Попушти потпорен ѕид на Водно, граѓаните се евакуираат

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Локација
Скопје
http://www.plusinfo.mk/vest/49000/Popushti-potporen-dzid-na-Vodno-gragjanite-se-evakuiraat-

Потпорен ѕид кој се наоѓа на улицата „Салвадоре Аљенде“, во близина на хотел Панорама попладнево попуштил, се скршил и оштетил автомобил, а ги оптоварил другите потпорни ѕидови. Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опасност од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои едната е населена, дел од населените граѓани се евакуираат.
За овој проблем, жителите на Водно долго време апелираа до државните и градски институции да не се дозволи градење згради на Водно, но нивните поплаки и молби никој не сакаше да ги слушне.


Некој од таму со информации?
 
Стварно незнам како е можно да градат онолкави згради на толкаво мало земјиште и плус со толкави потпорни ѕидови (n)

Како што почнаа уште малце ќе отидат до средно водно со куќиве и зградиве :cautious:
 
Така функционираат кај нас работите. Кога ќе се случи нешто тогаш им доаѓа памет, а архитекти пред тоа што предупредувале џабе било.

Да не има повредени или ок е се ?
 
Законите ги изменија во корист на урбаната мафија, додека ИЗИИС ја користеше секоја прилика да укаже дека не го поддржува непланското градење во таа околина. Би било огромна среќа да нема никакви последици ова силување кое му се случува на Водно.

Еве го видеото од Канал5.
 
Моментално на Канал 5 на вестите иде за ова.
 
Има на Сител едно видео , не ми изгледа опасно ... но оваа што се случува со Водно не ми се допаѓа.
 
Па неслучајно е наречено ВОДНО, земијштето е под вода целото и лесно слизливо... а искрено и мило ми е сакам сите да попуштат само нека нема жртви
 
Може ќе речете дека сум будала, ама сите до еден ѕидови да попуштат и на сите богати будали што се фураа т.е. си градеа и сечеа како што нив им одговара да им се потрупа се... Кога предупредуваа за ова дека ќе се појават свлечишта на тој дел од Водно, они и така не се замараа си продолжуваа да градат, не гледам вина во државата или во градот и не би интервенирал јас.


ЕДИТ: Сега со мајка ми зборам имало згради и уште имало полиција, собран народ и исплашини се и нови згради големи над тоа ѕидот се граделе и сега изгледа ќе се стопирале. Мајка ми работи на неколку метри од тоа..
 
Има одрони и по асфалтираната патека одма после средно водно. Телескопот го нема, се скршил ѕид. Наредно што е?
 
Зарем толку нема стручни лица што неможат да го предвидат ова:facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom