ејј хак па не се лоши тие агресив шо се!
мислам дека ногата нема да лежи убаво, зашо е мн. голема кондурата.
а на втората слика, кај женската ролерка, таа патика под неа, гратис да не ја даваат?
http://vertigo-skates.com/bg/products.php?id=450
овие ми се свигаат!
Тие што се со патиката (и машките и женските) се Blade and walk моделот, доаѓаат со патиката што е на сликата прво ја облекуваш патиката и посебно направен предел на ролерата на делот што е измеѓу зглобот и шината за да си ја прицврстиш патиката и си подешаваш колку сакаш да ти биде стегнато. Баш пред недела дена ми стигна женски модел од таа ролера и ептен добро изгледаат во живо. Поентата е за да не мора да се носат екстра патики кога идете да возите или на пример да ги користите ролерите како превозно средство, а притоа да не се замарате многу за соблекување/облекување и да не се замарате да носите ранец за патики со вас. И да стига патиката што е на сликата кога ќе порачаш таков модел(и машки и женски)

Многу добар избор имаш на линкот што го имаш дадено

Ролерата е мн добра, 82мм големина на тркалцата, а 83а е тврдината (перфектно особено за кај нас), доста удобни, добиваш многу добар модел за буквално џабе цена, кога излегоа беа 200 еура одприлика па после остана остана само овој број и ги намалија на 90 еура одприлика и сега се спуштени на 70 пошто е останат само еден број, кој е 38ца ова му е супер избор. Единствена замерка на овие имам што лагерите се Abec 5, а тркалата се 82мм, имаат далеку поголем потенцијал за брзина, во иднина би им ставил или Abec 7 или најдобро ILQ 9 (Salomon само не) и ќе летаат

Ако нешто повеќе те интересира слободно прашај или ако сакаш да ги купиш

За болдираното, најверојатно е или лош кадарот и така ги прави да изгледаат или некоја слика кај што не се вистински претставени (на пример слика од пред да излезе ролерата и некоја друга „пробна“ комбинација) зошто во живо си е право пропорцијална и ако ти е точен бројот било која ролера што е на денешниот пазар да ја земеш ќе ти лежи супер.
Значи до сите што планираат да земат ролери што не им расте ногата уште да си земат ролера што ќе им биде кнап на нозе (не поголема и не помала) за да имаат најдобар осет на неа, сите ролери (што се на денешен пазар што не им биле останати 8 години во магацин па сега извадиле за да ги продадат

) малце се шират после употреба. Не слушајте тоа што кажуваат во продавниците дека требало 2 броја поголеми или помали или не знам што затоа што не е точно.