Еден брод за елитата, друг за рајата

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
А ние овде, ете му правиме реклама.

Јас знам дека нема да ја гледам нивната галија со чезнеење и со мислата дека „еден ден и јас ќе се качам таму“.

Не, анти-реклама веќе самиот доволно си направи со изјавата. Ние овде само го констатираме тоа;)

Што се однесува до вториот став, апсолутно се согласувам со тебе(y)(y)(y)
 
Де де има повеке елитни ресторани во Скопјево нема да биде ова прв , а друга работа не гледам како може на некој да му смета тоа што ќе граделе елитно место па да му ебам мајката најнормална работа е да постојат елитни места по чил места , скапи ,ефтини и така натака за вакви луѓе за такви луѓе ехеее......
 
Леле навистина ќе градат бродови по Вардар.Сега ни е навистина потребна една поплава во Скопје да го исчисти шутот во Центар и на плоштад.И така најголем дел е гипсени плочи и кородирачка бронза една поплава би средила се.
 
море да даде господ човек да не им се качи у тоа бродовите па да видат тогаш луксуз!
 
Де де има повеке елитни ресторани во Скопјево нема да биде ова прв , а друга работа не гледам како може на некој да му смета тоа што ќе граделе елитно место па да му ебам мајката најнормална работа е да постојат елитни места по чил места , скапи ,ефтини и така натака за вакви луѓе за такви луѓе ехеее......
Мислам дека го пропушташ моментот дека тие “Елитни“ места ке се градат со данокот на не така елитните граѓани, кој ке платат со нивни пари за да се направат галиите лајнарки а ќе немаат пристап до нив.
Другите елитни ресторани се во приватна сопственост и колку толку не градени со народни пари.
 
Леле навистина ќе градат бродови по Вардар.Сега ни е навистина потребна една поплава во Скопје да го исчисти шутот во Центар и на плоштад.И така најголем дел е гипсени плочи и кородирачка бронза една поплава би средила се.
па добро би било,знаете зошто,... деца да ви кажам
ќе има распродажба,по евтини цени на текстил,како во 1962 година
што се намокри во поплавата,и ние земај - грабај со пари разбира се
а потоа до годината силно стресе -недај боже да се повтори
 
Само ако си дотеран ќе можеш да влезеш на еден од бродовите кои фирмата Фаланга ќе ги гради на реката Вардар.
Сопственикот Давор Андреевски сака еден од бродовите да го направи елитно место за излегување, налик на, како што вели, ексклузивните ресторани во Париз. За вториот брод нема да има дрес код, туку тој ќе функционира како бар каде што, освен кафе и пијалоци, ќе се служи и храна.
"Бродовите нема да бидат во стилот на сплавовите во Белград, од кои ечи турбо фолк. Идејата ми е да воведам нешто ново во градот. Затоа едниот брод ќе биде со строги правила за облекување, нема да може да се влезе во патики и куси панталони. Сега во Скопје нема ниту едно место каде што можете да се дотерате (жити се???). Ако отидете така облечен, ви се чудат. Ќе биде налик на рестораните во Париз, и ќе се служи исклучиво француска кујна. Другиот брод ќе биде со поопуштена шема.", вели Давор Андреевски.

Извор: Вест (23.07.2012) http://www.vest.com.mk/

Што мислите за ова Кајганџии, снобизам или не? Не знам за вас, мене ми се гади кога ќе прочитам дека едикојси сака да прави ексклузива како што видел во Париз, но со поделба на касти како во Индија! Демек, едниов брод за елитата, другиов за рајата.
Плус, изјавата дека во Скопје немало ниту едно место каде можете да излезете дотерани?! :tapp:
Не знам за вас, но после вакви небулози, свечено се колнам дека ќе ја заобиколам фалангава во широк лак.
Ти си бунтовник од бродот Баунти :LOL:
 
Има една гласи вака- Од сељак бег не бидува а и да го биди,не го личи..Па сеа..
 
Прво не можам да разберам зошто ги копираме србите со сплавовите кога можеа на пример да реконструираат некои од старите денес не постоечки ресторани во градов, како на пример Офицерскиот дом. Второ која француска кујна бе кои бакрачи тука не ја знаат домашната традиционална кујна (пошто реално гледано квалитетни образовни установи за кулинарство и гастрономија нема во државава) па француска кујна, иначе кујна што е потешка за готвење (поради многубројните детали) и е доста скапа и за готвење а богами и за јадење. Тоа со снобизмот не ме изненадува толку многу колку што ме згадува таа веќе официјална поделба на масите кај нас , во Македонија
 
Екслузивно, дрескодoт за во елитната галија:
amadeus6.jpg


и за во не - елитната галија:
medieval_morons.jpg
 
Овој Давор е некој тежок сељак...мочко, он ќе кажуе кој каде на кој брод да се качуел. Да даде господ човек да не им отиде, од такви ко него ми се повраќа.
 
ako se pravat ovie brodovi so pARI OD BUZETOT TOGAS E SRAMNO DA POSTOI ELITA I OBICEN NAROD I PONIZUVACKI
A AKO NEKOJ PRIVATNJAK SI PRAI TOGAS MOZE ON KOGO SAKA DA SI VIKNE ....

FALI USTE VSELENSKI BRODOVI DA NAPRAAT ....KE BIDEME KOMPLETNI...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom