Попушти потпорен ѕид на Водно, граѓаните се евакуираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување
Предупредуваа ама урбана мафија, парите им беа само интерес.
абе брат порано водно си беше ок. имаше некој ред. сите куќи беа како што треба ниедна неодскокнуваше со висината и се беше законско... али сега у поново време како партииве си доаѓаат на власт така узурпираат земјиште и градат кај ке им стигне епа нормално е сега да има вакви последици и нека ги има зашто се знае водно е за рекреација не за живејачка :)
 
http://press24.mk/story/makedonija/popushti-potporen-dzid-na-vodno-zhitelite-na-zgradite-evakuirani


skrsenzid.png
 
Па добро бре луѓе кај се градат куќи, море не куќи, туку куќетини од по неколку спрата(како згради) на сама планина ............. не е опасно да се гради на самото подножје, ама да градиш на сама планина е веќе опасност .......... кои ли ’’архитекти‘‘ го проектираат и го дозволуваат тоа ! :facepalm:
1/3 од Водно е веќе узурпирано и изградено со повеќекатни приватни куќи, како и згради ........... уште некоја година и до средно Водно ќе се стигне со градењето и узурпацијата на ова природно и рекреативно подрачје !
 
Епа кога секој е инвеститор и гради без стандарди само за да стави повеќе пари во џеб така е.
 
Каква паника за едно срушено ѕидче.
Очигледно е дека е многу тенок и неподнесува голем притисок.
Тоа е и паниката, тој ѕид ако е потпорен треба да биде огромен, не да биде картонски.
Знаеш, потпорен, да потпира, get the picture?
Градеа како стигнат, каде стигнат, сега ќе се чудат.
 
среќа нема настрадани а за матријалната штета нека му ја мислат тие што дале потпис да се гради така (проектант, надзор и ревизор )
Ние (јас со моето семејство) правевме потпорен ѕид за да задржи земја на ниво помало од 2 метри па како што го гледам беше дупло подебел од овој со дупла арматура и како иде сето тоа. А како што гледам од сликите и снимките од местото на настанот (не сум градежен инженјер но се разбирам колку толку од статика и јакост) ова ѕидче ко што го гледам неможе да стои само од себе а камо ли да држи толкав куп земја...
сепак дур не „летне„ глава (функција, лиценца) на некој вакви работи ќе почнат да ни бидат секојдневие ...:facepalm:
 
Тоа е и паниката, тој ѕид ако е потпорен треба да биде огромен, не да биде картонски.
Знаеш, потпорен, да потпира, get the picture?
Градеа како стигнат, каде стигнат, сега ќе се чудат.

Да тоа и го напишав претходно, тој ѕид може да биде секаков само не потпорен, инаку тоа си е нивен личен проблем....нема што ние да се замараме ако некој изгради непрописно приватна градба и му паднала на глава:cool: нас треба да не замара јавен објект, да не ни паднат бронзени balls на глава дури шетаме низ центар...:D
 
Не можам да сфатам колку лесно луѓево ги фрлаат парите! Не знам дали нешто мислат кога купуваат стан. Па, за бандажите повеќе се интересираат, отколку за квалитететот на станот во кој треба да живеат. Зградите во Скопје се изградија пребрзо и нестручно. Нема никакви проценувања на теренот каде треба да се гради, ниту се почитуваат правилата за градење.

Господ нека им е на помош на станарите во новите згради!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom