Кичевскиот специјалист по општа медицина д-р Харис Ибишоски (61) е најмладиот внук на неговата баба, за чиј имот ова семејство се бори преку суд цели 62 години. Се работи за 11 дуќани во центарот на Кичево, кои СРЈугославија им ги одзела на Ибишоски уште во 1946 година, и до денешен ден се уште не им се вратени. Предметот е на одлучување во новоформираниот Управен суд.
"Верувам дека нашиот предмет е апсолутен рекорд, ако се има предвид дека за него се водеше судски спор од 1946 до 2000 година. По 54 години влечкање по судови, во 2000 година поведов спор за враќање на имотот според Законот за денационализација. Бев барање број еден во Кичево. До ден-денешен имотот не ни е вратен, иако имаме решение од првостепената комисија за денационализација, потврдено од второстепената владина Комисија за денационализација. Тоа се 62 години барање правда. Па кое право, која правда владее во Македонија?", прашува кичевскиот лекар.
Ибишоски вели дека по овие две позитивни одлуки, јавниот правобранител поднел жалба, но поради бавното формирање на Управниот суд, конечна пресуда тој се уште не добил. Поради тоа не може да ги истера од неговите дуќани бизнисмените кои се одомаќиниле во нив, а за кои Ибишоски вели дека години наназад добро ги подмачкувале судиите и Правобранителството, за да се тегне враќањето на имотот кај вистинскиот сопственик. Еден од тие што ги работеле дуќаните бил брат на претседателот на Кривичниот совет, кој потоа станал и претседател на Основниот суд во Кичево. Тој жали, како што вели, што во малите градови управуваат семејни кланови кои неосетно се инфилтрираат во власта.
Интересно е што само за докажување дека баба му, а не дедо му, била сопственик на конфискуваниот имот од државата, Ибишоски потрошил 34 години. "Кога тогашниот систем го конфискувал имотот, никаде не се заведувало жена сопственик. Се евидентирале само сопственици мажи. Едвај докажавме дека имотот е на баба ми", вели Ибишоски.
"Кога докажавме, од сите одземени дуќани ни вратија само еден, но потоа пак ни го национализираа. Четири правосилни пресуди ни поништи тогашниот Врховен суд. Отидов дури до кабинетот на тогашниот претседател Јосип Броз Тито", раскажува Ибишоски.
Тој вели дека поранешното судство работело во интерес на државата, а не на граѓаните, но дека од осамостојувањето на Македонија е многу полошо, оти судството работи во интерес на поединци.
"Лани во април му пишав на премиерот Никола Груевски за мојот случај. Добив полуписмен одговор од кабинетот дека Врховниот суд ќе го реши многу брзо спорот, без да знае праќачот дека Управниот, а не Врховниот суд лани од јануари е надлежен за управните спорови. Некои кандидати за пратеници пред изборите дојдоа кај мене со ветување дека мојот случај ќе го постават како пратеничко прашање. Благодарам, не треба. Само Управниот суд нека има храброст и нека ја донесе одлуката што поскоро", порачува Ибишоски.
Вест