со победата над Морнар во премиерната рунда од БИБЛ лигата.

Речиси комплетно е променет тимот на Вардар во однос на минатата сезона, а како единствено странско засилување е доведен 23-годишниот српски центар, Драган Керкез. Новиот тренер на сениорскиот тим, Бранко Андриевски, во составот предвиден за сезоната го вклучи речиси целиот младински тим кој засега успешно настапува во највозрасните младински лиги на Македонија. Куманово, од друга страна, со доведувањето на Ивица Димчевски, Владимир Георгиевски и Мико Голубовиќ, кои се придодаваат на Александар Костоски, Урош Луковиќ, Дејан Микиќ, Дарко Станимировиќ и Марјан Јаневски меѓу другите, креираше исклучително квалитетна екипа, сериозна во намерите за пласман во самата завршница од шампионатот.

Бранко Андриевски, тренер на КК Вардар:
„Имавме доста долги и навистина интензивни подготовки пред стартот на сезоната, многу се работеше на физикалиите на младите играчи, кои се особено важни во оваа силна конкуренција во која ќе настапиме. Задоволен сум од текот на подготовките, одигравме и доста пријателски натпревари меѓу кои и неколку надвор од Македонија и на тие средби сите 12 играчи што ги планирам во тимот добија еднаква шанса. Истите тие ќе бидат и во еднаква конкуренција за петте места на паркетот во текот на сезоната. Како убедливо најмлад тим во Првата лига, нашите амбиции не се сконцентрирани на којзнае какви резултати, за нас најважно е да ги воиграме, да ги изградиме правилно овие играчи. Составот е во голема мера променет од лани, како засилување го доведовме и Драган Керкез, кој до овој момент одлично се вклопи во нашата игра и изгледа дека е токму тоа што на овој тим му треба. Нема да згрешам ако кажам дека Лигата сезонава е можеби и најсилна досега, што не значи дека ние ќе влегуваме во натпреварите против екипите кои реално се фаворити со бело знаме. Напротив, против секоја екипа, тоа за нас како млад тим е дополнителна мотивација и во секој натпревар ќе ја бараме нашата шанса за изненадување. Опстанокот во лигата е нашата главна цел на резултатски план, од тоа што досега успеав да го видам, Пелистер треба да ни биде главниот конкурент. Што се однесува до првиот натпревар против Куманово, имав можност подетално да ја разгледам нивната игра на мечот со Морнар и не е ништо ново ако кажам дека станува збор за исклучително силен состав, кој против нас влегува како изразит фаворит. Но ние ќе се фокусираме на нашата игра, брзо, со многу контри и многу трчање и ќе видиме што ќе биде. Едно сум сигурен, а тоа е дека со секој нареден натпревар и со секое ново искуство во сениорска конкуренција, нашите млади играчи ќе бидат се подобри и подобри“.

Љубислав Луковиќ, тренер на КК Куманово:
„Претпоставувам како и сите останати тимови во лигата, така и ние едвај го чекавме овој почеток. Прв меч, дополнително сме мотивирани, сакаме да се докажеме, односно да покажеме дека добро сме работеле во минатиот навистина густ подготвителен период. Напорно се работеше да ги воиграме нашите нови играчи и ќе продолжиме да работиме на тоа. Амбициите се големи, се надеваме на добра сезона и мило ми е што годинава има повеќе силни тимови со слични амбиции како и нашите. Тоа значи дека нема сигурни бодови против никого, автоматски значи дека мора да се покаже силен карактер и максимален пристап за да се стигне до секоја победа. Истото важи и за првиот меч против Вардар, тие се млади момци, но знаат да играат одлична кошарка и ќе мора сериозно да се потрудиме за да стигнеме до победата која ја посакуваме. Во планот за креирање на тимот оставивме доста простор и за младите играчи на кои ќе им дадеме сериозна шанса и оваа година и јас верувам дека оваа екипа е кадарна за одлични резултати. Ќе одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар и целта е една - добра игра и борба за победа во секој меч“.

КК Вардар:
Кошаркари: Андреј Билјановски, Војче Лефкоски, Владимир Готиќ, Владимир Петровски, Мартин Давитков, Дејан Лазаревски, Предраг Пајиќ, Игор Ивановиќ, Александар Костадинов, Бојан Крстевски, Марко Огњановски, Давид Манасиевски, Илија Ристевски, Денис Ампов, Филип Јанковски, Дарко Костески, Драган Керкез
Тренер: Бранко Андриевски

КК Куманово:Кошаркари: Марјан Јанески, Марјан Младеновиќ, Ивица Димчевски, Владимир Георгиевски, Милош Нинковиќ, Александар Костоски, Петар Виларов, Мирослав Петровски, Наум Јакимовски, Кристијан Маневиќ, Дарко Станимировиќ, Филип Диневски, Ненад Стојановски, Дејан Микиќ, Урош Луковиќ, Мико Голубовиќ
Тренер: Љубислав Луковиќ
 
Искрено Вардар-Куманово ќе биде празник на кошарката во споредба со надмудрувањето помеѓу Лазовски и Србиновски.Кожуф-Работнички очекувам да изгубат и двата тима.

Не си сериозен, така? :cautious:

Како може празник за кошарката да биде натпревар во кој едната од екипите нема кошаркар постар од 23 години, а сите знаеме каков ни е квалитетот на младинските селекции. Куманово има солидна екипа која би сакал да видам како функционира на теренот, меѓутоа тоа сигурно не е во овој момент против Вардар.

Од друга страна имаме натпревар помеѓу Кожуф и Работнички. Две екипи кои за разлика од минатата сезона се драстично засилени, со голем број нови кошаркари (прилично звучни имиња за нашата лига). Ако ги тргнеме на страна нивните тренери сигурно дека повеќе би сакал да го гледам овој меч и да видам како ќе функционира новиот Работнички или пак кои се квалитетите на Кожув.

На крајот на краиштата и Лирија - Фени е поинтересен меч од тој кој ќе се пренесува на 5+, меѓутоа ако се земе како репер минатата сезона тогаш јасно е што можеме да очекуваме од оваа телевизија. Навистина мислев дека работите ќе одат на подобро и не сакав да почнам со критики бидејќи сметав дека имаат веќе какво такво искуство ама се гледа дека апсолутно ништо не е сменето во нивниот пристап.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom