Актер(к)и кои се препознатливи по улога (лик од филм)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Tука е субјективно. За постарите генерации е Вол Стрит, ама за генерациите родени после Вол стрит е Два ипол мажи

Искрено, Чарли Шин го знам пред 2 и пол мажи. Всушност, ликот во 2 и пол мажи го нарекувам Чарли Шин. А сум помлада генерација нели...
 
Расел Кроу не е змијата Плискин, туку актер што има позади себе Гладијатор, Прекрасен Ум и ред други филмови
Мислиш на Курт Расел, а он и не баш толку познат само по таа улога, гледај го Танго и Кеш или Нешто чудно се случува во Чајна Таун мислам дека се викаше филмот.
Едно мислам друго пишувам. И Танго и Кеш го имам гледано и Чајна Таун му ги имам гледано, и двата се супер, ама ретко кој го памти како му се викаше ликот во тие два филма. Змијата Плискин ем беше страшна атракција, ем на македонскиве програми го утепаа од давање :)
 
Ник Слотер - Тропска горештина
Силвестер Сталоне - Роки Рамбо
Арнод Шварценегер - Терминатор/Разурнувач
 
39194.jpg

MIA - Rebelde Way :love::drk:
 
Tука е субјективно. За постарите генерации е Вол Стрит, ама за генерациите родени после Вол стрит е Два ипол мажи
Не е субјективно, Актери што се препознатливи по некоја улога, тоа што некој нема гледано филмови од некој добро познат актер не значи дека актерот е познат по тој филм.
По оваа логика, младите Мајкл Кејн ќе го знаат како батлерот од најновиот Бетмен, а уствари Кејн е еден од најдобрите актери што постојат со многу филмови позади себе како Италијанска работа, Алфи и ред други.
Пример за актер ти е Edward Furlong, младиот дечко од Терминатор2, после тој филм и нема некоја забележителна улога а има доста филмови, поинтересен е Detroit Rock City, ама ниту еден не го направи повторно популарен како Терминатор2 или со други зборови
во оваа тема се пишуваат актери со One Hit Wonder
Edward Furlong
 
Како да не. 90% го знаат Чарли Шин заради Два ипол мажи.
Ти мешаш најпознат со најдобро одиграна улога.
 
Mark Hamill - Luke Skywalker
--- надополнето: 1 август 2012 во 19:41 ---
Sigourney Weaver - Ellen Riplay
 
Како да не. 90% го знаат Чарли Шин заради Два ипол мажи.
Ти мешаш најпознат со најдобро одиграна улога.
Чарли Шин во 80-тите е препознатлив по Баталјон и Безбол филмот
во 90-тите е препознатлив по пародија на Топ Ган
во првата деценија од 21 век е препознатлив по Два и пол Мажи, и сега чекаме по што ќе биде препознатлив во втората деценија.
Актер не може да биде препознатлив по 20 филма, само по еден или два филма може да биде т.е повеќе го викаш по неговиот лик отколку неговото вистинско име, а тоа што некој нема гледано филмови од Чарли Шин и го препознава само по Два и Пол мажи е негов проблем, а не на Чарли Шин.
Темата е за актери/актерки што после една одиграна карактер не можат да се пронајдат себе и да глумат други карактери, пример ти се ликовите од Беверли Хилс, не дека не сум изгледал некој филм со некој од нив, ама глумат ептен очајно или One Hit Wonder актери.
 
Хаха абе твој проблем е што мешаш добро одиграни улоги со најпозната улога.
Темата е по која улога е најпретпознатлив актер

На пример, колку често во друштво се случило да правиме муабет за некој филм и кога се обидуваме да ги објасниме актерите (а не ни текнува на името), обично викаме: “А бе тој што глумеше тоа и тоа, таму и таму“.

Па така сите освен ти Чарли Шин го препознаваат по Два ипол мажи
 
Хаха абе твој проблем е што мешаш добро одиграни улоги со најпозната улога.
Темата е по која улога е најпретпознатлив актер
Во музиката ова би гласело One Hit Wonder или паралела во филмовите еден филм и го снемува т.е сите други улоги му се во ниско буџетни филмови во кои ептен лошо глуми.

Ти може некој актер го знаеш од некој филм или серија, ама тоа е затоа што само таа серија или филм си ги гледал, а актерот има плејада други филмови за кои што може бил и номиниран за оскар.
Исто како да речам дека Хемфри Богарт е таков актер, бидејќи сум го гледал само Casablanca, ама сум читал за него и знам дека има редица други филмови и во некои од нив бил номиниран за оскар.

Во листа на актери што може да се напишат е Дилан од Беверли Хилс, знам дека има друг филм со него сум го гледал еден со воземјанци, арно ама не сум го догледал бидејќи полош филм здравје т.е Дилан од Беверли Хилс е One Hit Wonder актер.
 
Овој не го снемало туку популарна му станала серијата и така скоро сите денеска го препознаваат преку неа, не затоа што само таа ја знаеш. За серијата има и најмногу номинации за награди http://www.imdb.com/name/nm0000221/awards
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom