Нова индустриска развојна зона во Прилеп

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
овие неколку години се изначитав за вакви проекти,па досега требаше мед и млеко да ни течи

чисто сумњам,има и причина зошто.....
 
Иницијатива за индустриска зона треба градоначалник да даде..види,човеков со мал прст не мрда..како може Карпош да инвестира да работи добро,како може Струмица..и таму се они на власт..најглема општина е Куманово,а ни една фабрика странска нема..барем една да дојдеше,макар и од Уганда..ама ни тоа нема да видиме.

викат - рибата смрди од главата
ама ова ваше кумановско - СОМЧЕ е бре,затоа е и неподвижно
како оние на дното на велешко езеро
а кој ви е крив сега, ви си га раните и чувате.
 
Имав прилика последнава година да се прошетам по скоо сите градови во македонија.
Значи Велес е мн тажен град со тоа стечајците на сред град кај тоа големото дрво. На страна тоа, како градоначалникот на Куманово константно го гласаат коа стварно нема ништо никнато. Градот е ист ко пред 20 години, убаво рече погоре нема врска комуњари, Струмица за Скопје станува метропола со СДСм градоначалник.
А на таа работан сила, јас аматер Куманово има да го направам светски град...
Ај ти си поупатен, што толку го сакаат вашиот градоначалник одсекогаш ме тангирало, значи мене не ми е позната една позначајна работа на овој градоначалник...

Кумановци имаат еден длабок проблем..а тоа е што сеуште се палат на петокрака..ајде ќе кажеш и тоа не е лошо,може бајката убава им е на луѓето,си живееле убаво тоа време..ама таков сеирџиски народ сме,да не кажам тврдоглав..се гледа само партијата,а не кој е човекот..и тука разубедување и докажување нема..свеста за политика е ниска,луѓето се задоволуваат со малку..еве со два проекта направени се лажат 8 години и ако пак се кандидира,сигурен сум дека ќе добие и трет мандат..едино чудо треба да се деси,мада тешко,неверувам во чуда.. значи градот е навикнат да живее во хаос, и сите си легнаа на брашното,не очекуваат многу,а и тоа малку што им се сервира им е некако доволно..жално..пак ќе кажам,свеста е на ниско ниво..дали транзицијата ги затупе луѓето,не ми е јасно..ама за жал,тоа е сликата..
 
се гледа само партијата,а не кој е човекот.

Оф топик: Кој е се кандидатите од ВеМеРо/ЕсДеЕс за Куманово? Ваљда нема истиот да го кандидираат.
 
Хрватска уште пред 10 години имаше 25 зони вкупно (ТИРЗ и Индустриски зони). И не гледам што има лошо и 10 зони да има Македонија ,што очекувате вие некој голем инвеститор место да види индустриска зона со струја вода инфраструктуира и сл да види ливада и да очекува на зборовите на градоначалникот да му верува дека за некоај недела ливадата зона ке стане? Не се работи така треба зоната тип топ да е спремна и да му понудат и дополнителни поволности за да дојде да инвестира. Дрекслмаер зошто го одбра Кавадарци а не Велес еве еден извадок од Весникот капитал
„Кавадарци го победи Велес, бидејќи понудивме подобри услови. Германците целосно ги ослободивме од комунална такса. Од општината добија 4 милиони денари субвенции за изнајмување деловни простории (до декември 2012 година) за сместување на менаџерскиот тим додека се изгради фабриката. Со кавадаречките хотели склучивме договор за нивно ослободување од туристичка такса, а тие се согласија за сместување на 50 лица од компанијата Дрекслмаер и за грижа за нивна исхрана. Германците добиваат и субвенционирана цена за превоз. Кавадарци и урбанистички беше поподготвен од Велес. Веднаш на располагање имаме локација, лоцирана во третата индустриска зона во градот“, објаснува градоначалникот Панов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom