- Член од
- 13 март 2011
- Мислења
- 2.281
- Поени од реакции
- 2.001
Брачен пар од Велика Британија дозволил 4-годишната ќерка Софи да стане момче на кое му дале ново име – Џејк.
Родителите Сара и Јури Браун ваквата постапка ја оправдуваат со тоа што веруваат дека Џејк е момче заробен во телото на девојче.
Според нивното тврдење, Софи уште додека имала две години почнала да ги убедува родителите дека е момче, а во четвртата почнала да одбива да носи сукњи и фустани. Тогаш родителите ја однеле на психолог кој проценил дека во нејзиниот случај станува збор за пореметување во родниот идентитет.
- Кога нашето дете имаше три години, и покажувавме книга со човечка анатомија и и објаснивме дека е родена како девојче. Меѓутоа таа беше упорна и не праша: А кога сте ме смениле? - вели мајката Сара.
Таткото Јури раскажал дека Софи дури кришум го земала неговиот прибор за бричење, па во обидот да се избричи еднаш дури и си ја исекла устата.
- Стана јасно дека нашето дете е трансродно. Најдовме терапевт кој и постави дијагноза и одлучивме од тој ден да ја викаме Џејк. Подобро тоа отколку подоцна во животот да носи емотивни белези и поради тоа да стане депресивна или да се сврти кон некој порок - вели таткото.
http://www.plusinfo.mk/vest/49578/Chetirigodishno-devojche-go-smeni-polot