Екстремен спорт не опфаќа само велосипедисти туку и скејтери, ролери, параглајдери, алпинизам, скијање на вода, сноубординг... (не сум баш сигурен за македонските преводи на сите спортови) Значи темава е доста опсежна со најразлични екстремни спортови за кој не сме ни свесни дека некој ги применува. Во Македонија можеби не се доста развиени но има ентузијасти кои се занимаваат со тоа и организираат натпревари па дури учествуваат на меѓународни турнири. Се разбира дека треба да се актуелизира и да се популаризира меѓу младината. Тоа најдобро се прави со градење на вистински скејт пакови кои на жалост ги нема кај нас. Јас порано повеќе ги пратев меѓународните случувања но последно време поретко. Сигурно најпознат претставник во светски рамки е велосипедистот Тони Хавк кој заработува огромни суми пари годишно. Сите турнири носат прилично голема заработувачка и е доста исплатливо сериозно и професионално да се занимаваш со екстремни спортови