Fantasy Premier League 2012/13

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.365
Знам дека е можеби малку рано, ама сите податоци од минатогодишната игра беа избришани, и од денес најверојатно се почнува со новата сезона на фантази. Го подобриле дизајнот, ептен е јако сеа, поттик за повеќе членови да се зачленат :D

Еве го и линкот: http://fantasy.premierleague.com/

Значи бирате 15 фудбалери од сите англиски екипи. Морате да имате 5 одбранбени, 5 средина, 3 напад и 2 голмани.

Максималната вредност на тимот не сме да помине 100 милиони. Секој фудбалер си има одредена вредност и интересното е што неможете да ги одберете сите ѕвезди од тимовите, па ќе треба навистина да се помачите додека го најдете вистинскиот тим.

Еве како оди и бодувањето:

Голман: За непримен гол +4п, за секои 3 одбрани на натпревар +1п, за секои примени 2 гола -1п(ова важи и за одбраната), за одиграни барем 60 мин од натпреварот 2п(ова важи за сите), за асистенција +3п(ова важи за сите), за помалку од 60 минути на терен 1п(ова важи за сите), за жолт каротн -1п(ова важи за сите) и за црвен картон -3п(ова важи за сите).

Одбрана: За постигнат гол +6п, за непримен гол +4п

Средина: За постигнат гол +5п, за непримен гол +1п

Напад: За постигнат гол +4п

Напомена: На секој натпревар се доделувааат бонуси од 3п, 2п и 1п. Тоа оди за најдобрите играчи на тој дуел. Исто и имате можност да одберете капитен, кај него ви се дуплираат поените.

За секое коло можете да направите еден дозволен трансфер, но можете и повеќе ама при тоа ќе висе одземаат 4п од вашето конто. Имате и да искористите и вајлд карта. Тоа значи ако некогаш правите реконструкција на тимот за да не ви одземе поени кликате на тоа(тоа е само за еднаш во годината). Можете максимум 3 играчи од еден тим да одберете.

За да имате успешна сезона и да бидете топ менаџер потребни ви се околу 50-60 поени неделно.

Се разбира некои трансфери сеуште не се завршени, па така до стартот на првенството можете да го менувате колку сакате тимот и нема да ви бидат минусирани поените.

И да надополнам, се до првиот натпревар можете да правите колку сакате измени, нема да ви се одзимаат поени.

Еве и кодови за лигите:

Кајгана Класик-
3544-1833

Кајгана хед-ту-хед :
3544-1858


Инаку еве го и мојот тим кој што најверојатно ќе се смени уште неколку пати до почетокот на сезоната.

9JQEC.png
 
Добро што си отворил тема :)
Фала за кодовите....

Инаку еве го мојот тим

r1y0li.jpg


Едно е сигурно дека првото коло ќе идам со 3 играчи од Челзи...а после тоа ќе има големи измени :D
Минатата сезона не практикував да држам играчи на Челзи, немаа некој од кој константно се зема добри поени...така да изгледа сите 3ца ќе бидат продадени после првото коло
 


Нани е најсигурен играч од средниот ред на оваа игра.. 150+ поени од него имаш гарантирано.. Ама се решив да пробам со Кагава, зошто ако Ферги го игра поофанзивно може да има повеќе голови и асистенции од Нани.. Неможе двајцата, пошто еден од нив, со Руни и Видиќ прави тројка од Јунајтед.. :)

Исто би ве советувал да не летате многу со Де Геа, пошто сигурно Ферги ќе ги ротира со Линдегард, па ќе пропушти едно +10 меча.. Поарно земајте дефанзивец од Јунајтед.. :)

Иначе најверојатно ќе го извадам Шоукрос, ќе го ставам Холт на негово место.. Лани даде 15+ гола, сигурно и оваа година ќе биде прв стрелец на Норич.. :)
 
untitled.JPG

Еве го мојот, прв пат играм па ќе видиме :D
 
Хед ту хед се вика лигата, а не „ту хед ту“ :D Кајгана 2Н2
Јас сум Dharma Initiative, онака да си знаете, кој ќе биде прв.

Кој е овој аматеров Победа Валандово?:facepalm:
 
Хед ту хед се вика лигата, а не „ту хед ту“ :D Кајгана 2Н2
Јас сум Dharma Initiative, онака да си знаете, кој ќе биде прв.

Кој е овој аматеров Победа Валандово?:facepalm:
Грешка при брзање и возбуда :D
Зошто аматер? (не сум јас)
 
Се заебавам со Борче:icon_mrgr:
Иначе јас ставив некој рандом состав, само колку да ме има таму. Ќе средам 2-3 дена пред почетокот на првенството.
 
Vorm
Vidic Baines A.Ferdinand Fabio
Kagawa Dempsey Park Bale
Berbatov Ba

subs: Krul Williams Nolan Agbonlahor
 
team.jpg

Каков Нани бе? Валенсија ти е дефолт десно крило за оваа сезона, а Нани може да се надева да добива шанса лево со Јанг. Кагава мора да го играме, зашто ако добро му тргни, после ќе му се качи цената. Руни стандардно капитен, Сонг е ефтин, а вади доста поени, Ба ако игра како лани супер ќе е. Е сега ова е вака според моето мислење али скоро секогаш излегува нешто обратно така да ќе се прават измени ако треба после првите 3-4 кола.
 
bdKg1.png


Еве го и мојот привремен тим.
Скоро половина од тие што ми беа лани се и сеа, ама ќе правам уште измени до почетокот дефинитивно.
 

Што си го ставил Ларнел Кол на клупа, има уште типот додека стигне прв тим, ако веќе сакаш од Ман Утд поефтин со повеќе шанси за настапи во прв тим, Тајлер Блекет.
 
Одбрав ауто само колку да ме и да разгледам играчите, финалниот состав неколку дена пред почетокот на лигата.
Започнува за мене 5та сезона на фантази, минатата беше доста слаба по мене и нема среќа со повредените играчи, се случуваше во исто коло да не можат да играат поради повреди/суспензии и до 4-5 од играчите па мораше да правам бројни казнени трансфери што дополнително ме намалуваа :(

SeasonPointsRank
2008/09 1683 581623
2009/10 1976 490743
2010/11 1795 650244
2011/12 1847 623833

Ако се земе дека кога почнав имаше едвај 1 милион тимови а лани чинам беше бројатака околу 2.3милиони на крај можеби и 632833 во пласман и не е лошо но по бројот на поени знам дека можев бар околу 2000 ако ништо повеќе што би било 50 и некој поен просек по утакмица.
 
fantasyteam.jpg


Not bad huh? Харт по дефолт е најконстантен голман у цела лига. Компани дава голови и коа он игра Сити ретко прима. Истото важи и за Туре, па тројцата лидери на Сити мора да ги иам у тимот. Хангеланд и Шоуркос се сличен тип на играчи. Двајца физички силни и ретко кој може да ги натскока при корнери. Шкртел лани ни беше најконстантен. За Валенсија слушам 7цата ќе му ја дале што значи дека би требало повеќе да игра, па нека глеа да не разочара со довербата. Фелаини ако остане у Евертон не верувам дека ќе го тргам. Бен Арфа вриштеше лани, а за Сисе нема потреба да коментирам. Ме чуди како повеќето го немате у тимот. Од Јелавич исто очекувам да биде главен предводник на Евертон со неговите голови. Амос ми е онака ставен, колку место да пополни за резерва голман. Вокер ми е топ замена за некој недостапен ако биде. Стерлинг го стаив пошто ми останаа пари за уште еден играч со 4.5. Ќе го стаев Сусо пошто он повеќе мислам дека ќе игра оваа сезона, али го нема пошто сеуште нема сениорски настап за Ливерпул. Евентуално ќе заигра и може ќе го сменам. Сепак и Стерлинг мислам дека ќе го играме, па нека седи засега. Карлтон Кол ќе видам дали ќе го играат Вест Хем често како претходната сезона. Ако грее клупа ќе треба друго чаре да се бара. Сега засега топ е. Растур-Систем сега ќе ви се придружи :)
 
Што си го ставил Ларнел Кол на клупа, има уште типот додека стигне прв тим, ако веќе сакаш од Ман Утд поефтин со повеќе шанси за настапи во прв тим, Тајлер Блекет.
не ти ги сметат поените од оние на клупа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom