Арно прават израелците ај ти... не се дебили како нас!
Него многу ме чуди реакцијава на европјаниве... Да не мислат дека случајно арапите ќе не засакаат ако ги оставиме на мира? Изветреани се жими се! Ако наеднаш ги снема поволностите на блискиот исток, што ги користат америка и европа, ќе има една ТЕШКА економска и енергетска криза, ќе биде хаос.
Прво ќе има помало производство на ел. енергија. Тоа ќе направи производите нивни да бидат уште поскапи, а да има помало производство.
Само да споменам дека нафтата и производите од нафтата се користат масовно во СИТЕ гранки од стопанството. Значи се ќе поскапи пак.
Цената на транспортот ќе се зголеми. Пак доведува до поскапи производи.
Сите цени ќе рипаат до таа мера што ќе ги изгубат сите свои купувачи од земјите во развој (земји како македонија што вријат од странски производи и што имаат менталитет дека странското е подобро! Ова не е само наш менталитет, ова е директно наметнато на сите земји во развој)
Европјаните немаат многу извори на нафта, освен оние платформи на атлантикот кои не се исплатливи премногу. Арно ама си се преориентираат и тоа доста добро им оди. Сметам дека ако настане таа криза Европа нема да биде многу погодена, како што ќе биде Америка, која е толку сигурна дека ќе го држи блискиот исток и русите ќе ги делат своите резерви со нив уште долго време, што целото стопанство го базира на нафта!
Е сега ипак не сфаќам зошто европјаниве би ги заебале Американците? Нити се силни нити ништо... Знаеме дека цел свет ги мрази европјаните (а имаат и добро зошто), па незнам како Европа ќе се развива кога пола свет ќе и сврти грб и ќе ја уценува.
Значи да резимираме, вртење грб на Израел како единствена не-арапска база за операции - НЕ (се додека не се појават потешки меѓусебни конфликти кај арапите)
Допуштање на некој што не мрази и нејќе да соработува да го контролира дотокот на ресурсот број 1 денеска - НЕЕЕ!!!