Еден брод за елитата, друг за рајата

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Која македонска елита бе зар постои вакво нешто :facepalm:
 
„Елитата“ назад во говната....back to the roots....не само што нема да им смета, редовни има да бидат, ќе ги пука носталгија по свињарниците...
 
Хехехехе... се фативте за снобизам а сите бирате каде ќе излегувате, каков народ оди на местото каде излегувате и сл. Па да ве видат на определено место...
Така било, така и ќе биде. Социјализмот умре, а и во него сите не беа исти...
А капитализмот си е капитализам... ваков или онаков.
По темата... баш ми е гајле дали ќе има или ќе нема сплавови, или дали Вардар е пловна река или не.
 
МК елита не постои.........откако изумре средната класа, елитата се спои со подземјето.
 
Ако кило шминка, кило пудра, спонзоруши и билдери во два броја помали маици се елита на градов ондак ја сум среќен што не сум елита.:)
 
Ем мрчиме што ќе има галија за елита и галија за ситна раја (ах, колку срамно делење на народот) ем сите се плашиме дали ќе не примат кај елитата (!). Не сакаме ни да се замислиме на бродот со „сиромаштијата“. И кој има сега комплекси? А може таму ќе биде поопуштено и попријатно. Нема потреба од позирање и шетање бренд.

Дека сме „класно“ општество - не е ништо ново: граѓани од прва, втора, трета класа итн. според пари, моќ, семејно потекло, партиска припадност ... Сепак, секогаш имало поединци кои ги кршеле нормите и успевале да се изборат за тоа што го сакаат. Сакаш да си на елитниот брод? Најди си начин. Барем за вакви банални работи (каде вечер, хаха), прво сам се класифицираш, па после другите, ако ти е битно.

Секој е помалку или повеќе сноб, признал или не. И на крај, никој никого никаде не тера со сила.
 
Значи пијам пиво јадам грицки и ја читам темава, сега дури и пишувам нешто овде не е во ред.
 
Значи пијам пиво јадам грицки и ја читам темава, сега дури и пишувам нешто овде не е во ред.

Пиво и грицки!?!!!! Човече, бриши го постот! Срамота, вака никогаш нема да влезеш во елита. Кажи, пијам виски, грицкам ф`стаци, печени бадеми, бразилски ореви или како се викаа :)
 
Озбилно? Бар да го сместеа на асална место не кај шо смрди на фекалии и остало.
 
А кога ќе видиш секој сељак носи одело....

Убаво е да си има вакво место, само на лошо место, и премногу исфорсирано..
 
Пиво и грицки!?!!!! Човече, бриши го постот! Срамота, вака никогаш нема да влезеш во елита. Кажи, пијам виски, грицкам ф`стаци, печени бадеми, бразилски ореви или како се викаа :)

Која елита јас искрено ги сожалувам во нивното мизерно суштествување, со сите нивни украдени туѓи пари, тајни ритуали и друштва, и нивната вештачка перцепција на себеси чувствувајќи се супериорно, а реално мало и несреќно.
 
Звучи одлично, нејќам со секакви да седам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom