Екстремни спортови

  • Креатор на темата Креатор на темата DuFFy
  • Време на започнување Време на започнување
Обожавам вакви работи. Имам пробано параглајдинг у Турција. Доле море, горе небо. Мх мх. Исто сакам и алпинизам. Штета што овде не се доволно развиени ваквите спортови. Сакам да научам сноубординг..Ај има време :)
 
Баш ме интересира. Има некаде во Македонија место за банџи џампинг?
 
... неколку месеци подоцна... :)

Anyone?
 
бивши скејтер,а у моментов сум мислам дека едниствениот freeskier у македонија :)
 
Дали знае некој да ми даде контакт од компанија која нуди параглајдинг од Водно? Фала однапред
 
Дали знае некој да ми даде контакт од компанија која нуди параглајдинг од Водно? Фала однапред
Дечкиве се супер:
http://2glide.com/contact.html
Исто и Менде организира тандем летање и обука ако сакаш:
http://www.acromacedonia.com/
И Вертиго го прават истото, супер се, еден од првите клубови кај нас:
http://www.vertigo.org.mk/
--- надополнето: 1 ноември 2013 во 19:18 ---
Обожавам вакви работи. Имам пробано параглајдинг у Турција. Доле море, горе небо. Мх мх. Исто сакам и алпинизам. Штета што овде не се доволно развиени ваквите спортови. Сакам да научам сноубординг..Ај има време :)
Одговоров ми е оут оф дејт ама нејсе. Параглајдинг во Македонија е развиен, и тоа доста, има многу клубови, искусни летачи, успеси во светски рамки итн, единствено опремата е потешко достапна и скапа за нашиот стандард.
Алпинизмот е исто така развиен, има повеќе клубови и обука за алпинисти. Места за качување исто така многу, да почнеме од Матка, еден од првите качувачки локалитети, Демир Капија....засега најголемата сработена карпа со насоки за качување, Прилеп...Остра карпа и Камена баба каде што се качува гранит, Солунска глава...
Сите овие локалитети освен алпинистички насоки и трад насоки(насоки на кои се поставува сопствено осигурување) имаат и спортско качувачки насоки. И спортското качување е развиено во Македонија, и таму има неколку клубови кои работат и организираат обуки.
Еве неколку корисни линкови за заинтересираните:
http://alpinizam.org/ - сајт посветен на македонскиот алпинизам
http://www.plocaclimbing.com/ - сајт на клубот Плоча од Радовиш
http://www.climbing.mk/ - сајт на спортско качувачката федерација
 
Темава е мислам вистинското место за информација како оваа:

Македонската алпинистичка федерација ги поканува сите свои членови на традиционалниот меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“, кој ќе се одржи за време на викендот 10-ти/11-ти мај во кањонот Матка.

Во исто време МАФ упатува и јавен повик до сите заинтересирани (планинари, рекреативци...) коисамо сакаат да пробаат да качуваат, кои сакаат да почнат да работат алпинизам, кои сакаат да научат да бидат самостојни и безбедни во планините и да ги научат алпинистичките техники од искусни алпинисти и инструктори, дека во текот на овој Меморијал, на 11-ти мај (Недела), МАФ ќе организира „отворен ден“ во текот на кој сите заинтересирани ќе добијат соодветно основно запознавање со алпинистичката опрема и основните техники на качување на карпа, а потоа ќе можат да продолжат со алпинистичка обука во еден од алпинистичките клубови, членови на МАФ.

Официјалниот почеток на програмите ќе биде во 8 часот наутро на 10-ти и 11-ти мај, во дворот на манастирот Св. Никола. Отворениот ден ќе започне во 10 часот на 11-ти мај.

Така да кој сака да проба качување на карпа, нека повели во недела 11 мај во 10 часот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom