Четиригодишно девојче го смени полот

Член од
13 март 2011
Мислења
2.281
Поени од реакции
2.001
smeni%20pol.jpg

Брачен пар од Велика Британија дозволил 4-годишната ќерка Софи да стане момче на кое му дале ново име – Џејк.
Родителите Сара и Јури Браун ваквата постапка ја оправдуваат со тоа што веруваат дека Џејк е момче заробен во телото на девојче.
Според нивното тврдење, Софи уште додека имала две години почнала да ги убедува родителите дека е момче, а во четвртата почнала да одбива да носи сукњи и фустани. Тогаш родителите ја однеле на психолог кој проценил дека во нејзиниот случај станува збор за пореметување во родниот идентитет.
- Кога нашето дете имаше три години, и покажувавме книга со човечка анатомија и и објаснивме дека е родена како девојче. Меѓутоа таа беше упорна и не праша: А кога сте ме смениле? - вели мајката Сара.
Таткото Јури раскажал дека Софи дури кришум го земала неговиот прибор за бричење, па во обидот да се избричи еднаш дури и си ја исекла устата.

- Стана јасно дека нашето дете е трансродно. Најдовме терапевт кој и постави дијагноза и одлучивме од тој ден да ја викаме Џејк. Подобро тоа отколку подоцна во животот да носи емотивни белези и поради тоа да стане депресивна или да се сврти кон некој порок - вели таткото.

http://www.plusinfo.mk/vest/49578/Chetirigodishno-devojche-go-smeni-polot
 
Колку порано , толку подобро ... викате подобри денови идат за чоештвото ?
 
Во вакви случаи оправдувам, кога менувањето на полот не е ради тренд него ради тоа што стварно мозокот на личноста е од друг пол а можеби во претходниот живот била момче па има некои остатоци во сеќавањето од тогаш.
 
Во вакви случаи оправдувам, кога менувањето на полот не е ради тренд него ради тоа што стварно мозокот на личноста е од друг пол а можеби во претходниот живот била момче па има некои остатоци во сеќавањето од тогаш.
Истото би го искоментирал и јас.
 
Ало дали на сите машки у маало шо играа ластик требаше да им ја скинат "опремата" !? Јас немам предрасуди во однос на оваа ствар, али сум апсолутно против кога станува за дечиња.Свесноста за сопствениот пол се развива постепено, па ова е само фаза во нејзиното осознавање на светот и пред се од развојот на нејзината личност.
 
Што знае девојче на 4 години? Го земaла приборот за бричење - опа, машко треба да биде. Не судам трансродни лица, но со кој ум родителот одлучил на таа возраст да го промени полот на своето дете? Премногу чудаци...
Не, јас мислам родителите имале проблем со тоа што им се родитела ќерка наместо момче, па по секоја сила решиле да го променат тоа.
 
Ова е здиплено од Дејли Мејл. Не ја отворам статијата да видам од кај им е собрано зошто си дадов збор дека нема да кликам на сајтовите на вакви коштаплерски медиуми, ама ова мора да е од Дејли Мејл. Чим е од таму, можно е и да е измислица.
 
Во вакви случаи оправдувам, кога менувањето на полот не е ради тренд него ради тоа што стварно мозокот на личноста е од друг пол а можеби во претходниот живот била момче па има некои остатоци во сеќавањето од тогаш.
ајде бе
 
Ам ак се сменит за време на пубертетот да речит :сакам да сум барбика. Тогаш шо прајме? Ќе го сечиме курот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom