Што кога ќе се посомневате во партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
хахахаахха смешкиии па тогаш нека не изневерува..едноставно кажано
 
Кога ќе се посомневам во женската следи онаа народната кога Насрдин Оџа си ги тепал децата пред да ги прати за вода, зашто откако ќе ги искршат стомните касно е веќе...:vozbud:
Шега на страна, кажувам на најдобри другари и другарки да ја гледаат што прави.
Шпионско е малце, али има ефект. Сум фатил 1 како ме вара.
 
Разговарам со неа на таа тема, и си расчистувам секакви сомневања. :smir:
 
Разговарам со неа на таа тема, и си расчистувам секакви сомневања. :smir:
и демек ако разговараш и ако ја прашаш дали те изневерува она ако веќе го направила тоа сигурно дека ќе ти рече "да златен,те изневерувам"
 
Ако се посомневаш ќути си и испитувај си во тајност... :wink: ако признаеш дека се сомневаш колку е можно повеќе ќе гледа да скрие било што...
 
Ако нешто ме мачи во врска со неа, директно кажувам што е и како е. Доколку таа навистина ме сака ќе разговара со мене. Доколку избегнува разговор, тогаш порано или подоцна е крај.
 
Ќе си кажам директно што ме мачи, зошто мазохизам не љубам кога се во прашање моите нервни клетки.
 
Во една врска секогаш ценам искреност. Кога ќе се посомневам дека девојка ми "гледа на друга страна", ја седнувам до мене, отворено и ги кажувам моите сомнежи и ја прашувам зошто е тоа така? Доколку гледам дека ме лаже или не сака повеќе да сме во врска, тогаш следува раскинување. Кратко и едноставно, по брза постапка.
 
Незнам како би постапил во таква ситуација, не сум се нашол во таква психичка фрка.......
 
Темава е создадена исто како за мене.Мене ми е вака.Сакам да ви кажам на сите дека полошо нешто од сомнеж нема.Не знаете колку е болно да си во ваква ситуација.Немаш доказ,а чуствата ти викаат нешто сосема друго,тој исто нешто сосема друго,не можеш да спиеш и се разбудуваш со помислата зошто патиш толку од тој сомнеж што ти ја гризе душата.Верувале или не,мене ми е вака.Ви кажувам од искуство,еве патам веќе неколку месеци но решение нема.Не знам како да одговорам на темава бидејќи мене ми е вака,кога би знаела и овде би напишала.Останува само да чекаш и да видеш ш:toe:то се времето ќе донесе!
 
Ќе си кажам директно што ме мачи, зошто мазохизам не љубам кога се во прашање моите нервни клетки.

Ти му кажуваш што те мачи,а он ти вика дека се е по старо,дека е тоа твој филм.Се будиш утрото повторно со истиот сомнеж,што понатаму?
 
ако претходно ме лажел и сум го дознала,а било ситница, значи дека преминувам на акција...Ќе го ставам на тест...па ако положи , положи ако не,збогум со здравје секој може без секој...А ако не ме лажел и немало претходно причина за сомнеж само со муабет ќе се разрешат сите сомнежи..:toe:
 
Може ли некој пример за тест?Се криеш зад зграда,шеташ со двоглед,се појавуваш како падобранец во кафиќ...што би направила?
 
Ти му кажуваш што те мачи,а он ти вика дека се е по старо,дека е тоа твој филм.Се будиш утрото повторно со истиот сомнеж,што понатаму?

Слушај го инстиктот, тоа е тоа. За месец дена се ќе излезе на видело ретко кој може да крие повеќе од месец дена нешто совршено.

Последниот пат кога јас се посомневав се оладив и после месец раскинавме , самиот си призна.
само во случај ако имате интиуција ако немате е па децо активирај операција тетки стринки следење приватни детективи
 
Ќе го викнеш другарот да праша дали можи за 100 евра, ако речи можи тибам среќата :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom